Трамп: Моето одење во затвор би било пресвртната точка


Доналд Трамп рече дека ќе ја прифати одлуката за домашен притвор или ќе оди во затвор, откако поротата во Њујорк го прогласи за виновен по 34 точки минатата недела, но тој смета дека на јавноста ќе и биде „тешко“ да го прифати тоа. „Не сум сигурен дека јавноста би го прифатила тоа лесно“, рече републиканскиот […]

Во Украина денеска прекини на струја по вчерашниот руски напад


Во Украина денеска се очекуваат прекини на струја по вчерашниот масовен руски напад врз енергетскиот систем на земјата, соопшти Укринформ. Нападот ја оштети инфраструктурата во пет украински региони – Доњецк и Дњепропетровск на исток, југоисточниот регион Запорожје, централниот регион Кировград и Ивано-Франковската област на запад. Националниот електроенергетски оператор Укренерго првично соопшти дека денеска ќе има […]

Пронајдени се телата на девојките кои се држеа прегрнати во Италија пред да ги зафати поројот


Пожарникарите утрово од реката Натисоне во Италија извлекол безживотни тела на две девоки. Станува збор за Патриција Кормос и Бјанка Дорос, кои во петокот ги однела реката со нивниот пријател Кристијано Молнар, пренесува Кориере дела Сера. Се уште трагаат по младиот човек. По долга ноќ на неуспешна потрага, летовите со хеликоптери и беспилотни летала продолжија […]

Германски воз на долги релации со 185 патници излета од шините по свлечиште


Делови од воз на долги релации со 185 патници излетаа од шините во југозападна Германија доцна синоќа, откако железничките пруги беа погодени од лизгање на земјиштето предизвикано од обилни врнежи. Никој не е повреден, а патниците се евакуирани од возот уште утрово, изјави портпаролот на националниот железнички оператор, јави ДПА. До пладне тимовите за поправки […]

Италија одбележува 78 години од основањето на Републиката


По повод 78-годишнината од основањето на Република Италија, италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска во Рим на споменикот на Олтарот на татковината положи ловоров венец на споменикот на Непознатиот херој. – Прославата на 78-та година од раѓањето на Република Италија не потсетува на вредностите на нашиот идентитет и на далекувидниот и мудар Устав, рече Матарела и […]

Голем пожар во близина на Сан Франциско, ситуацијата се влошува (видео)


Пожарникарите се борат да изгаснат голем шумски пожар околу Сан Франциско, Калифорнија, но ситуацијата се влошува поради ветровите што ги разгоруваат пламените јазици. Според соопштение на Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија, пожарот избувнал вчера попладне во близина на градот Трејси, околу 96 километри источно од Сан Франциско, во област составена главно […]

Пробиени две брани во поплави во јужна Германија


Две брани се пробиени во баварскиот округ Фафенхофен ан дер Илм како последица на обилните дождови што го зафатија регионот во изминатите неколку дена. Двете пробиени брани се на реката Паар, притока на Дунав, изјави портпаролот на окружната администрација, јави ДПА. Некои региони во јужна Германија во рок од 24 часа регистрираа повеќе дождови отколку […]

Трамп отвори профил на мрежата TикТок која се обиде да ја забрани додека беше претседател


Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се приклучи на социјалната мрежа за кратки видеа ТикТок, што е во сопственост на кинескиот технолошки гигант ByteDance и која тој се обиде да ја забрани додека беше претседател на САД. Политико, кој прв ја објави веста, соопшти дека Трамп првото видео го објавил синоќа на овој свој нов профил. […]

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемии


Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемија ќе бидат завршени до 2025 година или порано ако е можно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Договорот, кој треба да ја подобри соработката пред и за време на пандемии, по признаените неуспеси за време на пандемијата на Ковид-19, го преговараа 194 земји-членки на СЗО […]

Екстремно десничарските лидери му се заканија на Нетанјаху дека ќе ја соборат владата доколку го прифати договорот за примирје


 Лидерите на двете ултрадесничарски партии во израелската Влада, министерот за финансии Безалел Смотрич и министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир синоќа се заканија дека ќе ја соборат владата доколку таа го прифати новопредложениот договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот, јави Бета. И двајцата тврдат дека договорот ќе стави крај на војната, […]

Мексико денеска ќе ја избира својата прва жена претседател? Може да гласаат 100 милиони луѓе


Во Мексико денеска се одржуваат претседателски, парламентарни и локални избори, а право на глас имаат околу 100 милиони луѓе, јавуваат американските медиуми. Гласачите во 32 сојузни држави ќе изберат претседател кој ќе го замени актуелниот шеф на државата Андрес Мануел Лопез Обрадор, популист кој ги прошири социјалните програми, но не успеа да го спречи насилството […]

Легија на странците „горда“ што ќе ги обезбедува Олимписките игри во Париз


  Припадници на познатата Легија на странци се собираат во воена база во јужна Франција, што се наоѓа на стотици километри од париските улици со кафулиња, каде што ќе се распоредат за само неколку недели. „Нема Ајфелова кула, но ние сме во Париз“, им вели поручникот Антоан на војниците собрани околу него, кои, како и […]

Сите го прифатија предлогот на Бајден за примирје во Газа, освен Нетанјаху


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека нема да има „траен прекин на огнот“ во Газа додека не бидат уништени воените и управувачките капацитети на Хамас. Неговите коментари, во ретка изјава објавена во сабота и само на англиски, дојдоа откако американскиот претседател Џо Бајден во петокот објави дека Израел предложил трифазен договор за […]

Избори во Јужна Африка: АНЦ за прв пат го загуби мнозинството


  Јужна Африка се соочува со неизвесна можност за коалициска влада откако новата партија на поранешниот претседател Џејкоб Зума ги промени изборите во земјата, што придонесе уделот на гласовите на партијата Африкански национален конгрес (АНЦ) да падне многу под половина, со преброени 97 отсто од гласачките места. До саботата, АНЦ, која управува со Јужна Африка […]

Богатството на Трамп се намали за стотици милиони долари по пресудата


  Хартиеното богатство на Доналд Трамп се намали за стотици милиони долари во петокот, бидејќи акциите во неговата медиумска фирма беа под притисок по неговата пресуда во судењето за тајни пари во Њујорк. Акциите на Trump Media & Technology Group го завршија денот со пад од 5,3% на Волстрит, намалувајќи ја вредноста на огромниот удел […]

Бесна тирада на Трамп по пресудата, Бајден возврати


  Џо Бајден во петокот предупреди дека е непромислено и „опасно“ за некој да тврди дека кривичната пресуда на Доналд Трамп е резултат на монтиран судски процес, откако поранешниот претседател ја критикуваше пресудата против него, а републиканците го навредуваа интегритетот на американскиот правосуден систем. Доналд Трамп во петокот наутро бесно го нападна новиот статус на […]

„Продолжи да се бориш“: Порака од Орбан до Трамп


  Европските сојузници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се собраа околу него во поддршка по неговата историска пресуда дека е криминалец за 34 кривични дела за фалсификување деловни книги. Пресудата – кое беше најавено како мрачен момент за Америка со широки импликации – беше претставена од сојузниците на Трамп во Европа како политички прогон, […]

Италија не и’ дозволува на Украина да го користи нивното оружје на руска територија


Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Украина нема дозвола од Италија да користи оружје доставено од таа земја за цели на територијата на Руската Федерација, туку може да го користи само „за да го одбие рускиот напредок и да ја гарантира слободата на земјата“. Тајани рече дека Италија отфрла војна и дека […]

Француските власти ја повратија контролата над главниот град на Нова Каледонија


Француските власти во Нова Каледонија ја повратија целосната контрола врз главниот град на француската територија на Пацификот, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи и прекуокеански работи Жералд Дарманен. Во Нова Каледонија две недели траеја немирите, во кои загинаа седум лица, а беа предизвикани многу штети во тој дел од архипелагот, каде со децении владее […]

Брутален напад во Германија: Избоден политичар, објавена грозоморна снимка (видео)


  Во германскиот град Манхајм денеска имаше брутален напад со нож. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа сè уште неидентификуван сторител како напаѓа друг маж. Ве молиме имајте предвид дека видеото содржи вознемирувачка содржина: Allahu-Akbar: Islam-Kritiker Michael #Stürzenberger wird bei einer Kundgebung in #Mannheim von einem streng gläubigen Messer-Moslem abgestochen!Auch ein Polizist bekommt […]