Блинкен свиреше гитара и пееше со локален бенд во Киев


Американскиот државен секретар Антони Блинкен му се придружи на локалниот бенд во Киев денеска за да ја изведе песната „Rockin’ in the Free World“ на Нил Јанг. U.S. Secretary of State Antony #Blinken played and sang "Rockin' In The Free World" with a band in one of #Kyiv's bars. pic.twitter.com/j2qjZsbGYX — KyivPost (@KyivPost) May 14, […]

ЕУ ќе распореди пожарникари од 12 земји на потенцијалните места за шумски пожари


Европската унија планира да распореди повеќе од 500 пожарникари од 12 земји на клучни локации во Европа ова лето за да помогнат во борбата против шумските пожари. Тие ќе им помогнат на локалните противпожарни бригади во Франција, Грција, Португалија, Шпанија и други земји, пишува dpa повикувајќи се на соопштение на Европската комисија објавено во вторник. […]

Вашингтон загрижен поради усвојувањето на контроверзниот закон за странско влијание во Грузија


Белата куќа денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради усвојувањето на контроверзниот закон за „странско влијание“ во Грузија, предупредувајќи дека САД би можеле да ги преиспитаат своите односи со земјата. – Очекуваме (грузискиот) претседател да стави вето, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер. Таа додаде дека не е јасно дали грузискиот парламент ќе се […]

Китови убијци потонаа едрилица – Шпанија издаде предупредување


Орки, познати и како „китови убијци“, ја потопиле 15-метарската едрилица „Алборан Коњак“ во мароканските води во Гибралтарскиот теснец, потврди шпанската поморска спасувачка служба. Инцидентот се случил во неделата околу 9 часот по локално време. Две лица од едрилицата биле спасени од танкер со нафта што случајно се нашол таму. Ова беше само последниот во серијата […]

Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата


Половина од украинските бегалци во Германија, Полска и Чешка се подготвени да се вратат во Украина доколку дозволат условите. Ова го покажува социолошкото истражување спроведено на крајот на минатиот месец од Киевскиот меѓународен институт за социологија, објави Укринформ. Мнозинството од испитаниците се подготвени да се вратат доколку критичната инфраструктура работи нормално (34 проценти) и доколку […]

Американски изум: Украинците почнаа да ја користат „дивата ласица“ против руската армија


Децениската американска тактика ја користеа украинските воздухопловни сили во обид да ги елиминираат руските радари и противвоздушни системи. Како што пренесува порталот Business Insider, станува збор за таканаречената „дива ласица“, која ја измислиле американските пилоти за време на Виетнамската војна. „Дивата ласица“, според Business Insider, се однесува на пилоти на авиокомпании кои одат на мисии […]

ЕУ подготвува мерки за поддршка на позитивното влијание на инфлуенсерите


Советот не ЕУ денеска одобри заклучоци со кои се повикува на зголемена поддршка за поттикнување на позитивното влијание на инфлуенсерите, имајќи предвид дека нивните онлајн содржини и информации секојдневно ги консумираат се поголем број луѓе во Унијата.  Во документот се посочува дека влијанието на инфлуенсерите, кои се дефинирани како „онлајн креатори кои објавуваат содржини на […]

Кина започна кампања против насилничкото однесување во училиштата


Министерството за образование на Кина објави дека започнува кампања за справување со проблемите, вклучително и прекумерните домашни задачи и малтретирањето во училиштата, како дел од напорите за зајакнување на менталното здравје на учениците. Министерството завчера соопшти дека спроведува едукација за ментално здравје за наставниците и учениците, со посебен осврт на децата на мигрантите од руралните […]

Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај


Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг на 16 и 17 мај, соопшти денеска Кремљ. Тоа ќе биде прва посета на Путин на една земја откако на 7 мај положи заклетва и го започна својот петти мандат. 

Нетанјаху го отфрли барањето на Хамас за прекин на војната


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше вербално нападнат за време на говорот на Меморијалниот ден на Израел во Ерусалим. Мрачниот календарски настан беше надополнет со тагата и зовриениот јавен гнев поради неуспесите на 7 октомври, кога борците на Хамас од Газа упаднаа во јужен Израел и убија 1.200 луѓе, главно Израелци, чин што ја поттикна војната. […]

Трамп води пред Бајден во шест од седум „неодлучни“ држави


 Гласовите во седум „неопределени“ американски држави најверојатно ќе одлучуваат за исходот на претстојните претседателски избори во САД, каде главни кандидати се претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп: Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин. Во анкетата спроведена заеднички од Њујорк Тајмс, колеџот Сиена и Филаделфија Инквајер, се наведува дека Трамп води […]

Сојузната држава Минесота си го смени знамето


Американската сојзуна држава Минесота минатата недела официјално си го смени знамето и отсега старото знаме усвоено во 1957 година повеќе нема да се вее на ниту еден владин објект. Старото знаме го симна Националната гарда на Минесота и на негово место е подигнато новото. Старото знаме кое се вееше над локалниот Капитол ќе се чува […]

Зошто Путин избра економист, а не генерал, да го води министерството за одбрана


  Назначувањето на економистот Андреј Белоусов за министер за одбрана значи дека Владимир Путин има намера да го направи воено-индустрискиот комплекс мотор на економијата и преку неговата милитаризација да ја продолжи војната долго време. Белоусов треба да обезбеди непречено снабдување на армијата и тој е подготвен да го стори тоа, бидејќи долго време се залага […]

Комунистичка партија основана во Швајцарија после 84 години


Над 300 учесници ја основаа Револуционерната комунистичка партија (РКП) на нејзиниот конгрес во Бургдорф, кантонот Берн, за време на викендот. Тоа значи дека Швајцарија повторно има комунистичка партија откако беше забранета во 1940 година. Основачкиот конгрес се одржуваше од петокот до неделата. „Крајно време е за враќање на револуционерниот комунизам“, рече политичкиот секретар Дерсу Хери, […]

Ирска размислува за намалување на социјалната помош за барателите на азил и украинските бегалци


Ирска оваа недела ќе ја разгледа можноста за намалување на државната помош за бегалците и барателите на азил, вклучително и оние кои пристигнуваат од Украина. Ова го најави премиерот Сајмон Харис, кој има за цел да го приближи системот до практиката во другите европски земји. Нешто повеќе од 100.000 Украинци побарале прибежиште во Ирска откако […]

Кристерсон: Шведска во време на војна ќе дозволи распоредување на нуклеарно оружје


Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон денеска изјави дека ќе дозволи распоредување на нуклеарно оружје на шведска територија во време на војна. Шведскиот Парламент во јуни ќе гласа за Договорот за одбранбена соработка (ДЦА) со САД, кој ќе му овозможи на Вашингтон до воените бази во Шведска и ќе дозволи складирање на воена опрема и оружје […]

Сепаратистите ги изгубија изборите во Каталонија


  Сепаратистичките партии се во опасност да го изгубат своето децениско владеење во североисточниот регион Каталонија во Шпанија, откако Социјалистичката партија која се залага за унијата освои најмногу гласови на изборите во недела. Четирите партии за независност, предводени од партијата Жунтс (Заедно) на поранешниот регионален претседател Карлес Пуџдемон, требаше да добијат вкупно 61 место, помалку […]

Економист со мало воено искуство под санкции. Ова е новиот министер за одбрана на Путин


Рускиот претседател Владимир Путин неочекувано номинираше нов министер за одбрана, цивилот Андреј Белоусов, поранешен вицепремиер задолжен за економија, на местото на Сергеј Шојгу, објави Кремљ. Путин сака Шојгу, министер за одбрана од 2012 година и негов долгогодишен советник, да стане секретар на моќниот руски Совет за безбедност – каде што ќе го замени досегашниот шеф […]

Студена лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати


Најмалку 37 луѓе загинаа по поројни поплави и студена лава што тече од вулкан на островот Суматра во западна Индонезија. По неколкучасовен дожд во саботата, пепелта и студените одрони оштетија повеќе од 100 домови, џамии и јавни згради, јавува Би-би-си. Локалните власти сметаат дека 18 лица се водат за исчезнати, а се очекува бројот на […]

Во Белгија трошат по речиси 9.000 евра за обебзедување на руските дипломатски претставништва


Брисел –  Белгиската федерална полиција деноноќно ги чува руските дипломатски претставништва во Брисел откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, а дневните трошоци за таа намена се речиси 9.000 евра. Ова го објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци презентирани од министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден како одговор на пратеничко прашање, пренесе БТА. […]