Хезболах му се закани на Израел: Убиството на функционери на Хамас во Бејрут нема да помине неказнето


Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека убиството на високи функционери на Хамас во Бејрут претставува „сериозен напад врз Либан“ и „опасен развој“ во војната со Израел. – Ова злосторство нема да остане неодговорено и казнето. Верни сме на нашите принципи и обврски кои самите си ги дадовме. Ова е ден што ќе го паметиме, објави […]

Експлозии во Белгород, руската противвоздушна одбрана соборила 12 проектили


Украинските војници утринава двапати го гранатираа Белгород, објави гувернерот на таа руска област, Вјачеслав Гладков, додека руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 12 проектили. -Ситуацијата во Белгород се уште е напната. Од утрово има две гранатирања. Работеше противвоздушната одбрана, напиша Гладков на својот канал на Телеграм, пренесуваат руските медиуми. Претходно Гладков изјави […]

Вооружени напаѓачи киднапираа автобус со 31 мигрант во северно Мексико


Мексиканските безбедносни служби трагаат по 31 мигрант кои во саботата биле киднапирани од вооружени лица додека патувале со автобус до американската граница преку северната држава Тамаулипас, соопштија вчера властите. Од канцеларијата за државна безбедност изјавија дека автобусот тргнал од индустрискиот град Монтереј, а неговата дестинација бил градот Матаморос, спроти Браунсвил, Тексас. Меѓутоа, на автопатот во […]

Американските разузнавачки служби уверени дека Хамас ја користел болницата Ал-Шифа како команден центар


Американските разузнавачки служби се убедени дека палестинските милитантни групи ја користеле најголемата болница во Газа, Ал-Шифа, за сместување на командната инфраструктура и држење на неколку заложници заробени за време на нападот од 7 октомври, изјави денеска неименуван американски претставник.  Американските медиуми пренесуваат дека ваквата американска безбедносна проценка дава дополнителна поддршка на израелските тврдења за болничкиот […]

Најмалку 64 лица загинаа во разурнувачкиот земјотрес во Јапонија


Најмалку 64 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија на 1 јануари, а урнатините и оштетените патишта се уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните, јавуваат јапонските медиуми. Поминаа два дена откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала предизвика голема штета на инфраструктурата […]

САД отфрлија можност за иселување на Палестинците од Газа


 САД соопштија дека ги „отфрлаат“ коментарите на израелските министри кои се залагаат за враќање на еврејските доселеници во Газа, по актуелната војна, како и за „охрабрување“ на палестинското население да емигрира. – САД ги отфрлаат неодамнешните изјави на израелските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир кои се залагаат за преселување на Палестинците надвор од […]

Хутите истрелаа два проектила врз трговски бродови во Црвеното Море


 Јеменските Хути, поддржани од Иран, истрелаа две ракети доцна синоќа кон трговски бродови кои патуваа во Црвеното Море во близина на стратешкиот теснец Баб ел-Мандеб, соопшти американската војска по извештајот на британската агенција за поморска безбедност УКМТО. УКМТО првично извести за експлозии во близина на товарен брод што пловел меѓу бреговите на Еритреја и Јемен. […]

Францускиот амбасадор во СБ на ОН: Ситуацијата во Украина се влошува


Францускиот амбасадор во Советот за безбедност на ОН, кој претседава во јануари, вели дека е песимист за борбите во Украина во 2024 година. -Мислам дека (ситуацијата) не се подобрува, туку дека се влошува, изјави во вторникот во Њујорк францускиот амбасадор во ОН, Николас де Ривиер. Бројот на руски напади со беспилотни летала и ракетни напади […]

Трамп ја обжали одлуката да биде исклучен од прелиминарните избори во Мејн


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обжали одлуката во американската сојузна држава Мејн да се исклучи од локалните прелиминарни избори за републиканската претседателска кандидатура, јави ДПА. Адвокатите на Трамп вчера поднесоа формален приговор до судот во Мејн против одлуката на главниот изборен надзорник на државата. Североисточната држава соопшти дека Трамп се дисквалификувал за претседателската функција […]

Претседателката на Харвард поднесе оставка по обвинувањата за плагијаризам


  Претседателката на Универзитетот Харвард, Клодин Геј, во вторникот поднесе оставка поради обвинувањата за плагијат и критиките за сведочењето на конгресното сослушување каде што не можеше недвосмислено да каже дека повиците во кампусот за геноцид врз Евреите ќе ја нарушат политиката на однесување на училиштето. Геј е вториот претседател на Ајви Лигата кој поднесе оставка […]

Вториот човек на Хамас убиен во израелски напад со дрон во Бејрут


  Заменик-лидерот на Хамас во странство, Салех ал-Арури, кого Израел го бараше со години и се сметаше за главен оркестратор на групата за нападите на Западниот Брег, беше убиен во вторникот вечерта во израелски напад во предградието Дахие во Бејрут, соопштија претставници на Хамас и либанската група Хезболах. Либанската државна новинска агенција соопшти дека експлозијата […]

Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море


 Данската бродска компанија „Маерск“ денеска објави дека го суспендира минувањето на своите бродови низ стратешки важниот теснец во Црвеното Море, по напад на хутите врз еден од нивните бродови. „Одлучивме да ги запреме сите транзити низ Црвеното Море и Аденскиот Залив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на превозникот, додавајќи дека истрагата е во […]

Страшна експлозија во Бејрут: Загина висок член на Хамас (видео)


Во израелскиот напад на предградијата на Бејрут беа погодени просториите на Хамас, како резултат на што е убиен високиот функционер на Хамас Салех ал Арури, јавуваат либанските медиуми. Според Ројтерс, во нападот загинале четири лица, меѓу кои и Ел Аури. BREAKING: SECOND POSSIBLE SENIOR HAMAS MEMBER LEADER KILLED IN BEIRUT ATTACK pic.twitter.com/VkVD9Hsuqc — News (@Arham_ba) […]

Во Финска и Шведска екстремно студено, рекордно најниски температури од минус 40 степени


Во Финска и Шведска денеска се забележани најниски температури во текот на оваа зима околу минус 40 Целзиусови степени. Во селото Никалуокти, населено со Лапонци, во северна Шведска, температурата утрово се спушти на минус 41,6 степени, јави шведската јавна телевизија СВТ. „Тоа е најниската температура забележана досега оваа зима, а на север и понатаму ќе […]

Русија случајно бомбардираше сопствено село во близина на Украина


  Русија соопшти дека во вторникот случајно бомбардирала село во нејзиниот јужен регион Воронеж во близина на Украина, пренесе агенцијата Франс прес. Несреќата се случи истиот ден кога Русија ја погоди Украина со ракетен напад од големи размери. Во соопштението цитирано од руските новински агенции, руската армија вели: „На 2 јануари 2024 година, околу 9 […]

(Видео) Во сударот на два авиона во Токио загинаа пет лица


  Пет лица во авион на крајбрежната стража на аеродромот „Ханеда“ во Токио загинаа како последица на судир со патнички авион, потврди полицијата, јавува телевизијата NHK. Во авионот Bombardier Dash-8 на крајбрежната стража, кој требало да донесе помош за жртвите од земјотресот, имало шест лица. Авион на Japan Airlines се судри со авионот на крајбрежната […]

Околу 1.200 луѓе евакуирани во источна Индонезија по ерупција на вулкан


Властите на островот Флорес во Индонезија евакуираа речиси 1.2000 луѓе од селата во близина на вулканот Левотоби, откако исфрли пепел и чад до висина од 1.500 метри во воздухот, изјави денеска официјален претставник. Вулканот, кој се наоѓа во областа Источен Флорес во источната провинција Источна Нуса Тенгара, еруптираше вчера, што ги натера властите да го […]

Венеција ја ограничува посетата на туристички групи на 25 за да го заштити градот


Венеција денеска најави нови ограничувања на големината на туристичките групи за да се намали притисокот на масовниот туризам врз италијанскиот град. Почнувајќи од јуни, групите ќе бидат ограничени на 25 лица, што е приближно половина од капацитетот на туристичкиот автобус, се вели во соопштението за печатот од градските власти во Венеција, пренесе Гласот на Америка. […]

(Видео) Гори авион во Токио, се запали при слетување. Евакуирани се 367 патници


При слетување на аеродром во Јапонија се запалил авион, јавуваат светските агенции. Станува збор за авион на Japan Airlines, а несреќата се случила на аеродромот „Ханеда“ во Токио. Во авионот имало околу 400 луѓе, според информациите кои светските медиуми ги пренесоа од јапонската телевизија, сите се евакуирани. Пожарот настанал по судир со авион на крајбрежната […]

Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја прободен со нож во вратот


  Лидерот на јужнокорејската либерална опозиција, Ли Џае-мјунг, беше избоден со нож во вратот од неидентификуван маж кој се обидел да го убие за време на неговата посета на југоисточниот град Бусан, соопшти полицијата. Ли (59), шеф на главната опозициска Демократска партија, беше пренесен со хеликоптер во болница во Сеул на операција откако доби итна […]