Шефот на ЦИА: Украина може да ја загуби војната до крајот на 2024


  Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во четвртокот испрати остро предупредување до пратениците на Капитол Хил: Ако сега не одобрите помош за Украина, Киев може да ја изгуби војната до крајот на годината. Говорејќи на настан во Претседателскиот центар „Џорџ В. Буш“, Барнс ги повика пратениците да го усвојат додатокот со кој ќе се посветат […]

Финска бара помош: Да се спречи Русија да користи илегални мигранти


Финскиот премиер Петери Орпо побара помош од ЕУ за решавање на проблемот со приливот на мигранти преку Русија и економските последици од затворањето на границите на истокот на земјата. „Мораме да најдеме заеднички решенија за да ја спречиме Русија да користи илегални имигранти против нас. Го подготвуваме нашето законодавство, но ни требаат и мерки на […]

ЕУ првпат воведе санкции за израелските доселеници на Западниот Брег


Европската унија првпат воведе санкции за радикалните израелски доселеници на Западниот Брег поради акти на насилство врз Палестинците, изјави дипломатски извор за ДПА. Договорот беше финализиран денеска преку писмена процедура што им овозможува на земјите-членки да носат одлуки за итни прашања без да испраќаат министри во Брисел. Санкциите беа наметнати на поединци и организации одговорни […]

Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев


Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да побара дополнителна воена поддршка за одбрана од Русија на денешниот вонреден состанок со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, јави ДПА. На состанокот на Советот НАТО-Украина, организиран како видео-конференција, се очекува да стане збор за прашања во врска со тоа дали сојузниците наскоро ќе можат да и […]

Фон дер Лајен ги повика Иран и Израел да се воздржат од напади


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од натамошни дејствија на Блискиот Исток. „Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни дејствија“, рече Фон дер Лaјен за време на посетата на Лапенранта со финскиот премиер Петер Орпо, […]

Украина собори руски стратешки бомбардер „Ту-22“ (Видео)


  Рускиот суперсоничен бомбардер со долг дострел „Ту-22М3“ е уништен како резултат на заедничка операција на Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана и воздухопловните сили на Украина, соопшти Киев. Според одделот, ноќта на 19 април, овој авион лансирал проектили врз градови низ земјата. „Успеавме да собориме ‘Ту-22МЗ’ на оддалеченост од околу 300 километри […]

Во Бразил донела мртов маж во банка за да земе кредит


Бразилската полиција уапси жена која е осомничена дека донела мртов маж во банка, за кој рекла дека е нејзиниот вујко, за да добие заем. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката Itau во Рио де Жанеиро ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и […]

Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите


Полскиот државјанин Павел К. е уапсен под сомнение дека учествувал во подготовката на атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој е лишен од слобода во Полска по обвинението дека бил подготвен да му помогне на руското воено разузнавање во заговорот за убиство на Зеленски, објави полското обвинителство. Павел К., наводно, побарал контакт со Русите вклучени […]

Избрани 12 поротници за судењето против Трамп


 Судот во Њујорк назначи 12 поротници кои ќе ја донесат конечната пресуда во врска со обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводно фалсификување деловни документи во случајот со тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, пред судот во Менхетен. Меѓу 12-те поротници има седум мажи и пет жени, според „Си-би-ес њуз“. Изборот на […]

Студентите на Универзитетот во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени


Повеќе од 100 пропалестински демонстранти беа уапсени вчера во кампусот на Универзитетот Колумбија, откако неговиот лидер ѝ дозволи на полицијата во Њујорк да ги отстрани шаторите што ги подигнаа студентите кои протестираа против акциите на Израел во Појасот Газа. Претседателката на Универзитетот Немат Минуш Шафик, која беше критикувана од републиканците еден ден претходно на сослушувањето […]

Директорот на ФБИ тврди дека кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД


Вашингтон – Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“. Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични сектори, при што […]

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата


Ерусалим – Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран. „По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од […]

Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади


Техеран – Иранските државни медиуми утрово објавија за експлозии во центарот на Исфахан  додека американските медиуми цитираа официјални лица кои тврдат дека Израел извршил одмазднички напади врз својот главен ривал. Системите за ПВО над неколку ирански градови беа активирани, објавија државните медиуми, откако државната телевизија соопшти дека експлозии се слушнале во близина на централниот град […]

САД ќе стават вето за прием на Палестина во ОН


Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател потврди дека Вашингтон ќе стави вето на вечерашното гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации за барањето на Палестина за полноправно членство во Светската организација. За време на брифингот со новинарите, Пател рече дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги […]

Невообичаена исповед на Бајден: Мртвиот вујко никогаш не бил пронајден поради канибалите


Американскиот претседател Џо Бајден зборуваше за тоа како Соединетите Држави не можат да ги вратат посмртните останки на неговиот вујко Амброуз Финеган по падот на авионот на Финеган во близина на Нова Гвинеја за време на Втората светска војна, „бидејќи порано имало многу канибали во регионот“. Извештајот на Бајден за смртта на неговиот вујко и […]

Во Кенија се урна хеликоптер со шефот на вооружените сили на земјата и неколку високи воени лица


Хеликоптер со неколку воени функционери, меѓу кои и шефот на воените сили, генерал Френсис Омонди Огола, се урна денеска на запад од земјата, изјави полициски извор. „Хеликоптерот се запали по падот, а во него имаше повеќе од десет високи команданти, меѓу кои и генералот Огола“, изјави висок офицер на националната полиција. Засега не се знае […]

Се урна изгорената главна фасада на старата зграда на Берзата во Копенхаген


Главната фасада на старата зграда на Берзата во Копенхаген, која беше тешко оштетена од пожар, попладнево се урна, соопшти данската спасувачка служба. „За жал, фасадата долж каналот Федерикхолмс се урна“, објави службата на мрежата Х, наведувајќи дека нема повредени и дека населбата е евакуирана. Од засега непознати причини пожарот избувнал во вторникот под покривот на […]

Младите Европејци сѐ подолго остануваат да живеат со своите родители


Младите луѓе во Европа се соочуваат со предизвикот да најдат сопствен дом и да станат финансиски независни, што доведе до тоа некои од нив да останат во заедница со своите родители подолго отколку што беше случај претходно. Овој феномен, познат на Запад како „продолжен престој со родители“, станува сѐ почест во многу европски земји. Една […]

Путин ќе продолжи да маршира низ Eвропа, следен би можел да биде Балканот


Вашингтон – Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајк Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе продолжи да маршира низ Европа“ доколку тоа му биде дозволено и додаде дека следна цел може да биде Балканот. „Мислам дека Владимир Путин ќе продолжи да маршира низ Европа ако му се дозволи тоа. Мислам дека Балканот би […]

„Уметноста на моќта“ – Ненси Пелоси напиша мемоари за најтешките моменти во нејзината кариера


Њујорк – Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ги заврши своите мемоари за годините во јавниот живот, насловени „Уметноста на моќта“, а книгата ќе биде објавена на 6 август, соопшти денеска издавачката куќа „Сајмон и Шустер“. Се наведува дека во мемоарите Пелоси се осврнува и на 6 јануари 2021 година, кога поддржувачите […]