Во Белгија трошат по речиси 9.000 евра за обебзедување на руските дипломатски претставништва


Брисел –  Белгиската федерална полиција деноноќно ги чува руските дипломатски претставништва во Брисел откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, а дневните трошоци за таа намена се речиси 9.000 евра. Ова го објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци презентирани од министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден како одговор на пратеничко прашање, пренесе БТА. […]

Вработени во Музеите на Ватикан почнуваат работен спор без преседан за работните услови


Рим– Четириесет и девет вработени во Музеите на Ватикан започнаа работен спор без преседан поради, како што велат, неправедните и лошите услови за работа, што може да доведе до непријатна тужба против администрацијата на папата Франциск. -Вработените испратија петиција до градската управа на Ватикан во која се жалат на правилата што предизвикуваат „работни услови што […]

Голема смена во Москва: Путин го разреши министерот за одбрана Сергеј Шојгу


  Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Андреј Белоусов за министер за одбрана, на местото на досегашниот министер Сергеј Шојгу, соопшти во неделата вечерта Кремљ. „Сергеј Шојгу беше разрешен од функцијата министер за одбрана на Руската Федерација со претседателски декрет, а исто така беше назначен со указ на претседателот на Руската Федерација за секретар на […]

Египет ќе ја поддржи тужбата за геноцид против Израел пред Меѓународниот суд на правдата


Египет соопшти дека ќе ја поддржи тужбата за геноцид поднесена од Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, како знак на незадоволството на Каиро поради израелската воена операција во јужниот град Рафа во Газа, кој граничи со Египет, пренесува ДПА. Египетското Министерство за надворешни работи во соопштението наведува дека овој чекор се презема […]

Египет врачи протестна нота поради операцијата на Израел во Рафа


Египет врачи протестна нота до Израел, САД и европските влади, тврдејќи дека операцијата на Израел во Рафа го загрозува нивниот мировен договор, изјави за АП висок египетски функционер кој сакаше да остане анонимен. Израелската армија (ИДФ) вчера ги повика палестинските цивили да евакуираат неколку населби од Рафа, поради операцијата насочена кон милитантната група Хамас, пишува […]

Агенцијата на ОН за помош на Палестинците го означи раселувањето на жителите на Рафа како нехумано


Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денеска го означи присилното раселување на стотици илјади Палестинци од градот Рафа на југот на Појасот Газа како нехумано. Агенцијата оцени дека веќе никаде не е безбедно за цивилите кои бараат засолниште од конфликтот меѓу исламистичкиот Хамас и израелската армија во таа мала енклава. УНРВА на социјалната […]

Ердоган: И Хитлер би позавидел на геноцидните методи на Нетанјаху


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека „геноцидните методи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху применети во Газа достигнале ниво на кое би позавидел дури и Адолф Хитлер“. Во изјава за грчкиот весник „Катимерини“, која ја пренесоа турските медиуми, Ердоган тврди дека Појасот Газа не бил затвор на отворено непосредно пред 7 октомври, кога […]

Камерон: Ова е исклучително опасен момент за Украина


Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон утрово одговарајќи на новинарско прашање во интервју дадено за Скај Њуз за ненадејната руска офанзива во регионот Харков, истакна дека „ова е исклучително опасен момент за Украина“. -Ова само нагласува дека ова е неоправдана, илегална инвазија на Путин на независна, суверена земја, рече Камерон. Тој нагласи дека „мораме […]

Масовен предизборен митинг на Трамп во Њу Џерси, тешки зборови за Бајден


Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп синоќа одржа митинг во одморалиштето Вајлдвуд на брегот на Њу Џерси, каде го обвини претседателот Џозеф Бајден за кривичните обвиненија со кои се соочува пред претседателските избори во ноември, велејќи дека постапката што се води во Њујорк против него е „Бајденов судски процес“. На митинг пред неколку десетици илјади луѓе, […]

Изгоре трговски центар во Варшава со 1.400 продавници (ВИДЕО)


Пожар избувна утрово во голем трговски центар со 1.400 продавници во Варшава. Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 80 отсто од зградата е зафатена во пламен. Црн чад може да се види во околината на снимката што ја емитува приватната телевизија Те Фау Ен 24. Властите испратија СМС пораки за да ги предупредат жителите на […]

Захарова за Евровизија: „Надминати се секоја оргија и вештерство, ова е погреб на Западна Европа“


Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, остро ги осуди настапите на некои учесници на годинешната Евровизија. Захарова музичкиот натпревар одржан во шведскиот град Малме го нарече „погреб“ на Западна Европа. „Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, односно вештерство и ритуално светољубие во Западна Европа. Немаше изненадувања“, порача Захарова на својот канал на […]

Протести во Тел Авив за ослободување на заложниците: „Владата не знае што прави“


Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држеше исламистичката група Хамас во Појасот Газа. Ччленовите на семејствата на заложниците носеле слики од нивните најблиски кои сé уште се во заробеништво и се приклучиле на толпата што протестира во Тел […]

Предвремени парламентарни избори во Каталонија


Во Каталонија денеска се одржуваат регионални парламентарни избори, кои се сметаат и за тест за тоа колкава поддршка имаат сепаратистичките сили меѓу гласачите во таа шпанска покраина. Учество на предвремените избори најави и поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пучдемон, кој живее во егзил од 2017 година и кој би ризикувал веднаш да биде уапсен доколку […]

Украински дрон предизвика пожар во рафинерија во рускиот град Волгоград


Полноќен напад со украинско беспилотно летало предизвика пожар во нафтена рафинерија во рускиот град Волгоград, на југот на Русија, изјави денеска гувернерот на регионот Волгоград, Андреј Бочаров, цитиран од британските медиуми.  Според него, пожарот бил брзо изгаснат, а инцидентот поминал без жртви. -Како резултат на удар на дрон со последователна детонација, избувна пожар на територијата […]

Мишел, Бајден и Шолц го предупредија Израел да не ја шири воената операција во Рафа


Наредбите за евакуација на цивилите заглавени во Рафа во небезбедни зони се неприфатливи, порача синоќа претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.  – Ја повикуваме израелската Влада да го почитува меѓународното хуманитарно право и бараме да не презема копнена операција во Рафа. Граничните премини мора целосно да функционираат и да овозможат минување на суштинска хуманитарна […]

Рекордна меѓурегионална миграција во Белгија во минатата година


Во текот на 2023 година вкупно 73.870 жители на Белгија ги напуштиле своите дотогашни живеалишта и се преселиле во нов дом во некој од другите два региона во земјата, покажуваат податоците на белгиската Федерација на агенти на недвижен имот (ЦИБ).  Како што наведува белгискиот јавен радиодифузен сервис на фламански (холандски) јазик ВРТ, ова е досега […]

Продолжуваат жестоките борби кај Харков, Русија тврди дека зазела пет села


  Жестоките борби продолжуваат втор ден на рабовите на регионот Харков во североисточна Украина. Москва соопшти дека зазела пет села, додека Киев рече дека возвраќа против нападите и се бори за контрола на територијата. Русија го започна оклопниот упад рано во петокот, во напад што може да предвидува поширок притисок во регионот на Харков, или […]

Германија ќе купи системи ХИМАРС од САД и ќе ги испорача во Украина


  Германија ќе купи три системи за повеќекратно лансирање ракети ХИМАРС од САД и ќе ги пренесе во Украина, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на посетата на Вашингтон. Шефот на Министерството за одбрана, исто така, ги увери властите на САД во подготвеноста на Берлин да преземат поголема одговорност за воената безбедност […]

Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петерсбург, најмалку 7 мртви


Автобус со 20 патници падна во река во Санкт Петербург, при што загинаа најмалку седум лица, јавуваат руските медиуми. Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува автобус како се движи надвор од контрола на патот. Лудо се движи, а потоа удира во автомобил што доаѓа од спротивен правец, пред да ја сруши оградата и да […]

Руси, готови сте?


Институтот за проучување на војната (ISW) објави дека загубите на руската опрема во Украина се толку големи што ќе биде тешко да се најдат замени бидејќи Москва веќе ги користи огромните залихи возила од советската ера. Проценката на ISW уследи по извештаите дека сателитски снимки го покажале обемот на загубите на руските воени возила во […]