Жителите на Газа упаднаа во магацини со храна, граѓанскиот поредок се распаѓа


Илјадници луѓе во Газа упаднаа во магацини и дистрибутивни центри за помош, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА). Во централниот и јужниот дел на Појасот Газа, тие зеле пченично брашно и други предмети како што се хигиенски производи, соопшти УНРВА. Една од локациите се користи за складирање на […]

Израел нема да дозволи користење на Старлинк во Газа


 Израел соопшти дека ќе ја спречи употребата на сателитскиот комуникациски систем Старлинк во Газа, по понудата на технолошкиот милијардер Илон Маск. Маск вчера рече дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите во Газа прекинати поради израелското бомбардирање. – Хамас ќе го користи за терористички активности. Можеби Маск […]

Италија ги заостри мерките на границата со Словенија: Војници во панцири и со оружје


  Италија ги заостри мерките на границата со Словенија, а причината е зголемениот страв од тероризам. Покрај полицијата испратиле и вооружена војска, а камерите на RTL Danas ги снимиле во близина на границата во градот Муџа како го пренасочуваат сообраќајот. „Возилата кои доаѓаат од Италија се пренасочуваат од автопатот. Има полициско комбе кое е секогаш […]

Министерката за одбрана на Чешка бара нејзината земја да излезе од ОН


Министерката за одбрана Јана Чернохова ги обвини Обединетите нации (ОН) за „поддршка на терористите“ и дека не го почитуваат правото на самоодбрана и побара од Чешката Република, поради резолуцијата за конфликт во Израел, да излезе од светската организација. – Само 14 земји, вклучително и нашата, јасно и разбирливо се изјаснија против невидениот терористички напад на […]

Жолт метео аларм во Белгија во очекување на силен ветер


 На целата територија на Белгија денеска е прогласен жолт метео аларм во очекување на силен ветер кој во некои делови на земјата би можел да достигне и до 80 километри на час, јави дописникот на МИА од Брисел.  Како што соопшти белгискиот Кралски метеоролошки институт (РМИ), зајакнувањето на ветерот почна уште во текот на минатата […]

Израелската армија ја интензивира копнената офанзива во Газа


Израелската армија повторно нападна стотици позиции на Хамас, соопштија денеска ИДФ, додека ги интензивираат своите копнени операции во Газа. Борбени авиони бомбардираа повеќе од 450 цели во текот на изминатиот ден, вклучувајќи командни центри, набљудувачки пунктови и лансирни рампи за противтенковски ракети, соопштија ИДФ утрово. Израелските борбени единици нападнаа терористички ќелии кои се обидоа да […]

Израел „ги премина црвените линии“, вели иранскиот претседател Раиси


 Воените дејствија на Израел во Појасот Газа отидоа предалеку и ќе вовлечат други во конфликтот, предупреди иранскиот претседател Ебрахим Раиси. – Злосторствата на ционистичкиот ентитет, хуманитарни и воени, ги преминаа црвените линии што може да ги принудат сите да дејствуваат, рече Раиси во интервју за телевизијата Ал Џезира. Како што пренесе ДПА, Раиси ги заостри […]

Мајк Пенс се повлече од трката за претседател на САД


 Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс се повлече од претседателските избори во САД во 2024 година. Пенс, кој беше потпретседател за време на Доналд Трамп, за време на Конференцијата на републиканската еврејска коалиција во Лас Вегас, Невада рече дека „му станало јасно оти ова не е негово време“, додавајќи дека одлуката дошла по „многу молитва и […]

Најмалку 39 загинати во ураганот Отис во Мексико


Бројот на загинати во ураганот Отис синоќа се искачи на 39, неколку дена откако го погоди мексиканскиот пацифички брег. – Јавното обвинителство во моментов проценува 39 мртви – 29 мажи и 10 жени, соопшти министерката за безбедност Роза Ичела Родригез во видео порака со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. Се верува дека повеќето од […]

Најважни настани во војната меѓу Израел и Хамас во последните часови


Војната меѓу Израел и Хамас влезе во 24-от ден, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека оваа следна фаза од војната ќе биде „долга и тешка“. – Во Газа е обновена телефонската и интернет конекција. Комуникациските мрежи беа прекинати во петокот навечер, со што енклавата беше речиси целосно отсечена од надворешниот свет во услови на […]

Зад промената на позицијата на Бајден во војната Израел -Хамас стојат смртни случаи во Газа, меѓународен притисок…


  Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот тим значително го променија тонот во изминатите денови кога зборуваа за конфликтот меѓу Израел и Хамас и израелските напади врз Појасот Газа, од безусловна поддршка за Израел до нагласување на потребата да се заштитат животите на палестинските цивили пред очекуваната израелска копнена инвазија.  Бајден не го промени своето […]

Ова ќе биде долга војна: Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за битките во Газа


 Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека нема ниту еден момент да не размислува за заложниците што ги држи Хамас. – Во текот на последниот ден, напреднавме во нова фаза во војната. Силата на огнот ја потресе земјата во Газа и тоа е различно од сè што доживеа Хамас од неговото создавање, рече […]

Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа


Технолошкиот милијардер Илон Маск вели дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите во Газа кои беа прекинати поради израелското бомбардирање. – Старлинк ќе го поддржи поврзувањето со меѓународно признаените хуманитарни организации во Газа, напиша Маск на неговата платформа X. Тој не откри други детали. Маск ова го […]

Хамас ќе ослободи осум заложници на барање на Русија


Хамас соопшти дека осум лица кои ги зеде како заложници во Газа ќе ги ослободи по барање на Русија. Абу Марзук, официјален претставник на Хамас, за руската државна новинска агенција РИА, изјави дека Министерството за надворешни работи предало список со осум имиња, од кои сите имаат двојно државјанство. „Ние сме многу внимателни кон оваа листа […]

Гренланд, за прв пат, утре нема да го менува времето


Гренланд утре за првпат нема да го менува часовникот во зимско сметање на времето, јави ДПА. Владата на Гренланд во ноември 2022 година донесе одлука да го укине летното и зимското сметање на времето на островот. Островот официјално е дел од Данска, но во голема мера е самоуправен. Наместо тоа, Гренланд трајно ќе остане во […]

(Видео) Почна копнената офанзива на Израел – колони тенкови одат кон Газа


Војната на Израел и Хамас продолжува да беснее и влезе во својот 22 ден. Воската на Израел започнува копнена офанзива.Израелските одбранбени сили објавија видео на кое се гледаат долги редици тенкови и други возила во движење, со краток коментар дека покажува активност на копнените сили во Газа. „Влеговме во Газа и ги прошируваме операциите“, изјави […]

Страшно невреме го зафати Киев: Еден човек загина, неколку се повредени (фото/видео)


 Главниот град на Украина Киев го зафати силно невреме, еден човек загина кога ветрот собори дрво, а неколку лица се повредени. Градската управа предупреди дека до крајот на денот ударот на ветерот може да достигне 25-28 метри во секунда, пренесува агенцијата „Униан“. A "storm warning" has been announced in Ukraine Wind gusts 17-22 m/s, in […]

Израелците тврдат дека пресретнале проектил истрелан од Либан


 Израелската војска соопшти дека пресретнала ракета земја-воздух истрелана од Либан кон еден од нејзините беспилотни летала. Војската додаде дека тие одговориле со напад на локацијата на лансирање. Оваа информација доаѓа откако претходно ИДФ објави дека во текот на ноќта ја нападнала инфраструктурата на Хезболах. Хезболах, моќна милитантна група со седиште во Либан, постојано разменува оган […]

Во пожар во рудник во Казахстан загина најмалку 21 лице


Најмалку 21 лице загина во пожар во рудник во Казахстан, соопшти денеска Арцелор Митал Темиртау, локалната единица на луксембуршката челичарница која работи со рудникот. Од 252 лица во рудникот Костенко, 208 се евакуирани, а 18 побарале лекарска помош, се наведува во соопштението на компанијата. Дваесет и три лица не беа лоцирани до полноќ по локално […]

Тројца тинејџери убиле бездомник во Германија, еден од нив снимал сè


Тројца тинејџери се уапсени како осомничени за убиство на бездомник во Германија, кое можеби еден од нив го снимил, соопштија вчера германските власти, пренесува Асошиетед прес. Изгледа случајно се сретнале  Случаен минувач го пронашол телото на бездомникот во четвртокот на ливада во Хорн-Бад Мајнберг, град во рурална област во западна Германија. Полицијата и обвинителството вчера преку […]