Франција ги почна подготовките за обновата на славната катедрала: Нотр Дам еден месец по пожарот


Франција- Помина речиси еден месец откако огнот ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз, а светот го запре својот здив. Причините за пожарот сè уште се истражуваат, иако парискиот обвинител Реми Хајц за новинарите изјави дека до него дошло најверојатно случајно.

Како што милиони плачеа и се прашуваа што може да се спаси од катедралата, водителот на „Вести од светот вечерва“, Дејвид Муир, беше првиот телевизиски новинар кому му беше дозволено да влезе внатре во катедралата по катастрофалниот оган. Тој влезе во црквата со пензионираниот француски генерал Жан-Луј Гергелин, кој беше избран од францускиот претседател Емануел Макрон за да ја води реставрацијата на црквата.

Гергелин е задолжен за тоа што некои би рекле е невозможно – да го донесе повторно во живот Нотр Дам во услови на расправа како да се обнови историската катедрала за вековите што доаѓаат.

„Ништо не е невозможно за еден француски генерал“, му изјави Гергелин на Муир велејќи дека се согласува со Макрон дека Нотр Дам може повторно да се отвори во рок од пет години.

„Кога има волја, има начин“, рече тој.

Во внатрешноста, изгорените остатоци од урнатиот покрив сè уште го пробиваат наосот на катедралата – две гигантски дупки во таванот, кои пропуштаат дожд, покрај заштитната мрежа која е пречка остатоци да не паднат долу.

Камењата што паднаа од покривот лежат нумерирани на подот. Тие нема да се искористат за изградба на нов покрив, но бројките значат од каде паднал секој камен.

Пожарот, кој сè уште е под истрага, зафати речиси две третини од покривот и околу 400 тони олово дизајнирано да ги задржи ѕидовите од паѓање во средновековната катедрала. Денес работниците во црквата носат заштитни костими и маски и стојат настрана од оловото и мора да прават тестови на крвта за да се осигураат дека нивните нивоа на олово во крвта сè уште се нормални, вели Гергелин.

Вечерта кога се случи пожарот спасувачите имаа намера да ги спасат драгоценостите во внатрешноста, кои го вклучуваат она што католиците веруваат дека е круната што ја носел Исус за време на литургијата, како и големите оргули на Нотр Дам од 8.000 цевки, заедно со самата зграда.

„Тоа беше трка со времето бидејќи во текот на ноќта во одредено време мислевме дека целата зграда би можела да се распадне, особено кога пожарот ја зафати северната кула“, рече Гергелин.

Прочуените витражи на катедралата – 13 метри во дијаметар – преживеаја недопрени. Оргулите исто така, иако останува да се види како пепелта, водата, саѓите и оловото можеле да ги оштетат цевките.

„Оргулите не се допрени од пламенот, но има вода, има олово“, изјави Гергелин. „Веројатно ќе треба да ги отстраниме за да ги поправиме… Повторно ќе се слушнат оргулите на Нотр Дам од Париз“.

Исто така, спасена е статуа на Богородица од 14 век, која останала недопрена од огнот. „Тоа е привилегија“, рече Гергелин.

Неколку чекори подалеку, генералот го однел Муир и екипата на Еј-би-си на предната страна на катедралата, каде што познатиот златен крст сè уште стои зад историскиот олтар и хор на Нотр Дам – раниот знак на надеж еден ден откако огнот ужасна милиони луѓе.

„Целиот свет го виде крстот на огнот како сјае и покрај огнот“, изјави Гергелин. (Еј-би-си)