Велика Британија: Речиси 17.000 мигранти преминале преку Ламанш годинава


Речиси 17.000 мигранти пристигнале во Велика Британија годинава откако го преминале Ламанш, јави ДПА. Прекуграничните преминувања продолжија и денеска, што го означи првиот ден од август, откако вчера немало илегални преминувања. Прелиминарниот број за оваа година изнесува 16.903, со повеќе од 1000 преминувања забележани во последната недела, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Оваа […]

Рекорден топлотен бран на Антарктикот, температурите значително повисоки од просечните


Температурите на површината на големи делови од ледените плочи на Антарктикот се зголемија во просек за 10 степени Целзиусови над нормалата во изминатиот месец во нов рекорден топлотен бран. Додека температурите остануваат под нулата на поларната копнена маса, која е обвиена во темнина во овој период од годината, на јужната хемисфера, температурите достигнаа и 28 […]

Клучот беше во Вадим Красиков: Како течеа тешките преговори за големата размена на затвореници меѓу Русија и Западот


  Кон крајот на јуни, претставници на ЦИА одржаа таен состанок со руските разузнавачи во неоткриен главен град на Блискиот Исток за да презентираат предлог за можна размена на затвореници. Тоа беше последната во серијата понуди што американските официјални лица ѝ ги дадоа на Русија во долгогодишните напори да обезбедат ослободување на Американците затворени во […]

ЕК ја предупредува Унгарија за олеснувањето на визниот режим за Русите и Белорусите


Брисел – Еврокомесарката за внатрешни работи на Европската унија, Илва Јохансон,вчера ја предупреди Унгарија дека нејзината одлука за олеснување на визните ограничувања за Русите и Белорусите претставува потенцијална безбедносна закана и рече дека ќе преземе мерки доколку не се реши нејзината загриженост. Унгарија минатиот месец ја прошири својата доселеничка програма на „национални лични карти“ за, […]

Русија версус Украина: Најголемата војна во ерата на лажни вести


На почетокот на април, некои жители на Харков добија серија застрашувачки СМС пораки од владини претставници во кои пишува – да го напуштат градот пред руските сили да го опколат. „Поради заканата од непријателско опкружување, го повикуваме цивилното население на Харков да го напушти градот до 22 април“, се вели во едно предупредување, кое го […]

Во Вашингтон, Берлин и Москва пристигнаа авионите со ослободени затвореници во најголемата размена меѓу Русија и Западот по Студената војна


Неколку затвореници ослободени од Русија во историска размена со Западот, вклучително и новинарот Еван Гершкович и поранешниот маринец Пол Вилан, пристигнаа синоќа во САД. Ослободените затвореници, ноќеска, пред полноќ, во воздухопловната база Ендрус, во близина на Вашингтон, ги пречекаа американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, на аеродромот „Внуково“ […]

САД го признаваат Едмунд Гонзалес за победник на изборите во Венецуела


САД денеска го признаа опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес, главниот противник на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, за победник на претседателските избори, притоа отфрлајќи ја изјавата за победа на Мадуро. -Со оглед на убедливите докази, САД, а што е уште поважно, на народот на Венецуела, им е јасно дека Едмундо Гонзалес Урутија освои најмногу гласови на изборите […]

ЕК бара начини за спречување на дезинформациите, поголема заштита на малолетниците и помало влијание на славните на интернет


 Европската комисија се залага за подобрување на алатките поврзани со спроведувањето на Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), пред се во делот на ограничување на ширењето дезинформации, заштита на малолетници од насилство и несоодветни содржини и регулирање на влијанието на познатите личности на социјалните мрежи и веб страниците.  Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржини […]

Кој е кој во големата размена на затвореници меѓу Русија и Западот?


  Едниот помина повеќе од 5 и пол години зад решетки во Русија, додека други, од повисок профил, притвореници беа ослободени пред него. Друг беше затворен само неколку месеци. Тие вклучуваат новинари, ветерани политички активисти и оние кои едноставно се противат на војната во Украина. Најмладиот има 19 години, а најстариот 71 година. Меѓу Русите […]

Зеленски го објави условот под кој Украина ќе се согласи на губење на територија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека територијалните отстапки за ставање крај на војната што ја започна Русија ќе бараат референдум во Украина. Сепак, тој додаде дека таквиот потег не е најдобрата опција бидејќи си имаат работа со рускиот претседател Владимир Путин и ќе биде победа за него ако земе дел од нивната територија. „Одлуката мора […]

Њујорк тајмс: Ханије е убиен од бомба прошверцувана во резиденцијата, одговорен е Израел


Њујорк – Лидерот на палестински Хамас, Исмаил Ханије е убиен во средата наутро со „софистицирана бомба на далечинско управување“ прошверцувана во резиденцијата во Техеран каде што престојувал, а не со ракета, како што беше претходно објавено, пишува денеска „Њујорк тајмс“. Според извештајот на весникот кој се повикува на седум функционери од Блискиот Исток, меѓу кои […]

Топлотните бранови низ Европа предизвикуваат повеќе од 175.000 смртни случаи годишно


Екстремните горештини убиваат најмалку 175.000 луѓе годишно во Европа, каде температурите и понатаму рапидно растат, предупреди Светската здравствена организација, пишува Политико. Европа е меѓу регионите со најбрзо затоплување во светот, а температурите се зголемуваат двојно побрзо од глобалниот просек. И луѓето во европскиот регион на СЗО „плаќаат највисока цена“ за екстремната топлина, предупреди директорот на […]

Ова е убиецот на малите девојчиња кои беа на час по танц во Англија


 Аксел Рудакубана е 17-годишникот обвинет за убиство на три девојчиња на час по танц на тема Тејлор Свифт во Саутпорт. Тој е по потекло од Руанда, а сега е во малолетнички притвор, пишува Гардијан. Откако ги слушнал сите аргументи, судијата Ендрју Менари К.Ц. одбил да даде наредба за сузбивање на неговиот идентитет. Објаснувајќи ја одлуката […]

Зеленски ги посочи причините за напредокот на руските сили на фронтот


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посочи причините за напредокот на руските сили на линијата на фронтот, меѓу кои се недоволна количина опрема од сојузниците за опремување на 14 украински бригади, пренебрегнувањето на животите на војниците во руската армија и отсуството на дозвола Украина да уништува воени цели на територијата на Русија со западно оружје. Зеленски […]

Новинарот Еван Гершкович ослободен во големата размена на затвореници меѓу Русија и Западот


  Новинарот на „Волстрит џорнал“, Еван Гершкович, кој беше осуден во Русија под обвинение за шпионажа, е ослободен како дел од големата размена на затвореници со Западот, дозна Блумберг од извори запознаени со ова прашање. Според нив, ослободен е и поранешниот американски маринец Пол Вилан, осуден за шпионажа во 2020 година. И Гершкович и Вилан […]

Дали „непо(тизам) бебето“ Енди Бешеар треба да биде потпретседател на Камала Харис?


Постои традиција луѓе со познати имиња да влегуваат во националната политика по пат на она што Џон Адамс го нарече „најбезначајната функција што некогаш ја измислил човекот или ја замислила неговата имагинација“, познат и како потпретседател на САД. И Џорџ Х. В. Буш и Ал Гор служеа во втората највисока канцеларија во Америка откако дојдоа […]

Лага до лага: Трамп ја нападна Камал Харис околу нејзината раса на панел со црни новинари


   За време на спорниот и хаотичен панел организиран од Националната асоцијација на црни новинари (НАБЏ) во средата, Доналд Трамп папагализираше дезинформации за имиграцијата и абортусот, ја стави под прашање расата на Камала Харис и ја обвини модераторката на панелот, Рејчел Скот – виш дописник од Конгресот за Еј-Би-Си дека е „груб“ и дека му […]

Вечерата за Кралот Чарлс ги чинела Французите половина милион евра


ПАРИЗ – Декадентната вечера која чинеше речиси 475.000 евра за кралот на Обединетото Кралство Чарлс III ја доведе француската Елисејска палата – канцеларијата на претседателот Емануел Макрон – до рекордно висок дефицит минатата година. Љубовта на Франција кон големите гестови и раскошното јадење се целосно потврдени од  годишната ревизија на буџетот на Елисејската палата, објавена […]

Мохамед Деиф, шефот на военото крило на Хамас, е убиен во напад минатиот месец


  Мухамед Деиф, командантот на военото крило на Хамас, беше убиен во израелски воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа минатиот месец, потврдија Израелските одбранбени сили (ИДФ). Војската вели дека добила разузнавачки информации во последните неколку часа кои ја потврдуваат неговата смрт. Деиф беше цел на напад врз комплекс што му припаѓа на Рафа […]

Поранешниот претседател на Гвинеја осуден на 20 години затвор за задушување протест и масакр на стадион пред 15 години


– Поранешниот претседател на западноафриканската држава Гвинеја, Муса Дадис Камара, денеска беше прогласен за виновен за злосторства против човештвото затоа што надгледувал масакр на стадион и масовно силување на продемократски демонстранти пред 15 години. Судењето на поранешниот претседател, капетанот Муса Дадис Камара, како и на 11 други, вклучувајќи го и поранешниот шеф на претседателската гарда, владини […]