Њујорк: Уапсено едно лице со бензин и запалка во катедрала на Менхетн


САД– Њујоршката полиција уапси 37-годишен маж кој синоќа влегол во католичката црква Свети Патрик во Њујорк со канистри со бензин, течен гас и запалка. Бидејќи осомничениот влегол во катедралата во центарот на Менхетн малку пред осум часот вечерта, му пришол припадник на обезбедувањето, соопшти њујоршката полиција. Кога тргнал да си замине, бензинот се истурил по […]

Се огласија ѕвоната на катедралите ширум Франција


Франција – Ѕвоната од катедралите ширум Франција се огласија синоќа во чест на изгорената црква Нотр Дам во Париз. Тие се слушале од базиликата Сакр Кер во Париз па се до Стразбур на исток и Руена на запад. Првата дама на Франција, Брижит Макрон се појави на свечената служба во втората најголема катедрала во Париз, Сен […]

Москва: Мотор на авион „Боинг 737“ се запали на писта непосредно пред полетување


Русија – Се запали мотор на „Боинг 737“ на писта само неколку моменти пред полетувањето. Избегната е трагедија, бидејќи патниците брзо го забележале пожарот на моторот. Инцидентот се случил на авион на Утер, кој требал да лета од Москва до Махачкала. Патниците снимале како пламенот го зафатил десниот мотор, додека го снимале самото полетување. Тие […]

(ФОТО) Нови фотографии од Нотр Дам направени од воздух, отворен конкурс за архитекти


Два дена по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, француските власти планираат меѓународен конкурс за архитекти кои ќе работат на реконструкција на зданието. Во меѓувреме се објавени нови фотографии од Нотр Дам од воздух, кои ја прикажуваат штетата која е нанесена врз славната катедрала. За градежните стручњаци тоа ќе биде голем предизвик бидејќи претседателот […]

Почина поранешниот претседател на Перу кој се застрела при обидот за апсење


Поранешниот претседател на Перу Алан Гарсија почина откако си пукаше во главата кога полицијата дојде да го уапси во неговиот дом. Поранешниот лидер беше итно пренесен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат, јавуваат локалните медиуми. Тој е обвинет дека примал мито од бразилската компанија „Одебрехт“. Адвокатот на Гарсија Ерасмо Рејна ја потврди […]

Шокантна судиска одлука: Американска компанија мора да плати дури 14 милијарди фунти!


„Мастеркард“ се соочува со една од најголемите тужби во својата историја, а ако го загуби спорот, би можел да должи на секое лице во Британија по 300 фунти. Шокантната судска одлука против американската компанија за финансиски услуги „Мастеркард“ отвора можност да бидат обештетени околу 4,6 милиони Британци, кои поскапо плаќале провизија. „Многу сум задоволен со […]

Рохани побара од САД да ги суспендираат санкциите кон Иран поради големите поплави


Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД треба да ги суспендира санкциите против Иран поради неодамнешните поплави што ја погодија земјата, при што загинаа десетици лица. – Американските претставници кога би имале мудрост би објавиле дека ги суспендираат санкциите на една година поради поплавите во Иран, посочи Рохани. Тој додаде дека Бела куќа […]

Силна олуја во Атина: Гром удри во Акропол, четворица завршија во болница


Од удар на гром во Акрополот во текот на денешната олуја во Атина повредени се четири лица, пренесуваат грчките медиуми. Во ударот од гром скршен е прозорецот од чуварската куќичка, па две жени и двајца чувари кои биле во куќичката поради полесни посекотини се пренесени во болница. Жените по прегледот се пуштени, а чуварите се […]

О’Конел: Оној кој вели дека немало воени злосторства во Косово лаже


Амбасадорот на Обединетото Кралство во Косово Руаири О’Конел порача дека „не смее да се негира минатото“ и „не смеат да се заборават убиените цивили, Албанци и Срби, жртвите на масакрите кои се случија во војната пред 20 години“, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи се во Призрен на започнувањето на проект за ревитализација на […]

Сега е и официјално: Партијата на Ердоган поразена, Истанбул има нов градоначалник


Турската Изборна комисија го прогласи опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу за градоначалник на Истанбул, без оглед на жалбата која вчера ја поднесе партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган „Правда и развој“ за поништување на изборите. Откако го доби мандатот од Изборната комисија, Имамоглу отиде во Градскиот совет на Истанбул, каде контролата веќе 25 години ја имаат […]

ЕК покрена судска постапка против Словенија во судот на ЕУ во Луксембург


Европската комисија ја пријави Словенија пред судот на Европската унија во Луксембург поради спорот во однос на криминалистичката истрага во словенечката Централна банка од 2016 година, кога беше запленет дел од документацијата на Европската централна банка (ЕЦБ), кој не беше дел од истрагата. – Поднесена е пријава до судот на ЕУ и сега е во […]

Маж се залепи за воз во знак на протест


Во Лондон продолжуваат протестите поради односот на власта кон климатските промени, поради што денеска беа блокирани неколку главни крстосници во престолнината на Велика Британија. Тројца демонстранти се уапсени поради блокада на сообраќајот на метро-станицата Кенери Ворф, јави Би-Би-Си. Од понеделникот, полицијата уапси повеќе од 300 луѓе на протестите организирани од групата „Икстинкшен рибелион“ (Extinction rebellion). […]

Сталин се попопуларен во Русија


Над половина од испитаници ширум Русија изјавија дека позитивно гледаат на поранешниот советски лидер Јосиф Висарионович Сталин, соопшти руската агенција за истражување на јавното мислење Левада центар. Според резултатите од анкетата, 51 отсто од испитаниците со почитување, обожување или симпатија гледаат на Сталин. Што е најголем процент од 2001 година од кога се анализира популарноста […]

(ВИДЕО) За обновувањето на Нотр Дам може да помогне видео игра


Невообичаено, но за обновувањето на париската катедрала Нотр Дам може да помогне познатата видео игра „Assasin’s Creed“, пишува Бизнис инсајдер. Имено, артистката Каролин Миусе, која ја подготвувала играта чие дејствие се случува во Париз, потрошила две години креирајќи ја катедралата Нотр Дам. Додека работела на тоа, Каролин се фокусира и на најситните детали од катедралата, […]

Гром на Акропол повреди четири лица


Од удар на гром, веројатно во близина на билетарницата на влезот на Акропол во Атина, полесно се повредени четири лица и пренесени во болница, објавија грчките медиуми. Како што јави дописничката на МИА од Атина, двајца од повредените се вработени, најверојатно чувари на археолошкиот локалитет, додека пак другите две лица најверојатно се туристи.

Индија: Во бура загинаа 47 луѓе


Најмалку 47 луѓе загинаа денеска во силна бура, проследена со песок, грмотевици и дожд, во централна и западна Индија. Во бурата која се случи вон сезона налетитие на ветрот достигнувале до брзина од 50 км/ч. Оштетени се куќи, откорнати се дрвја и скинати се кабли од далекуводи во државите Мадија Прадеш, Гуџарат, Махараштра и Раџастан. […]

(Видео) Шест лица загинаа при пад на авион врз куќа во Чиле


Најмалку шест лица загинаа во јужниот дел на Чиле откако мал авион се урна во населба во градот Пуерто Монт. По инцидентот, локалните жители повикаа на затворање на аеродромот „Ла Палома“. Авионот „исландер БН-2Б-27“, кој се леташе кон Чаитен се урна во куќа во Пуерто Монт, кратко време по полетувањето во 10:50 по локално време, […]

Пожарот во Нотр Дам ја зголеми продажбата на романот на Виктор Иго


Франција- Најголемата светска интернет продавница Амазон соопшти дека се зголемила продажбата на романот „Богородичната црква во Париз“ на францускиот писател Виктор Иго во оригинална верзија на француски јазик, по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз. Амазон додаде дека е зголемена продажбата и на англиската верзија на романот од 1831 година. Приказната за физички деформираниот […]

Проширувањето кон Западен Балкан да остане приоритет на следната ЕК


Следниот состав на Европската комисија би требало политиката на проширување кон Западен Балкан да ја задржи како еден од своите приоритети, е главната порака од Форумот на цивилно општество на Западен Балкан одржан во Тирана. Во завршната декларација од дводневниот Форум се повикува и на понатамошна економска интеграција на регионот со укинување на сите неправедни […]

ФБИ трага по девојка „опседната со масакр во училиште“, затворени 20 училишта


Најмалку 20 училишта се затворени на подрачјето на Денвер, САД и откажана е наставата затоа што полицијата трага по жена која, како што наведуваат е опседната со масакрот во средното училиште Колумбин. Девојката е вооружена. Полицијата наведува дека се трага по Сол Паис (18), за која на Фејсбук објавија дела е вооружена и многу опасна, […]