Почина момче (11) во Англија по вирален предизвик – хроминг


Семејството на 11-годишно момче од Англија тврди дека тоа починало откако учествувало во опасниот предизвик на социјалните мрежи за вдишување отровни гасови. Томи-Ли Грејси Билингтон почина во саботата, на 2 март, додека си играше со пријателите во Гринсет Клоус, Ланкастер.

Брзата помош нешто по 12 часот пристигнала на местото на настанот. Момчето било пренесено во болница, но подоцна била констатирана смрт. Бабата на Томи-Ли, Тина Барнс, денеска проговори за трагичниот настан и рече дека тој починал кога тој и неговите пријатели учествувале во предизвикот за „хромирање“ на TikTok, пишува Дејли Мејл.

Вдишување на отровни испарувања
Семејството ги предупреди другите родители за опасностите од ваквите предизвици и побара на децата под 16 години да им се забрани користење на социјалните мрежи. Дури и пред појавата на TikTok, „Chroming“ се опишуваше како вдишување токсични испарувања (од спрејови за дезодоранси, лименки со боја итн.) заради интоксикација, при што социјалната мрежа блокирала какви било видеа или пребарувања користејќи го овој термин.

Вдишувањето токсични испарувања влијае на централниот нервен систем и ја забавува активноста на мозокот. Предизвикува зголемен притисок, вртоглавица, халуцинации и повраќање. Тоа може да резултира со срцев удар и трајно оштетување на мозокот, бубрезите и црниот дроб, како и смрт.

„Во саботата, на 2 март, добивме повик од службите за итна помош. Болничарите пронајдоа 11-годишно момче на адресата кое не реагираше на стимули. За жал, подоцна беше прогласено за мртва”, изјави портпаролот на полициската станица во Ланкашир.