Украина соопшти дека уништила 14 од вкупно 17 дронови лансирани од Русија
Украина уништи 14 од 17 дронови лансирани од Русија, соопштија украинските воздухопловни сили. Уништена е и една крстосувачка ракета Х-59. Русија врз Украина исто така истрелала проектили земја-воздух со долг дострел од системите С-300. Украинските сили досега не информираа колку такви проектили биле истрелани или дали погодиле некоја цел на украинска територија.