Екстремисти од крајната левица најверојатно стојат зад саботажата на француската железница


Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека екстремни левичарски екстремисти најверојатно стојат зад саботажата на француската железница извршена во петокот, неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз. Дарманен за ТВ Франс 2 изјави дека во текот на истрагата биле идентификувани профилите на неколку луѓе и дека начинот на кој […]

Ердоган: Турција би можела да влезе во Израел и да им помогне на Палестинците


Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што направи некогаш во Либија и во Нагорно Карабах, изјави синоќа турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може во Палестина да го направи тоа што го прави сега“, рече турскиот претседател на митингот […]

Група авиопревозници ги откажаа летовите за Бејрут


Летови од и кон аеродромот во Бејрут се откажани или одложени, а либанската авиокомпанија Мидл Ист ерлајнс соопшти дека нарушувањата на нејзиниот распоред се поврзани со ризиците од осигурувањето, бидејќи тензиите меѓу Израел и милитантната група Хезболах се зголемија. Луфтханза и Јуровингс откажале три лета за Бејрут закажани за денеска попладне, Туркиш ерлајнс откажа и […]

Вашингтон изрази „сериозна загриженост“ за резултатот од изборите во Венецуела


Вашингтон e „сериознo загрижен“ дека резултатите од изборите во Венецуела со кои претседателот Николас Мадуро е прогласен за победник не се точни, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен. „Сериозно сме загрижени дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласањето на венецуелскиот народ“, рече Блинкен кој е во посета на Јапонија. Изборниот совет го […]

Изборен совет на Венецуела: Николас Мадуро е победник на претседателските избори


Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела и доби трет шестгодишен мандат со освоени 51,2 отсто од гласовите, објави Изборниот совет, по кампањата извалкана со тврдењата за заплашување на опозицијата и стравувањата од измама. Елвис Аморосо, претседател на Изборниот совет, лојален на владата, изјави дека 44,2 отсто од гласовите му припаднале на опозицискиот кандидат […]

Лавров: Целта на Израел да го елиминира Хамас не е реална


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека уништувањето на Хамас е нереална цел за Израел. Зборувајќи со новинарите за време на посетата на Малезија, Лавров рече дека „на крвопролевањето во Газа не му се гледа крајот“. „Израел преку Нетанјаху вели дека војната нема да заврши додека Хамас целосно не се искорени. Според […]

Либан бара меѓународна истрага за ракетниот напад врз Голанската висорамнина


Либан денеска повика на меѓународна истрага за ракетниот напад врз Голанската висорамнина, за што Израел го обвини Хезболах и предупреди дека израелскиот напад врз Либан може да предизвика регионален конфликт. Израел соопшти дека 12 деца на возраст меѓу 10 и 16 години се убиени, а 30 лица се повредени од ракета истрелана од Либан врз […]

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах


Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека има „секакви индикации“ дека ракетата што ја погоди Голанската висорамнина била лансирана од Хезболах, јави Би-Би-Си. Блинкен, исто така, рече дека САД стојат зад правото на Израел да ги брани своите граѓани и додаде дека прекинот на огнот во Газа би бил можност да се донесе трајно смирување […]

Претседателски избори во Венецуела


 Во Венецуела денеска се одржуваат претседателски избори на кои гласачите ќе одлучат дали актуелниот шеф на државата Николас Мадуро ќе добие трет последователен мандат. Мадуро на изборите го предизвикува поранешниот дипломат Едмундо Гонзалес Урутија, кој ја претставува опозицијата, и уште осум други кандидати. Право на глас во Венецуела имаат повеќе од 21 милион граѓани, меѓутоа, […]

Кои се кандидатите за нови еврокомесари во Брисел?


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во четвртокот упати официјално барање до земјите членки на ЕУ да номинираат свои кандидати за еврокомесари најдоцна до 30 август.  Заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста потсети дека по нејзиниот реизбор на функцијата претседателка на Европската комисија минатата недела, Фон дер Лајен најави дека ќе побара […]

Трамп им порача на поддржувачите дека нема да мора да гласаат во иднина: „ Тоа ќе се поправи!“


Доналд Трамп го запали алармот меѓу неговите критичари откако на толпата поддржувачи им кажа дека „нема да мора повторно да гласаат“ доколку го вратат на претседателската функција на изборите во ноември. „Христијани, излезете и гласајте! Само овој пат – нема да мора повеќе да го правите тоа“, рече републиканскиот поранешен претседател  на митингот организиран во […]

Најмалку 487 украински спортисти и тренери се убиени пред Олимпијадата


Три атлетичари кои јавно ја поддржаа војната на Кремљ во Украина треба да се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз во 2024 година и покрај правилата кои бараат неутралност. Правилата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) им дозволуваат на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат само доколку активно не ја поддржуваат војната или не работат за […]

Екстремен топлотен бран го зафати Иран, температурите достигнаа 49,7 степени


Најмалку 225 Ирачани претрпеа топлотен удар откако екстремен топлотен бран го погоди Иран, при што температурите достигнаа 45 степени Целзиусови во некои делови од земјата и 49,7 степени во градот Делган. Топлотниот бран ги принуди иранските власти да го намалат работното време денеска и да наредат сите владини и комерцијални институции да затворат во недела, […]

Полјаците го одобрија контроверзниот закон што го бараа граѓаните: Граничарите сега можат да пукаат во мигрантите


Долниот дом на полскиот парламент го одобри законот за олеснување на условите за употреба на оружје за припадниците на безбедносните сили кои ги чуваат границите. Норма е одговор на инцидентите на границата со Белорусија, каде што мигрантите неколку пати ги нападнаа, па дури и убиле полски војник. Новиот закон има поддршка од јавноста, но критичарите […]

Во Шпанија уапсен еден од најопасните италијански мафијаши во бегство


 Еден од најопасните италијански мафијаши во бегство, член на организацијата Роман камора, Франческо Лапис, е уапсен во Барселона, соопшти денеска шпанската полиција. Како што се наведува, Лапис бил на италијанската листа на „најопасните бегалци“ откако се дознало дека е поврзан со таа организација. Тој е осуден во Италија за шверц на големо количество кокаин, хашиш […]

Кои беа двете мистериозни маскирани фигури на отворањето на Олимпијадата во Париз


  Две маскирани фигури на церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз го украдоа вниманието на гледачите, најпрво кога мистериозен носач на факелот кој  трча преку покривите а потоа јавач со наметка да галопира по Сена на метален коњ за да го предаде олимпиското знаме. Јавачката, Флоријан Исер, подофицер во Националната жандармерија облечена во сребрен […]

Кличко спомна нешто претходно незамисливо – давање територии на Русија


 Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, гласно размислуваше за можноста за територијален компромис за ставање крај на војната. Тоа изненади многумина. Што сака да постигне и што мислат граѓаните на Украина за отстапки кон Русија? Во последните недели повторно интензивно се разговара за можноста за прекин на руската инвазија на Украина на преговарачка маса. Примери се […]

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж


 Железничката станица Сен Шарл во Марсеј денеска пред 9 часот е евакуирана поради оставен багаж. Железничкиот сообраќај е во прекин и се очекуваат доцнења, јави БФМ ТВ. Француските медиуми претходно објавија дека железничкиот сообраќај во земјата се уште е во прекин по вчерашниот „добро подготвен и масовен напад на железничката мрежа“, за кој се уште […]

Голем пожар во Калифорнија – итна евакуација во четири реони


Повеќе од 130 згради се уништени од пожар во Калифорнија, поради што е наредена итна евакуација во четири окрузи, соопштија денеска властите. Пожарот избувна во петокот вечерта и уништи повеќе од 239.000 хектари, приближно колку Сан Диего, што го прави 13-ти најголем шумски пожар во историјата на државата, објави Си-ен-ен. Во гаснењето на пожарот се […]

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа


Потребите за струја во ЕУ би можеле да се задоволат со енергија добиена од ветерници и соларни колектори, без притоа да се предизвикаат штети во производство на храна или животната средина, но тоа зависи од човечкиот фактор, односно од одлуките и изборите на индивидуално и политичко ниво, се посочува во најновиот извештај на невладината организација […]