Украина погоди тренинг центар на руската армија во Донбас. Има повеќе од 20 мртви


 

Како резултат на ударот на територијата на воената единица бр. 78528, лоцирана во близина на Иловајск во Донбас, загинаа 24 руски војници, а уште четворица беа повредени. Информациите за гранатирањето на полигонот попладнето на 24 јануари почнаа да пристигнуваат од локалните заедници и жителите, јавуваат телеграмските канали и провоените руски блогери.

Според „Астра“, се претпоставува дека ударот бил предизвикан од системот ХИМАРС, но точниот број на загинати и повредени сѐ уште не е прецизиран. Телеграмскиот канал ВЧК-ОГПУ известува за смртта на 24 руски војници и ранети уште четворица. Оваа информација се уште не доби официјална потврда ниту од руската, ниту од украинската страна.

Прорускиот воен блогер Владимир Романов сугерираше дека ударот паднал на група оператори со беспилотни летала од проектот „Клетници“.

Во ноември 2023 година, руското Министерство за одбрана најави создавање на училиште за обука на оператори со беспилотни летала.