Еден човек загина во земјотресот во Јапонија, тлото постојано се тресе


Откако утрово се случи силен земјотрес од 7,6 степени во Јапонија, избувна голем пожар, цунами бранови до 2 метра стигнаа до брегот, а еден човек загина. Според светските агенции најмалку 30 згради и куќи се урнати, а под нив има заробено луѓе. Властите повикаа на евакуација, затоа што предвидувањата се дека во следните два до […]

За Путин Украина не е непријател, но ги убива Украинците


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека непријателот на Русија не е Украина, туку „западните елити“ кои ја поддржуваат. Според него, Украина е „само алатка во рацете на колективниот Запад што ја користи за да се бори против Русија“, пренесува РТ. На прашањето за поддршката на Западот за Украина, рускиот претседател рече дека елитите на […]

Медицинска сестра во САД на пациентите им инјектирала обична вода починале 10 луѓе


„Американ ен-би-си 5 њус“ јави дека  неколку пациенти во локалната болница во Медфорд, Орегон починале под чудни околности и дека е во тек полициска истрага. Според нивните извори, 9 или 10 пациенти починале како последица на инфекција предизвикана од грешка на медицинската сестра, која наместо лек им инјектирала обична вода од чешма. Сите ја добиле […]

Кој е принцот Фредерик, идниот крал на Данска


  Кралицата на Данска објави дека ќе абдицира по 52 години на тронот. Објавувајќи ја изненадувачката вест за нацијата во нејзиниот новогодишен говор, кралицата Маргрета Втора рече дека ќе се повлече на 14 јануари, на 52-годишнината од нејзиното доаѓање, оставајќи го тронот на нејзиниот син, престолонаследникот Фредерик. Кралицата Маргрета, која ќе продолжи да ја носи […]

Повеќе од 32.500 домови без струја по силниот земјотрес во Јапонија, опасност од цунами и во Русија


 Повеќе од 32.500 домови во јапонската префектура Ишикава се без струја откако областа денеска беше погодена од силен земјотрес и последователни потреси, соопшти јапонската електродистрибуција. Издадени се предупредувања за цунами долж крајбрежните региони во западна Јапонија, а луѓето се повикани да се евакуираат по земјотресот со јачина од 7,5 степени. BREAKING: Japan Meteorological Agency says […]

Русија ја нападна Украина и на новогодишната ноќ, Зеленски порача дека ќе опстојат


Едно лице загина, а осум се повредени на новогодишната ноќ во Одеса во напад на руски дрон, јави во понеделникот БТА. Нападот, кој дојде од морето, предизвика пожари во два повеќекатни станбени блока во 1 часот по полноќ. Украинската војска, цитирана од Ројтерс, соопшти дека цел на нападот била пристанишната инфраструктура и дека избувнал пожар во […]

Како светот ја дочека Новата година?


Дојде 2024 година. Огномети го осветлуваа ноќното небо ширум светот додека веселбите одекнуваа во новата година. Потребни  беа 26 часа за да се означи новата година во 39 различни временски зони. Еве како изгледаше годинашната новогодишна еуфорија низ фитографиите што ги објави CNN: Копакабана, Рио де Женеиро Минхен, германија Лондон   Есторил, Португалија Париз Истанбул […]

Малта го презема едногодишното претседавање со ОБСЕ


Малта денеска од Република Северна Македонија го презема едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а претседавањето ќе го врши шефот на дипломатијата Јан Борг. Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи на 1 декември, на крајот од 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, изјави дека одлуката за […]

(Видео) Големи нереди во Германија, опожарен пензионерски дом, уапсени над 300 лица, повредени полицајци


Во Берлин на новогодишната ноќ избувнаа нереди во кои демонстрантите користеа петарди и ракети за огномет. Уапсени се повеќе од 300 луѓе, јавија агенциите. Најмалку 15 полицајци се повредени, а повеќе од 300 лица се уапсени во немирите во Берлин на новогодишната ноќ. Демонстрантите, главно млади, меѓусебно се нападнале со петарди и ракети, пренесува Билд. […]

Што не очекува во 2024: Четири милијарди луѓе ќе излезат на гласање во 40 земји, пет избори ќе го одредат патот по кој ќе оди светот


Во 2024 година ќе се одржат избори во околу 40 земји во кои живее повеќе од половина од светското население. Повеќе од четири милијарди луѓе ќе излезат на гласање и ќе го одредат патот по кој ќе оди светот во иднина. Изборите што ќе се одржат во 2024 година ќе ја разнишаат глобалната стабилност, смета […]

(Видео) Јапонија ја погоди земјотрес од 7,1 степени, издадено предупредување за цунами


Во период од 15 минути Јапонија ја потресоа три силни земјотреси во првиот ден од новата година. #Earthquake (#地震) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M7.1 || 67 km NE of #Nanao (#Japan) || 9 min ago (local time 16:10:12). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/BmYUkRYtkn — EMSC (@LastQuake) January 1, 2024 По силниот земјотрес […]

Уште еднаш одложен стартот на ЕТИАС системот со кој треба да се поднесе барање за влез во Шенген зоната


Правилата за влез во земјите од Шенген зоната утврдени со Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ЕТИАС), што требаше да стапат во сила на почетокот на 2024 година, според најновите најави од ЕУ ќе почнат да се променуваат кон средината на 2025 година, најверојатно од мај.   Како што јави дописникот на МИА […]

Кралицата на Данска најави абдикација во живо на ТВ


Данската кралица Маргрет Втора ќе абдицира на 14 јануари следната година по 52 години на тронот и ќе ја наследи нејзиниот најстар син, престолонаследникот Фредерик, рече таа во својот годишен новогодишен говор во неделата. 83-годишната кралица, која го презеде тронот во 1972 година, е монарх со најдолг стаж во Европа по смртта на британската кралица […]

Далај Лама: Сочувството и внатрешниот мир можат да му помогнат на светот да заздрави во 2024 година


Њу Делхи – Духовниот водач на тибетските будисти Далај Лама апелираше на сочувството и внатрешен мир на луѓето како предуслов за подобар свет на почетокот на годината. – И покрај многуте предизвици со кои се соочуваме денес, се чувствувам оптимист дека со растечкото ценење за тоа колку сите сме меѓусебно поврзани во единството на човештвото, […]

Новогодишно обраќање на Шолц: Можеме да се справиме


Берлин – Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е оптимист оти Германија може да се движи низ морето на геополитички и економски предизвици со кои ќе се соочи во 2024 година, и ја повика земјата да ги прифати промените. – Можеме да се справиме со ветровите, вели социјалдемократот во својот годишен новогодишен говор до нацијата, […]

Сиднеј, Канбера и Мелбурн ја дочекаа Новата 2024 година


Сиднеј – Новата 2024 година пристигна во источните делови на Австралија, вклучувајќи ги и нејзините најголеми градови Сиднеј, Канбера и Мелбурн. Долгоочекуваниот спектакуларен огномет на сиднејскиот Харбор Бриџ (Пристаништен мост) и операта го осветли небото на градот, со овации од голем број луѓе кои беа присутни на прославата. Граѓаните во Сиднеј почнаа да се собираат […]

Харков е нападнат во знак на одмазда за украинскиот напад на Белгород


Москва- Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Русија во текот на ноќта нападнала „центри за донесување одлуки“ и воени објекти во украинскиот град Харков, на североистокот на земјата, во знак на одмазда за вчерашното украинското бомбардирање на рускиот град Белгород. Украинските власти соопштија дека Русија го нападнала Харков со проектили и беспилотни летала, при што […]

Сеедно ни е кој ќе биде новиот претседател на САД, вели Лавров


Москва – Владејачката елита на САД мисли во рамките на својата супериорност и посебност, ја гледа Русија како свој непријател и егзистенцијална закана, поради што на Москва и е сеедно кој ќе победи на следните претседателски избори во таа земја, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Имајќи го предвид постоечкиот меѓупартиски консензус за […]

Интерпол: Се соочуваме со епидемија на прекуграничен организиран криминал


Париз – Меѓународната полициска организација Интерпол соопшти дека е регистрирано нагло зголемување на организираниот криминал од прекуграничните мрежи и предупреди дека овие банди само ќе станат помоќни. Ова го пренесе ДПА, повикувајќи се на изјава на Јирген Сток, генерален секретар на организацијата со седиште во Лион. – Се соочуваме со невидена епидемија на прекуграничен организиран […]

Во Сеул паднале 12,2 сантиметри снег, што е најмногу во еден ден во последните 40 години


Сеул – Државната метеоролошка агенција на Јужна Кореја денеска соопшти дека претходниот ден во Сеул паднале 12,2 сантиметри снег, што е најмногу снег во еден ден од 1981 година. Корејската метеоролошка управа објави дека во саботата и во другите делови на Јужна Кореја паднал снег или врнело дожд, пренесува Блумберг. Според јужнокорејската Агенција за национална […]