Шарл Мишел се повлече од трката за место во Европскиот парламент


 Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вечерва соопшти дека решил да ја повлече својата кандидатура за пратеник во Европскиот парламент на изборите во јуни и дека планира да го заврши целиот свој актуелен мандат, кој истекува во ноември.  – Нема да бидам кандидат на европските избори, објави Мишел на неговата Фејсбук страница.  Како што јави …

Шарл Мишел се повлече од трката за место во Европскиот парламент Read More »

Путин најави нов нуклеарен мразокршач


Рускиот претседател Владимир Путин најави изградба на уште еден мразокршач на нуклеарен погон како дел од проширувањето на арктичката флота на земјата. На денешната церемонија по повод почетокот на изградбата на мразокршачот Ленинград во бродоградилиштето во Санкт Петербург, Путин рече дека идната година ќе биде завршена и кобилицата на сестринскиот брод Сталинград. – Се градат …

Путин најави нов нуклеарен мразокршач Read More »

Египет прими десетици странски државјани и Палестинци на кои им е потребна медицинска помош


 Египет денеска прими четириесетина Палестинци на кои им е потребна медицинска помош и 31 државјанин со странски пасош од Појасот Газа, соопштија египетските гранични власти. Палестинските пациенти преку граничниот премин Рафа се транспортираат со возила на брза помош. Меѓу нив има и двајца ранети за време на војната меѓу Израел и Хамас, како и оние …

Египет прими десетици странски државјани и Палестинци на кои им е потребна медицинска помош Read More »

Пожар во дом за стари лица во Холандија – еден загина


Едно лице загина, а четворица се повредени во пожар во дом за стари лица во Гелдерланд, Холандија. Пожарот избувнал во четвртокот вечерта, а на местото се испратени пожарникари и итната помош. Со хеликоптер е испратена екипа за траума, а на повредените им била укажана помош поради вдишување чад, пишува NL Times. Како мерка на претпазливост, …

Пожар во дом за стари лица во Холандија – еден загина Read More »

Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да го спречи геноцидот во Газа


  Врвниот суд на Обединетите нации во петок ќе донесе одлука за повикот до Израел да ја запре својата воена офанзива во Газа, кога ќе донесе прелиминарна одлука во случајот со кој се обвинува Израел за геноцид во малата крајбрежна енклава. Џоан Донахју, претседателка на Меѓународниот суд на правдата, ја отвори седницата за да ја …

Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да го спречи геноцидот во Газа Read More »

САД: Надворешната политика на Орбан е „фантазија“


  САД се разочарани што ратификацијата на Шведска за приклучување кон НАТО од страна на Унгарија трае толку долго, рече амбасадорот на Вашингтон, предупредувајќи дека Будимпешта е „навистина сама“ и дека унгарската влада води „странска фантазија“ наместо надворешна политика. По неколку месеци одложувања, турскиот парламент го одобри членството на Шведска во НАТО оваа недела. Турскиот …

САД: Надворешната политика на Орбан е „фантазија“ Read More »

„Економист“: Светот се подготвува за можно враќање на Трамп на власт


Британскиот магазин „Економист“ наведува дека „новото глобално нарушување“, како што го опиша, јасно се покажа на Светскиот економски форум, што се одржа во швајцарското одморалиште Давос, од 15 до 19 јануари. Магазинот додава дека кинеските лидери и официјални претставници присуствувале на состаноците во мал број, бидејќи стравуваат дека ќе отстапат од принципите на Комунистичката партија. …

„Економист“: Светот се подготвува за можно враќање на Трамп на власт Read More »

Републиканскиот комитет ја повлече резолуцијата со која го прогласува Tрамп за „претседателски кандидат“


Вашингтон – Републиканскиот национален комитет  ја повлече својата резолуција да го прогласи Доналд Трамп за партиски претседателски кандидат за 2024 година, неколку часа откако поранешниот претседател го одби таковиот предлог со цел да се сочува единството на партијата. Сојузникот на Трамп, Дејвид Боси, вчера достави нацрт на резолуцијата меѓу своите колеги од Националниот комитет, во …

Републиканскиот комитет ја повлече резолуцијата со која го прогласува Tрамп за „претседателски кандидат“ Read More »

Алабама: По првпат погубен човек со помош на азотен гас


Вашингтон – Во американската сојузна држава Алабама, осуденик за првпат беше погубен со употреба на азотен гас, кој државата во САД го нарече „најбезболен и најхуман метод на егзекуција досега“, додека противниците тврдат дека методот е суров и експериментален. Кенет Јуџин Смит (58), осуден за убиство, е усмртен, изјави гувернерот на Алабама Кеј Ајви. Тој беше …

Алабама: По првпат погубен човек со помош на азотен гас Read More »

Украина погоди тренинг центар на руската армија во Донбас. Има повеќе од 20 мртви


  Како резултат на ударот на територијата на воената единица бр. 78528, лоцирана во близина на Иловајск во Донбас, загинаа 24 руски војници, а уште четворица беа повредени. Информациите за гранатирањето на полигонот попладнето на 24 јануари почнаа да пристигнуваат од локалните заедници и жителите, јавуваат телеграмските канали и провоените руски блогери. Според „Астра“, се …

Украина погоди тренинг центар на руската армија во Донбас. Има повеќе од 20 мртви Read More »

Шпанија со летни температури – во Валенсија 30 степени Целзиусови


 Во Шпанија, која ја погоди топлотен бран среде јануари, денеска се регистрирани температури од околу 30 степени Целзиусови, соопшти локалната метеоролошка служба. Во Валенсија денеска беше 29,5 степени, а во Малага 27,8 степени, соопшти службата, додавајќи дека во околу 400 метеоролошки станици се забележани температури над 20 степени. Ваквата температура е специфична за средината или …

Шпанија со летни температури – во Валенсија 30 степени Целзиусови Read More »

Ердоган го потпиша законот за прием на Шведска во НАТО


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го потпиша законот за прием на Шведска во НАТО. „Ја поздравуваме турската ратификација на приемот на Шведска во НАТО“, напиша шведскиот премиер Улф Кристерсон на Твитер. „Со ова, постигната е клучна пресвртница на патот на Шведска кон членство во НАТО“. Сите членки на НАТО, освен Унгарија, ја ратификуваа …

Ердоган го потпиша законот за прием на Шведска во НАТО Read More »

Свлечиште од ѓубре се движи и се заканува да затрупа село во Данска


Луѓето во данското село Олст живеат во страв дека нивните домови ќе бидат затрупани од свлечиште со загадено тло во една од најлошите еколошки катастрофи во историјата на Данска, пишува „Гардијан“. Свлечиштето полека се движи кон Олст, село со 400 жители јужно од Рандерс во Јитланд, откако земјата почна да се поместува во блискиот објект, …

Свлечиште од ѓубре се движи и се заканува да затрупа село во Данска Read More »

Колку лица имало во паднатиот руски авион – во мртовечницата пренеси само пет тела


  Во последен момент пред полетувањето офицерите на руската тајна служба ФСБ им забраниле на учесниците во преговорите за размена на затвореници да се качат авионот. Оваа верзија на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина ја потврдува и објавата на руската пропагандистка Анастасија Кашеварова, објавена веднаш по падот на авионот. „Во авионот …

Колку лица имало во паднатиот руски авион – во мртовечницата пренеси само пет тела Read More »

Русинката која со бомба го уби про-Кремљ блогерот осудена на 27 години затвор


  Судот во Санкт Петербург ја осуди Дарја Трепова на 27 години затвор за убиството на про-Кремљ воениот блогер Владлен Татарски минатиот април. Тоа е највисока казна за една жена во историјата на Русија. Трепова, која се соочи со обвиненија за тероризам, трговија со експлозиви и фалсификување документи, ја призна вината само за последното. Таа …

Русинката која со бомба го уби про-Кремљ блогерот осудена на 27 години затвор Read More »

Шведскиот премиер се согласи на средба со Орбан околу НАТО


  Шведскиот премиер Улф Кристерсон се согласи во четвртокот да се сретне со Виктор Орбан во Будимпешта, намалувајќи ја дипломатската тензија поради недостатокот на напредок на Унгарија во ратификувањето на шведското членство во НАТО. „Се согласувам со вас дека поинтензивен политички дијалог меѓу нашите земји би бил корисен“, напиша тој во писмото објавено од шведскиот …

Шведскиот премиер се согласи на средба со Орбан околу НАТО Read More »

Путин пристигна на руска територија на границата со две членки на НАТО


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во планирана работна посета на Калининград, руска ексклава која се граничи со членките на НАТО, Полска и Литванија, објави денеска руската режимска државна агенција РИА. РИА го цитираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека „милитаристичките изјави“ кои доаѓаат од балтичките земји претставуваат ризик за Калининград. Тој нагласи дека …

Путин пристигна на руска територија на границата со две членки на НАТО Read More »

Камерон: Незамисливи се размерите на страдање во Газа


 Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон му порача на својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху дека повеќе камиони со помош мора да влезат во Газа и дека е потребен итен хуманитарен прекин на огнот за да им се помогне на оние кои се заробени во „очајна ситуација“. Камерон, кој е во посета на Блискиот Исток …

Камерон: Незамисливи се размерите на страдање во Газа Read More »

Пронајдени се црните кутии на авионот кој се урна во Белгородската област


На местото на падот на рускиот транспортен авион „Ил-76“ во Белгород, кој на размена превезувал 65 украински затвореници се пронајдени црни кутии, а тие се во добра состојба, изјави претставник на локалната брза помош, јавуваат руските медиуми. Откриени се и двете црни кутии – уред за снимање параметри на летот и диктафон, рекол претставникот, истакнувајќи …

Пронајдени се црните кутии на авионот кој се урна во Белгородската област Read More »

Фрицл прогласен за безопасен, оди во старечки дом? Ќерката ја силуваше цели 24 години


Австрискиот монструм Јозеф Фрицл (88), кој со години ја држел затворена својата ќерка и ја силувал, ќе биде префрлен во редовен затвор од психијатриското одделение на затворот, изјави неговиот адвокат. Овој потег го отвора патот за негово префрлање во старечки дом, пишува „Гардијан“. Претходно овој месец, неговата адвокатка Астрид Вагнер објави дека поднесува барање за …

Фрицл прогласен за безопасен, оди во старечки дом? Ќерката ја силуваше цели 24 години Read More »