Романска парламентарка отстранета од ЕП за време на дебатата за изборот на Лајен (ВИДЕО)

Романската европратеничка Дијана Шошоака беше исфрлена од парламентарната сала во Брисел откако со викање ја прекина дебатата што беше во тек околу изборот на Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија. Овој прв инцидент покажа како ќе изгледаат расправите во новиот Европски парламент полн со патриоти, суверенисти, анти-имигранти, националисти и екстремисти, а во нејзиниот случај – егзибиционисти.
Пред оваа расправа романската парламентарка се прослави со барањето да се повика свештеник за да се освети Европскиот парламент и да се исчисти од „ѓаволите“.
Шошоака е ексцентричната лидерка на романската екстремна десница С.О.С. Партијата на Романија, која неодамна беше избрана за нејзиниот прв мандат како европратеник. Поранешна членка на горниот дом на парламентот во својата земја, таа се здоби со слава во Романија поради нејзините ставови против имиграцијата и против вакцините, како и нејзиното нарушувачко однесување во законодавниот дом во Букурешт.
Шошоака, која носеше традиционална романска народна носија на нејзиниот прв ден во Парламентот, додаде дека донела миризлива смола и „икона на Св. Параскева“, балканска светица од 10 век и дека „односот на сите веднаш се промени“.
Таа, исто така, раскажа за првата средба со шефицата на Европскиот парламент Роберта Мецола, во која таа тврдеше дека Мецола пребледела кога ја видела.
„Отидов кај госпоѓа Мецола. Кога ме виде, пребледе“, рече Șoșoacă. „Јас побарав средба, таа стануваше се побледа и побледа и рече: „Ве молам пишете ми колку време сакате и јас сум отворена да разговарам со вас“.
Претходно оваа недела, во видео во живо на Фејсбук, снимено за време на гласањето за избор на претседател на Парламентот, Шошоака беше снимена како ги пречкрта имињата на Мецола и противничката Ирене Монтеро и ги пишува зборовите НИКОГАШ ЗА УКРАИНА, НИКОГАШ ЗА ЛГБТ, НИКОГАШ ЗА ЕУ ДИКТАТУРА на нејзиното гласачко ливче. Таа јавно беше критикувана за нејзините врски со Москва, откако- ја обвини ЕУ дека ја уништува Романија со обезбедување помош за Украина и повика на прекин на испораката на оружје за Киев.
И покрај таквите напори, Мецола беше избрана за втор мандат со убедливо мнозинство, а денес ги повика службите да ја отстранат од ЕП, за да не ја попречува дебатата. ЕП има строги правила за однесување на парламентарците и точно прецизирана минутажа и постапка за обраќање.
Follow our live blog for more from Strasbourg, as we await the Parliament’s decision on a second term for Ursula von der Leyen: https://t.co/0kCY49gQa5 pic.twitter.com/sZOMQ1Bwpi
— POLITICOEurope (@POLITICOEurope) July 18, 2024