Петмина загинати во руски напад во источна Украина
Најмалку пет лица загинаа денеска, а уште пет се повредени во руски напад врз градот Константиновка во источна Украина, објави регионалниот гувернер на областа Доњецк, Вадим Филашкин. Според него, на местото на нападот работат спасувачки и полициски екипи. „Повторно ги повикувам сите: внимавајте, евакуирајте“, напиша Филашкин на Телеграм, без да даде повеќе детали за нападот. […]