Евтаназиран поранешен премиер на Холандија и неговата сопруга


Дрис ван Агт, демохристијанскиот премиер на Холандија од 1977 до 1982 година, почина со помош на евтаназија, објави организацијата за човекови права што тој ја основа. Истата процедура била направена и на неговата сопруга. И двајцата имаа 93 години, пишува Асошиетед прес. Форумот за права објави дека парот починал во понеделникот и ќе биде погребан […]

Вулканската ерупција на Исланд стивнува, но научниците предупредуваат


 Вулканската ерупција во југозападниот дел на Исланд најверојатно стивнува, но научниците предупредуваат на можни последователни ерупции во областа во наредните месеци. Исландската метеоролошка служба соопшти дека ерупцијата, која започна вчера североисточно од планината Силинкарфел, значително се смирува. Активирањето на вулканот доведе до евакуација на луѓето од популарната туристичка област Сината лагуна и прекин на снабдувањето […]

Почина Роберт Бадентер, човекот кој се залагаше Македонија да биде меѓународно призната


  На 95-годишна возраст денеска почина францускиот адвокат и политичар Роберт Бадентер, поранешен министер за правда, кој беше претседател на арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, јавија француските медиуми. Бадентер – правник, професор по право на Сорбона и претседател на францускиот Уставен совет – во времето на распадот на Југославија беше […]

„Моето помнење е добро“: Бајден остро му возврати на специјалниот советник


  Џо Бајден одржа краток говор во последен момент во четвртокот, откако извештајот од Министерството за правда ја доведе во прашање неговата способност да запомни клучни настани и факти, а исто така го ослободи од кривичните обвиненија за неговото ракување со високо доверливи материјали. Во своите жестоки забелешки, тој се обиде да нагласи дека учествувал […]

Путин ја повика Америка да ја решат судбината на Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин го искористи интервјуто со поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон, за да го повика Вашингтон да ги признае интересите на Москва и да ја убеди Украина да седне на разговори. Путин, исто така, рече дека Русија е подготвена да преговара за потенцијална размена на затвореници што ќе го ослободи […]

„Украдено детство“: Во Газа 500.000 деца не одат на училиште


Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци Филип Лазарини соопшти дека војната во Газа предизвикала повеќе од половина милион момчиња и девојчиња да не одат на училиште. „Секој ден на војна ги продлабочува лузните, создавајќи изгубена генерација ранлива на експлоатација“, порача Лазарини во објавата на социјалните мрежи. „На децата им се краде детството. Високиот […]

Иранец со секира и нож држел 15 лица како заложници во воз во Швајцарија. Убиен е!


Швајцарската полиција соопшти дека 32-годишен ирански барател на азил вооружен со секира и нож држел 15 лица како заложници во воз меѓу Баулмес и Ивердон-ле-Бен речиси четири часа додека полицијата упаднала во возот во четвртокот вечерта и го убила. „Сите заложници се ослободени неповредени. Во интервенцијата напаѓачот е смртно ранет“, соопшти полицијата во кантонот Во. […]

Бајден: Израел претера со одговорот во Појасот Газа


Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека бил претеран воениот одговор на Израел во Појасот Газа. – Јас навистина се залагам хуманитарната помош да стигне во Газа. Јас сум и за прекин на огнот, за да се овозможи ослободување на заложниците. Сето ова мора да престане што поскоро, има многу невини луѓе, многу оние […]

Василиј Анисимов, милијардер со хрватски пасош, се откажа од руското државјанство


Рускиот бизнисмен Василиј Анисимов (72), сопственик на хрватски пасош, стана седмиот милијардер кој се откажалод руското државјанство по инвазијата на Украина, јави списанието „Форбс Русија“. Анисимов, чиј имот се проценува на 1,6 милијарди долари, се откажа од руското државјанство во септември 2022 година. Тој е и државјанин на Хрватска и Доминика. Бизнисменот роден во Казахстан […]

Кралицата Камила за болеста на Чарлс Трети: Кралот се чувствува „исклучително добро“


Кралицата Камила вечерва и се обрати на публиката на музичката вечер во катедралата во Солсбери, велејќи дека кралот Чарлс се чувствува „исклучително добро“ и оти продолжува со лекувањето. – Тој многу добро се снаоѓа во овие околности. Тој е многу трогнат од сите писма и пораки испратени од јавноста од целиот свет, рече кралицата. Лекувањето […]

Киев веќе годинава ќе добие Ф-16 од Холандија


Холандија веќе оваа година ќе и обезбеди на Украина борбени авиони Ф-16, изјави Олександар Карасевич, амбасадор на Украина во Холандија. – Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен неодамна соопшти дека Украина годинава ќе добие борбени авиони Ф-16 од Холандија. Знаеме точно кога холандските борбени авиони ќе бидат подготвени да преминат во Украина, но тоа секако […]

Зеленски во важен момент го разреши командантот на армијата. Објавено кој ќе го замени


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Валериј Залужни, врховен командант на украинската армија. Зеленски на социјалните мрежи објави заедничка фотографија на која се ракува со генералот Валериј Залужни. Ова е најзначајната промена во украинското воено раководство од рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година. Оваа промена во военото раководство доаѓа во тешко време […]

УНИЦЕФ ја повика Русија да го запре присилното префрлање деца од Украина


Комитетот на Обединетите нации за правата на детето (УНИЦЕФ) денеска ја повика Русија да го запре насилното пренесување деца од окупираните територии на Украина, бидејќи, како што наведува, тоа е кршење на меѓународното право, и затоа бара да ги врати на нивните семејства. УНИЦЕФ, во својот извештај за Русија, нагласува дека Москва треба да обезбеди […]

„Хаарец“: Нетанјаху се замислува дека е Черчил


  Пишувајќи за либералниот израелски весник „Хаарец“ во денешната анализа  Аншел Фафер за вчерашната прес-конференција на Бенјамин Нетанјаху вели дека довербата на израелската јавност во премиерот е „фундаментално нарушена“. Фафер пишува: „Нетанјаху немаше потреба да одржи прес-конференција. Лаконската изјава со која се отфрлаат максималистичките барања на Хамас би била доволна. Сепак, прес-конференцијата не беше за […]

Земјоделците во Шпанија и денеска со трактори го блокираа сообраќајот во градовите


Земјоделците во Шпанија и денеска со трактори го блокираа сообраќајот во градовите низ државата, интензивирајќи ги протестите и барајќи намалување на даноците и укинување на правилата на ЕУ, бидејќи, како што тврдат, тие се помалку конкурентни од земјоделците надвор од Унијата. Протестите започнаа спонтано во вторникот и се поддржани од трите главни шпански здруженија на […]

Белгиски европратеник иницира „укинување“ на Европскиот зелен договор


Европратеникот Том Вандендрисхе од редовите на белгиската екстремно десничарска партија Фламански интерес (ВБ) поднесе иницијатива до Европскиот парламент за усвојување на резолуција со која би се „укинал“ Европскиот зелен договор.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во иницијативата упатена по електронска пошта до сите европратеници, се посочува дека Европскиот зелен договор и стратегиите […]

Болна жена во Еквадор побарала легализација на евтаназијата. Уставен суд: Во право е


Еквадор денеска ја декриминализираше евтаназијата, со што стана втората латиноамериканска земја што ја дозволи процедурата, како одговор на тужбата поднесена од смртно болна пациентка. Уставниот суд со седум гласа „за“ и два „против“ им ја отвори вратата на лекарите да им помогнат на неизлечивите пациенти да умрат и да не бидат казнети со затвор. Казната […]

Нова вулканска ерупција на Исланд


Новата вулканска ерупција, која започна утринава на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, е трета во регионот од 18 декември. Телевизиските снимки покажуваат како жешка лава еруптира со обрачи чад што се издигнуваат од пукнатината. 🚨❗️❗️ A new eruption has started in #Iceland…. It started northeast of Sýlingarfell on the Reykjanes Peninsula just after 6 am, […]

Избори во Азербејџан: Илхам Алиев доби 92 отсто од гласовите


  Илхам Алиев, сегашниот шеф на државата, доби 92 отсто на од гласовите на претседателските избори во Азербејџан. Најблискиот ривал доби нешто повеќе од 2 проценти. За Алиев, кој ја наследи власта од неговиот татко Гајдар Алиев во 2003 година, овие избори беа петти. Опозицијата одби да учествува во гласањето, нарекувајќи го фарса, на набљудувачите […]

Борис Надеждин не доби дозвола од изборната комисија да биде ривал на Путин


  Без дозвола не можеш на излезеш на избори против Путин. Централната изборна комисија поништи 9.147 потписи за поддршка на рускиот претседателски кандидат од Граѓанската иницијатива Борис Надеждин, пренесува РИА Новости. Вкупно се проверени 60 илјади потписи. Така, ако се земе предвид нивниот вкупен број – 104.734 – „дефектите“ изнесуваат повеќе од 8,7%, а прифатливи […]