Верната сојузничка на Макрон повторно е на чело на францускиот парламент


Јаел Браун-Пиве синоќа беше реизбрана за претседателка на францускиот парламент, иако левичарската коалиција Нов народен фронт освои најмногу гласови на неодамнешните вонредни парламентарни избори. Таборот на францускиот претседател Емануел Макрон го загуби мнозинството во парламентот по ненадејната одлука за распуштање на телото пред Олимпијадата, по што следуваа парламентарни избори кои го поделија Долниот дом на […]

Данска може да смести 60 отсто од своето население во подземни бункери во случај на војна


Данска има простор да смести најмалку 3,6 милиони луѓе во подземни бункери доколку некогаш има потреба да го засолни населението во случај на војна или катастрофа. Подземните засолништа и бункери би собрале околу 61 отсто од данското население, пишува данскиот дневен весник „Јиландс Постен“, додавајќи дека последниве две години властите го прошируваат просторот за засолништа. […]

Трамп официјално ја прифати номинацијата: Бог беше на моја страна


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и официјално ја прифати номинацијата за кандидат на претседателските избори на конвенцијата на Републиканската партија, нагласувајќи дека се кандидира да биде претседател на цела Америка, а не само на половина од земјата. Трамп, кој носеше бел завој на десното уво, во говорот на конвенцијата во Милвоки истакна дека нема победа […]

Почина Лу Добс, конзервативен американски политички коментатор и новинар


Конзервативниот американски политички коментатор и гласен поддржувач на Доналд Трамп, Лу Добс, почина на 78-годишна возраст, се вели во соопштение објавено синоќа од неговиот тим на Х. -Со тешко срце објавуваме за смртта на ’Великиот Лу Добс… Лу беше борец до самиот крај – борејќи се за она што му беше најважно, Бог, неговото семејство […]

Силен земјотрес од 7,4 степени го погоди северниот дел на Чиле


Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Чиле, во близина на границата со Аргентина, а засега нема извештаи за повредени или поголема материјална штета, соопшти Американскиот геолошки институт. Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 45 километри југоисточно од градот Сан Педро де Атакама, […]

Украина го загуби клучниот мостобран на источниот брег на Днепар близу Херсон


  Вооружените сили на Украина (АФУ) го напуштија селото Кринки во регионот Херсон, изјавија за „Украинска правда“ извори од Маринскиот корпус. Падна мостобранот, кој борците го држеа на левиот брег на Днепар, под контрола на Русија, од октомври 2023 година. Ова индиректно го потврди портпаролот на оперативно-стратешката група сили „Таврија“ Дмитриј Лихови. „Навистина, повеќето од […]

Шефот на кампањата на Трамп ги обвини демократите дека прават „пуч“ против Бајден


  Крис Ласивита, ко-менаџер на кампањата и висок стратег на Доналд Трамп, ги обвини демократите за организирање „пуч“ против Џо Бајден. Ласивита одговараше на извештаите дека високи демократи вршат притисок врз 81-годишникот да излезе од претседателската трка во САД, бидејќи анкетите покажуваат дека партијата се соочува со пораз во Белата куќа, Претставничкиот дом и Сенатот. […]

„Аксиос“: Се очекува Бајден викендов да се повлече од трката за реизбор


 Се очекува за време на викендот претседателот на САД, Џо Бајден да се повлече од трката за реизбор, објави денеска американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на неколку неименувани високорангирани демократи. Тие тврдат дека Бајден приватно се помирил со сè поголемиот притисок, лошите резултатите на анкети и прашањата за неговата возраст и способност, што го оневозможува […]

Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија


Европскиот парламент попладнево со тајно гласање ја реизбра Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија.   „За“ реизборот на Фон дер Лајен гласаа 401 европратеници, 284 беа „против“, а 15 се „воздржаа“ од гласање. Вкупно гласаа 707 европратеници, а при што седум гласови беа прогласени за неважечки.  Фон дер Лајен, која доаѓа од […]

Грција го затвори Акропол, рекордни температури на Јадранското Море


  Акропол во Грција е затворен со часови, рекордни температури на морето во Хрватска а во Италија се планира животните во зоолошката градина да се хранат со сладолед – јужна Европа се пече под „пеколно жешкиот“ топлотен бран. Грчкото Министерство за култура нареди затворање на Акропол – најголемата културна атракција во земјата – на пет […]

Проширувањето на ЕУ еден од приоритетите на Лајен ако биде реизбрана денес


Проширувањето на Европска Унија ќе биде меѓу клучните приоритети на идниот мандат на Урсула фон дер Лајен, доколку биде реизбрана како претседателка на Европската комисија. Ова денеска во говорот за визијата на нејзниот иден петгодишен мандат пред Европскиот парламет го најави Лајен, посочувајќи дека, сепак, процесот на пристапување кон ЕУ се темели на заслуги. Сепак, […]

„Еден екран, два филма“: Две теории на заговор се појавија по пукањето на Трамп


  Поранешниот претседател е застрелан, напаѓачот брзо е неутрализиран и сето тоа е снимено на камера. Но, за оние кои не им веруваат на своите очи, тоа е само почеток на приказната. За некои поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, неуспехот на Тајната служба да го спречи обидот за атентат укажува на заговор организиран од […]

Ангел се симнал од небото и го спасил Трамп од куршумот, тврди конгресменка


Марџори Тејлор Грин, конгресменка на САД, во тв интервју опишува како, непосредно пред пукањето, била сведок на ангел кој слегува од небото и кој личел на американско знаме што му го спасило животот на Доналд Трамп. Марџори Тејлор Грин, која е поддржувачка на Трамп, е американска екстремно десничарска политичарка, бизнисменка и приврзаник на теориите на […]

Романска парламентарка отстранета од ЕП за време на дебатата за изборот на Лајен (ВИДЕО)


Романската европратеничка Дијана Шошоака беше исфрлена од парламентарната сала во Брисел откако со викање ја прекина дебатата што беше во тек околу изборот на Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија. Овој прв инцидент покажа како ќе изгледаат расправите во новиот Европски парламент полн со патриоти, суверенисти, анти-имигранти, националисти и екстремисти, а во […]

Лажните ветувања на НАТО ги охрабруваат грешките на Украина


На Самитот на НАТО во Вашингтон, на 75-годишнината на алијансата, лидерите и понудија на Украина нова рунда на лажна надеж во нејзината војна против Русија – што е полошо отколку да не прават ништо. Без разлика дали со воена посветеност или засилена поддршка, претензиите дека НАТО во моментов може да испорача украинска победа или да […]

Руските медиуми ја подготвуваат јавноста за долготрајна војна, ветувајќи дека Украина ќе престане да постои до 2034 година


Институтот за проучување на војната (ISW) смета дека руските медиуми ја подготвуваат руската јавност за продолжена војна, а по изјавата на Дмитриј Медведев дека Украина можеби нема да постои до 2034 година, ветувајќи дека Москва ќе ја постигне целта да ја уништи украинската државност. Во интервју за руското издание на Аргументи и Факти на 17 […]

Новинарка ја исмеваше италијанската премиерка, судот ѝ изрече значителна казна


Судот во Милано ѝ наложи на новинарка да ѝ плати на италијанската премиерка Џорџа Мелони 5.000 евра отштета затоа што ја исмевала во објава на социјалните мрежи, објави новинската агенција АНСА и други локални медиуми. Новинарката Џулија Кортезе, исто така, доби условна казна од 1.200 евра за исмејување на висината на премиерката на X, порано […]

Фон дер Лајен го осуди Виктор Орбан поради патувањето во Русија


  Урсула фон дер Лајен го искористи својот говор пред европратениците во четвртокот за да го критикува унгарскиот премиер Виктор Орбан поради неговото неодамнешно патување во Русија. „Пред две недели, европски премиер отиде во Москва“, рече Фон дер Лајен. „Оваа мировна мисија не беше ништо друго освен мисија за смирување“, рече таа, осврнувајќи се на […]

Германија донесе драстична одлука – за половина помала поддршка за Украина


Според нацрт-буџетот одобрен од владата, Германија планира речиси да ја преполови воената помош за Украина следната година, од околу 8 милијарди евра на околу 4 милијарди евра. Министерот за финансии Кристијан Линднер рече дека финансирањето на Украина е „безбедно за догледна иднина“ поради планот на Г7 (седумте најмоќни економии во светот) да собере 50 милијарди […]

Британци заминале во Шведска на службен пат. Убиени се и запалени?


Британците Хуан Цифуентес (33) и Фарук Абдулразак (37) отпатувале за Данска и Шведска во саботата на кратко службено патување и требало да се вратат во Велика Британија во 18 часот во неделата, рекле нивните семејства во апелот на социјалните мрежи во кој се моли за помош и се бараат информации за тоа каде се движеле. […]