Белорусија почна големи воени вежби во близина на Полска, Украина и Русија


 Белорусија почна големи воени маневри во два нејзини јужни региони – Брестка, која граничи со Полска и Украина и Гомелска, која граничи со Русија и Украина, јави ДПА. Министерството за одбрана во Минск не даде информации за бројот на мобилизирани војници и опрема, но соопшти дека се вклучени оперативни командни единици, специјални сили, ракетни трупи, […]

Зеленски го назначи Алексиј Морозов за шеф на Управата за државна безбедност


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи Алексиј Морозов за шеф на Управата за државна безбедност (СДА). Соодветниот декрет е објавен на веб-страницата на претседателот, пренесува Укринформ. „Олексеј Володимирович Морозов е назначен на позицијата шеф на Управата за државна безбедност на Украина“, се наведува во документот. 

Најмалку 47 лица го загубија животот во поплави во јужна Кина


Најмалку 47 лица го загубија животот во поплави и лизгање на земјиштето поради обилните дождови во јужна Кина. Поплави ја зафатија провинцијата Гуангдонг, а властите денеска предупредуваат на нови поплави во другите делови на земјата. Во округот Пингјуан има голема материјална штета, објави ЦЦТВ. Најобилниот дожд наврна од неделата до вторникот. Патот кој води до […]

ЕУ апелира за помасовна вакцинација против ХПВ и хепатитис Б


Брисел – Советот на ЕУ денеска усвои Препорака за зајакнување на борбата против формите на рак што може да се спречат со вакцини, со која се бара од земјите членки на Унијата помасовна вакцинација против хуманиот папилома вирус (ХПВ) и вирусот на хепатитис Б (ХБВ).  – Голем дел од случаите на рак може да се спречат. […]

Кој е веројатниот нов шеф на НАТО? Верен сојузник на Украина и жесток критичар на Путин


Марк Руте, кој најверојатно ќе стане нов генерален секретар на НАТО, е жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин и верен сојузник на Украина, кој ги усоврши своите политички вештини за време на неговиот 14-годишен мандат како премиер. Руте (57) е еден од најголемите поддржувачи на европската воена поддршка за Украина од почетокот на руската […]

ОЛАФ откри како се украдени повеќе од милијарда евра од ЕУ


Истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) откри дека повеќе од милијарда евра од парите на даночните обврзници на ЕУ треба да се вратат бидејќи биле злоупотребени. Инспекторите открија и измама со 209 милиони евра пред тие пари да бидат неоправдано потрошени, објави ОЛАФ. Покрај откривањето на фондовите на ЕУ кои завршија во […]

Глобален аларм за лажен лек за слабеење и дијабетес


Светската здравствена организација (СЗО) издаде глобално предупредување за лажниот Оземпик – лек за дијабетес тип 2 кој стана популарен како метод за слабеење. СЗО соопшти дека лажните лекови може да претставуваат опасност по здравјето. Организацијата ги советуваше луѓето да го добијат лекот само преку лекари, а не преку сомнителни страници на Интернет или преку социјалните […]

Во вторник ЕУ ги почнува преговорите со Украина и со Молдавија


Дваесет и седумте земји на ЕУ потврдија дека пристапните преговори со Украина и Молдавија ќе започнат во вторник, соопшти белгиското претседателство со ЕУ . На состанокот во Луксембург, министрите за финансии на ЕУ формално усвоија преговарачка рамка со двете земји кандидати, потврдувајќи го начелниот договор постигнат од нивните претставници минатата недела. Тој договор овозможува преговорите […]

Сестрата на корејскиот лидер е немилосрдна: Ќе ве затрупаме со ѓубре


Сестрата на лидерот на Северна Кореја, Ким Јо Јонг денеска навести дека ќе лансира уште балони со ѓубре во Јужна Кореја. „Природно е дека ќе има проблеми бидејќи тие повторно го направија она што им беше кажано да не го прават“, рече Ким Јо Јонг во изјавата што ја објави севернокорејската централна новинска агенција, укажувајќи […]

Дојава за бомба испратена до сите судови во Словачка


Судовите во Словачка денеска добија дојава за бомба, изјави портпаролката на регионалната полиција на Братислава, Јана Шимункова. Полицијата врши увид во сите судски згради, додаде портпаролката. Дојава за бомба има и за Врховниот суд на Словачка, јавија словачките медиуми. Пред еден месец дојави за бомби имаше во над 1.300 уилишта низ таа држава.

Со изненадувачки потег, Ерменија ја призна државата Палестина


Ерменија ја призна Палестина како држава во петокот наутро, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на ерменското Министерство за надворешни работи. „Катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и тековниот воен конфликт се едно од примарните прашања на меѓународната политичка агенда што бара решение. Република Ерменија категорично го отфрла таргетирањето на цивилната инфраструктура, насилството врз цивилното […]

Путин и се закани на Јужна Кореја, е направи „голема грешка“ ако…


Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Јужна Кореја дека ќе направи „голема грешка“ доколку ја вооружи Украина во војна против Русија. Неговите коментари доаѓаат откако Сеул рече дека ја разгледува таквата можност, како одговор на новиот договор меѓу Русија и Северна Кореја за взаемна помош во случај на „агресија“ врз која било земја. „Москва ќе […]

Нови правила за првата претседателска дебата меѓу Бајден и Трамп


 Првата претседателска дебата меѓу двајца кандидати за претседател на САД, актуелниот шеф на државата Џозеф Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп, ќе се одржи на 27 јуни во Атланта, Џорџија, со нови правила. Кабелската ТВ мрежа Си-ен-ен која ќе ја емитува првата дебата, објави дека изборниот штаб на кандидатите се согласил со новите правила, што […]

Петмина загинати, десетици повредени во шумски пожари во југоисточна Турција


Истанбул – Пет лица загинаа, а десетици се повредени, од кои 10 сериозно, додека шумските пожари зафатија неколку села во југоисточна Турција во текот на ноќта, изјави денеска министерот за здравство на Турција. „Пет лица загинаа, а 44 се повредени, од кои 10 потешко“, кога пожар зафати две области во близина на југоисточниот град Мардин, напиша […]

Странците кои ќе дипломираат на универзитет во САД треба веднаш да добијат зелeна карта, вели Трамп


Вашингтон – Републиканскиот претседателски кандидат во САД, Доналд Трамп, предложи странците кои ќе дипломираат во таа држава „автоматски“ да добијат зелна карта заедно со дипломата за да останат таму „Ако сте завршиле колеџ, мислам дека автоматски треба да добиете зелна карта како дел од вашата диплома за да можете да останете во оваа земја“, изјави […]

Од милијардерот Мелон за кампањата на Трамп – 50 милиони долари; Од Блумберг за Бајден – 20 милиони долари


Вашингтон – Милијардерот конзервативец Тимоти Мелон, минатиот месец дал 50 милиони долари на политички акциски комитет што работи на поддршка на републиканецот Доналд Трамп за претседател. Комитетот, познат како MAGA Inc, го зголеми бројот на ТВ реклами за поддршка на Трамп за претседателските избори во ноември. MAGA Inc. во поднесокот до Федералната изборна комисија откри […]

САД префрлиле дел од своите нуклеарни сили поблиску до Северна Кореја по посетата на Путин


САД го засилиле присуството на своите стратешки сили во азискиот регион по посетата на Владимир Путин на Северна Кореја, чиј резултат беше обнова на воената алијанса меѓу Москва и Пјонгјанг создадена на почетокот на 1960-те години. Според соопштение на Индо-тихоокеанската команда на американските вооружени сили (ПАКОМ), група на нуклерни бомбардери B-1B Lancer биле однесени во […]

Норвешка, Шведска и Финска создаваат воен транспортен коридор во Арктикот


Норвешка, Шведска и Финска се договорија да создадат воен транспортен коридор што ќе минува низ северниот дел на секоја од трите земји, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе. Овој договор е „важен чекор“ за овие три земји, кои се веќе членки на НАТО, нагласи тој. Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на необврзаност […]

Шпанскиот крал не сака да го прими Милеи


Шпанскиот крал Фелипе Шести одбил да го прими аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој утре ќе престојува во посета на Мадрид, јавуваат шпанските медиуми. Милеи треба да слета во воздухопловната база Торехон де Ардоз во услови на дипломатски расправии меѓу Мадрид и Буенос Аирес поради забелешките што ги изнесе минатиот месец. И покрај тоа што побара […]

Путин: Русија не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји како одговор на испораката на оружје за Украина. На прес-конференција во Виетнам, Путин рече и дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја. Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како […]