Зеленски: Путин нема да стави крај на војната


Киев утре ќе одржи мировни преговори со Русија ако Москва се повлече од целата украинска територија, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски по завршувањето на дводневната мировна конференција во Швајцарија. – Но, Владимир Путин нема да стави крај на војната. Затоа, мораме да го спречиме со какви било средства, било воени или дипломатски. Западната помош […]

Поддршка за територијалниот интегритет на Украина, некои земји не ја потпишаа декларацијата


 Претставници на 80 земји и на пет организации кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната. Во заедничката изјава се потенцира дека мирот може да биде постигнат само со учество […]

Инцидентот во Хамбург не е поврзан со ЕВРО2024, тврди полицијата


Полицијата во Хамбург застрела попладнево маж вооружен со секира и молотов коктел во близина на фан зоната во Сент Паули, но овој инцидент не е поврзан со Европското фудбалско првенство во Германија. Полицијата го застрелала мажот во ногата, по што тој бил онеспособен и пренесен во болница. Германските медиуми објавија дека мажот излегол од кафеана, […]

Холивудските ѕвезди собраа 28 милиони долари за кампањата на Бајден


Голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои и Џорџ Клуни и Џулија Робертс на синоќешната донаторска вечера за кампањата на претседателот Џо Бајден собраа 28 милиони долари. Тоа е најголема сума во историјата собрана за некој демократски кандидат. Донаторската вечера се одржа во театарот Пикок во Лос Анџелес, а водителот на емисијата „Лејт најт“ (Late night), […]

Декларација: Територијалниот интегритет на Украина мора да биде основа на мирот


Претставници на повеќе од 80 земји кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната. Со заедничката декларација заврши дводневната конференција на која не присуствуваше претставник на Русија. Според аналитичарите дводневната […]

Руските трупи ја презедоа контролата врз селото Загорноје во областа Запорожје


Руските војници ја презедоа контролата врз селото Загорноје во областа Запорожје, соопшти прес-службата на руското Министерство за одбрана. -Единиците на оперативната група „Исток“ го ослободија селото Загорноје во регионот Запорожје и зазедоа поповолни борбени позиции, се наведува во извештајот, додавајќи дека воената формација го уништила персоналот и опремата на 58-та моторизирана пешадиска бригада на вооружените […]

Декларацијата на самитот за Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници


Не се очекува сите учесници на мировниот самит за Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација, иако повеќе поради формулацијата отколку поради реалниот недостаток на поддршка, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер на маргините на самитот за Украина во Швајцарија, јави ДПА. Сепак, како што рече, основниот заеднички став нема да биде засегнат. -Затоа не […]

Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина, имајќи предвид дека во Украина постојат легитимни органи на власт. -Путин не отфрла ништо. Тој не ја отфрла можноста за преговори. Тој вели дека таму има легитимни тела, во согласност со Уставот на земјата, рече […]

Руските безбедносни сили ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници


Руските безбедносни сили упаднаа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски чувари како заложници, објавија руските медиуми, пренесе Бета. Шест затвореници кои земаа двајца чувари како заложници во притворниот центар во градот Ростов на Дон се „ликвидирани“, објавија руските медиуми.  -Заложниците во притворот во Ростов на […]

Втор ден од мировниот самит за Украина во Швајцарија


Во швајцарскиот град Бургеншток продолжува мировниот самит за Украина, кој почна вчера. Во нацрт-комуникето од мировната конференција, како што објави Ројтерс, а пренесе БТА, се повикува на почитување на територијалниот интегритет на Украина. За конечната верзија на текстот ќе се разговара денеска. Швајцарската претседателка Виола Амхерд изјави дека од самитот ги очекува првите конкретни чекори […]

Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација


Шумски пожар беснее северно од Лос Анџелес, а властите издадоа наредба за евакуација на луѓето во областа, објавија американските медиуми.  Невремето зафати 14,5 квадратни километри во близина на Меѓудржавен 5 во Горман, околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес. Наредбата за евакуација е издадена во округот Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија поради ширење […]

Правила за дебатата Бајден-Трамп на Си-Ен-Ен: Две паузи за реклами, фрлање паричка, без публика…


Првата американска претседателска дебата меѓу актуелниот Џо Бајден и републиканскиот противкандидат Доналд Трамп на 27 јуни ќе опфати две паузи за реклами, без реквизити и микрофони освен кога ќе зборува противникот, објави Си-Ен-Ен. Во мај, кандидатите се согласија да се соочат во две дебати, вклучително и едната овој месец, водена од водичите на Си-Ен-Ен, Џејк […]

Европскиот парламент остана без пратеници Роми


Со приближно 10 до 12 милиони жители во Европа, од кои околу шест милиони живеат во ЕУ, Ромите се едно од најбројните европски етнички малцинства. Сепак, во новиот состав на Европскиот парламент, избран минатата недела, првпат по 2004 година нема ниту еден европратеник припадник на ромската заедница.    Еден од најгласните застапници за правата на […]

Нацрт-комуникето од конференцијата во Швајцарија повикува на почитување на територијалниот интегритет на Украина


Во нацрт-комуникето од мировната конференција во Украина викендов во Швајцарија се повикува на почитување на територијалниот интегритет на Украина и се споменува војната на Русија против Киев, објави Ројтерс, кој го виде нацртот на документот, пренесе БТА. За конечната верзија на текстот ќе се разговара денеска. Нацртот што го виде Ројтерс е датиран на 13 […]

Зеленски: Украина ќе и претстави конкретни мерки на Русија на вториот мировен самит


 Украина на вториот мировен самит ќе и претстави на Русија конкретни мерки за постигнување мирно решавање на конфликтот во Украина, изјави синоќа во Швајцарија претседателот на Украина Володимир Зеленски на глобалната мировна конференција за Украина. Зборувајќи на пленарниот состанок на самитот, Зеленски им рече на присутните дека Русија не е заинтересирана за мир и дека […]

Пукање во САД: Девет ранети, дете (8) и мајка во кома. Напаѓачот пронајден мртов


Осомничениот за пукање во воден парк во близина на Детроит е пронајден мртов во блискиот дом, потврди на прес-конференција шерифот на округот Оукланд, Мајкл Бушар. Во престрелката мажот ранил девет лица, меѓу кои и осумгодишно момче кое било застрелано во главата и се бори за живот. Сè започна кога маж вчера околу 17 часот по […]

Шведска и Иран разменија затвореници. Ослободен маж осуден за масовни егзекуции


Шведска и Иран раземниле затвореници, потврдија официјални лица, при што Шведска ослободила поранешен ирански функционер осуден за неговата улога во масовна егзекуција во 1980-тите, додека Иран ослободи двајца Швеѓани кои биле држени таму. Размената на заробениците била посредувана од Оман, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на таа земја. „Напорите на Оман […]

„Њујорк тајмс“ го објави наводниот нацрт-мировен договор меѓу Украина и Русија од 2022 година


Во нацрт-мировниот договор од 2022 година, кој никогаш не беше потпишан, Украина и Русија се согласија да го исклучат Крим од договорот, оставајќи го под руска јурисдикција, како и Украина да не го признае рускиот суверенитет над полуостровот, пишува денеска „Њујорк тајмс“.  Русија и Украина одржаа неуспешни мировни преговори во Белорусија и Турција во првите […]

Харис обвини дека Русија сака Украина да се предаде


Американската потпретседателка Камала Харис ги отфрли условите на рускиот претседател Владимир Путин за мировни преговори со Украина како „апсурдни“, јави ДПА. -Мораме да ја зборуваме вистината. Тој не повикува на преговори, тој повикува на предавање, изјави денеска Харис на мировната конференција за Украина во Швајцарија. САД, како што нагласи, „стои со Украина не од милосрдие, […]

Италија не брза да ја поддржи Урсула фон дер Лајен за втор мандат


Италија ќе одлучи за поддршката за вториот мандат на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кога ќе ја процени распределбата на другите врвни лидерски позиции во ЕУ, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони. Мелони, чија поддршка може да се покаже одлучувачка за Фон дер Лајен, рече дека улогата на Италија и пораката испратена од […]