Синдикатите на земјоделците во Франција се закануваат со нови протести


Синдикатите на земјоделците во Франција соопштија дека не се задоволни од писмото на премиерот Себастијан Лекорни, во кое тој го објаснува државниот план за решавање на здравствените проблеми кај говедата на фармите, и најавија дека ќе продолжат со протестите. Во писмото од речиси пет страници, Лекорни ја објаснува здравствената стратегија за борба против нодуларен дерматитис, …

Синдикатите на земјоделците во Франција се закануваат со нови протести Read More »

Воена интервенција во Венецуела би била хуманитарна катастрофа, вели бразилскиот претседател


Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва предупреди против американска воена интервенција во Венецуела. – Воена интервенција во Венецуела би била хуманитарна катастрофа за хемисферата и опасен преседан за светот, изјави Лула денеска на самитот на јужноамериканската конфедерација Меркосур во бразилскиот град Фоз до Игуачу. Американската војска собра сили од воени бродови, борбени авиони и …

Воена интервенција во Венецуела би била хуманитарна катастрофа, вели бразилскиот претседател Read More »

„Баба Јага“, летечка вештерка, станува ноќен кошмар за Русите


На почетокот на руската инвазија, турскиот дрон Бајрактар ​​ТБ-2 беше симбол на украинскиот отпор, но таа улога подоцна ја презедоа агилни помали дронови кои им нанесоа големи загуби на руските сили. Сепак, во последните месеци, нова закана за руските сили доминираше на бојното поле – тешки бомбардерски дронови, со прекар „Баба Јага“, кои го менуваа …

„Баба Јага“, летечка вештерка, станува ноќен кошмар за Русите Read More »

Разговорите за Украина преминуваат во следната фаза во Мајами


Преговорите за мирно решение на војната на Русија против Украина, по скоро четири години од инвазијата на Москва, денеска влегуваат во следната фаза. По разговорите меѓу водечките европски земји, САД и Украина во Берлин минатата недела и понеделник, американските преговарачи сега сакаат да разговараат за резултатите со руски претставници во Мајами, Флорида. Висок американски функционер …

Разговорите за Украина преминуваат во следната фаза во Мајами Read More »

Украина тврди дека уништила два руски авиона Су-27 на Крим


Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека со дронови со долг дострел денеска бил нападнат рускиот воен аеродром Белбек на Крим, при што се погодени два авиона Су-27. – Еден од авионите полн со муниција беше на пистата подготвен за борбен лет. Уништен е. Проценетата вредност на двата авиона е околу 70 милиони американски …

Украина тврди дека уништила два руски авиона Су-27 на Крим Read More »

Во Иран уште една егзекуција на обвинет за шпионажа во корист на Израел


Во Иран е егзекутиран осуден маж за шпионажа во корист на Израел и поврзаност со иранските опозициски групи. Според организацијата Ирански човекови права со седиште во Осло, егзекутираниот маж е 27-годишен студент по архитектура Агил Кешевар. Тој бил осуден на смрт поради шпионажа во корист на Израел „врз основа на признание добиено со мачење“. Во …

Во Иран уште една егзекуција на обвинет за шпионажа во корист на Израел Read More »

Поранешниот премиер на Пакистан, Кан и неговата сопруга осудени на 17 години затвор


Пакистанскиот суд го осуди поранешниот премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушру Биби на 17 години затвор поради корупција во случајот познат како „Тошахан 2“. Кан и Биби се осудени на 10 години затвор поради кривичното дело злоупотреба на довербата, како и на дополнителни седум години затвор според неколку одредби од Законот за спречување на …

Поранешниот премиер на Пакистан, Кан и неговата сопруга осудени на 17 години затвор Read More »

Седуммина загинати при руски напад врз Одеса


Најмалку седум луѓе загинаа, а 15 се повредени во синоќешниот руски ракетен напад врз пристанишната инфраструктура во регионот Одеса, објави на Телеграм претседателот на воената администрација на Одеса, Олег Кипер. Нападот бил извршен врз Пивдена, едно од трите пристаништа во областа Одеса. Одеса е честа цел на руски напади откако Москва ја нападна Украина во …

Седуммина загинати при руски напад врз Одеса Read More »

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци


Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица. Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани. Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти …

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци Read More »

Рубио: Односите помеѓу САД и Европа се во опасност ако се изгубат заедничките вредности


Американскиот државен секретар Марко Рубио, одговарајќи на прашање за новата стратегија за национална безбедност на САД, предупреди дека Европа би можела да ги изгуби вредностите што ги дели со Вашингтон. Тој наведе дека американската администрација жали за наводната загуба на демократијата и слободата на говорот во Европа. – Односот со Европа се темели на фактот …

Рубио: Односите помеѓу САД и Европа се во опасност ако се изгубат заедничките вредности Read More »

Украинците за прв пат нападнаа руски танкер од „флотата во сенка“ во Средоземното Море


Украина потврди дека нападнала руски танкер од „флотата во сенка“ со беспилотни летала дури 2.000 километри од нејзините граници, што претставува прв таков напад во Средоземното Море од почетокот на руската инвазија пред речиси четири години. Нападот што се случи вчера покрај брегот на Либија наводно предизвикал критична штета на бродот, пишува Гардијан. Овој напад …

Украинците за прв пат нападнаа руски танкер од „флотата во сенка“ во Средоземното Море Read More »

НАСА ја изгуби врската со вселенското летало МАВЕН на Марс


Американската вселенска агенција НАСА веќе две недели не добива податоци од вселенското летало МАВЕН на Марс. – Во тек се напори за повторно воспоставување контакт, изјави портпаролката на НАСА за Германската новинска агенција (ДПА). НАСА на 15 декември соопшти дека „краток фрагмент од податоци за следење“ од почетокот на месецот сугерира дека сондата можеби „ротира …

НАСА ја изгуби врската со вселенското летало МАВЕН на Марс Read More »

Министерството за правда на САД ги објави документи од истражните досиеја на Епштајн


 Американското Министерство за правда синоќа објави илјадници документи од истражните досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Објавени се повеќе од 3.000 фотографии на кои се Мајкл Џексон, Ричард Бренсон, Бил Клинтон, Дијана Рос, Крис Такер и многу други. На објавените фотографии не постои сугестија за незаконско постапување со злосторствата на Епштајн. Заменик-главниот обвинител Тод …

Министерството за правда на САД ги објави документи од истражните досиеја на Епштајн Read More »

Американската армија изврши масовен напад врз ИД во Сирија


 Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со Исламска држава во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување …

Американската армија изврши масовен напад врз ИД во Сирија Read More »

Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН


 Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска го осуди притворањето на 10 претставници на ОН од страна на јеменските бунтовници. Хутите вчера приведоа 10 службеници на ОН, со што вкупниот број на приведени се искачи на 69. Гутереш повика на итно ослободување на сите заробеници, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик. Овие притворања го прават …

Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН Read More »

Америка згрозена, Трамп си го додаде името на Кенеди центарот


Центарот „Кенеди“ веќе почна да го става името на Доналд Трамп на зградата, иако се уште нема одобрение од Конгресот. Ова уследи откако  Белата куќа објави дека одборот на Центарот „Џон Ф. Кенеди“ едногласно го одобрил преименувањето во Центар Трамп-Кенеди. Одлуката му оддава почит на Трамп во обезбедувањето финансирање од над 250 милиони долари и …

Америка згрозена, Трамп си го додаде името на Кенеди центарот Read More »

Украинците ја изведоа светски познатата божиќна песна во бомбардирана електрана


Украинците ја изведоа светски познатата божиќна песна меѓу бетон, метал и уништена опрема. Длабоко трогателно. Украинскиот хор, по повод Божиќ, ја испеа „Шчедрик“ во машинската сала на електраната ДТЕК, уништена од руските напади. Откако почна војната на Русија против Украина, Киев донесе одлука Украина да го слави овој празник според западниот календар, т.е. заедно со …

Украинците ја изведоа светски познатата божиќна песна во бомбардирана електрана Read More »

Русија ја блокираше страницата на независниот медиум „Москва тајмс“


  Рускиот државен регулаторен орган за комуникации почнал да ги запленува домените на веб-страниците .ru без да чека парламентарно одобрување на предложениот закон, дознава „Москва тајмс“. Рускиот регистратор на домени Reg.ru го известил рускиот сервис на „Москва тајмс“ во средата дека престанал да го делегира доменот moscowtimes.ru по жалба од Роскомнадзор, регулаторот. „Делегирањето на доменот …

Русија ја блокираше страницата на независниот медиум „Москва тајмс“ Read More »

(Видео) Украинците првпат погодија руски танкер во Средоземното Море


  Украина првпат погоди руски танкер во Средоземното Море, изјави извор од украинската разузнавачка служба за новинската агенција Ројтерс. Танкерот „Кендил“ е дел од руската „флота во сенка“, група застарени танкери кои ѝ овозможуваат на Москва да го одржува извозот на сурова нафта и покрај западните санкции, пишува „Телеграф“. Украински функционер тврди дека украинските дронови …

(Видео) Украинците првпат погодија руски танкер во Средоземното Море Read More »

Потресна исповед: „Јас сум жената од концертот на ‘Колдплеј’. Мојот живот е растурен“


  Кристин Кабот, поранешната шефица за човечки ресурси во технолошката компанија „Астрономер“, за прв пат јавно зборува за „Тајмс“ за снимката од концертот на „Колдплеј“ што стана вирална. На неа се гледа како таа го прегрнува Енди Бајрон, нејзиниот тогашен оженет менаџер, на камера поставена да ја снима публиката на концерт во Бостон. „Или имаат …

Потресна исповед: „Јас сум жената од концертот на ‘Колдплеј’. Мојот живот е растурен“ Read More »