Франција ќе ги продолжи граничните контроли „колку што е потребно“


Франција планира да ги продолжи проверките на своите граници за да ја спречи илегалната миграција „колку што е потребно“, изјави премиерот Мишел Барние. Претставувајќи ја програмата на неговата нова администрација во Националното собрание, Долниот дом на земјата, Барние рече дека граничните контроли што треба да истечат месецов ќе бидат продолжени, истакнувајќи слични мерки воведени во […]

Саливан: Иранскиот напад врз Израел беше „неефикасен“ и одбиен со помош на САД


Иранскиот напад врз Израел се покажа „неефикасен“ и беше одбиен од израелските сили за противвоздушна одбрана со поддршка на САД, изјави синоќа советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Тој нагласи дека Вашингтон моментално „нема податоци за починати во Израел“ и проверува информации за смртта на еден цивил на окупираниот Западен Брег како […]

Швајцарија: Маж рани три деца со нож во градинка, храбарa вработенa го совлада


Маж денеска со нож упаднал во градинка во швајцарскиот град Цирих и повредил три деца, соопшти локалната полиција, а истакната е улогата на вработенат во градинката која го совладала и го држела до доаѓањето на полицијата. Како што пренесуваат швајцарските медиуми, повикувајќи се на полицијата во Цирих, неименуван маж повредил три петгодишни момчиња, кои се […]

Иран истрела проектили кон Израел


Израелската војска соопшти дека ракетите биле истрелани од Иран кон Израел, пренесува Ројтерс. Веќе има извештаи за активирање на сирени за воздушен напад во Тел Авив, а сега се слушаат предупредувачки сирени во Ерусалим, според новинската агенција. Израелските одбранбени сили (IDF) објавија на мрежата X дека сите израелски цивили се во засолништа бидејќи ракети од […]

Галант разговараше со Остин за „намерите на Иран да го нападне Израел“


Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант попладнево разговараше со неговиот американски колега, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, поради заканата од ирански напад врз Израел. „Двајцата разговараа за намерите на Иран да го нападне Израел, воената соработка за заедничка одбрана и правото на државата Израел да се брани и да дејствува против своите непријатели“, […]

Џими Картер денес наполни 100 години


Поранешниот претседател Џими Картер денеска наполни 100 години, со што стана првиот американски претседател кој дочека троцифрена бројка. Тоа е пресвртница што се повеќе и повеќе Американци ќе ја постигнат во годините што доаѓаат – и нешто за што американската мрежа за социјална заштита не е подготвена. Постпретседателскиот мандат на Картер започна во 1981 година, откако […]

Компаниите во Германија очекуваат поголема продуктивност благодарение на вештачката интелигенција


 Повеќето германски компании, поточно 70 отсто, очекуваат во иднина да постигнат поголема продуктивност благодарение на вештачката интелигенција (ВИ), е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања од Минхен. Резултатот покажува дека многу компании го гледаат потенцијалот во вештачката интелигенција, коментира шефот на истражувањето од Институтот, Клаус Волрабе. Според него, сите компании […]

Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани


 Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.  – Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на […]

Асанж: Ја избрав слободата наместо правдата, слободата на говор е на темна раскрсница


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во вторникот изјави дека е ослободен по години поминати во затвор само затоа што се изјаснил за виновен за „новинарство“, предупредувајќи дека слободата на изразување сега е на „темна раскрсница“. „Денес не сум слободен затоа што функционираше системот. Денес сум на слобода по години поминати во затвор затоа што се […]

Во Тајланд се запали училишен автобус кој превезувал деца на екскурзија. Најмалку 25 загинати


Се стравува дека загинале околу 25 луѓе во Тајланд кога училишен автобус со ученици и наставници на екскурзија се запалил во предградие на главниот град Бангкок, при што 16 патници се хоспитализирани, соопшти владата. Полицијата не можеше веднаш да го потврди бројот на повредени или загинати, но министерот за внатрешни работи Анутин Чарнвиракул изјави за […]

Бројот на загинати од ураганот Хелена во САД се искачи на над 130, милиони без струја


Бројот на жртвите на ураганот Хелена во шест американски држави се искачи на над 130, а милиони луѓе останаа без струја или пристап до интернет. Спасувачките тимови во западните делови на Северна Каролина се обидуваат да стигнат до луѓето чија судбина се уште е непозната, три дена откако ураганот Хелена го опустоши југоисточниот дел на […]

Би-Би-Си на таинствен тропски остров на кој е строго забранет пристап


Диего Гарсија, изолиран остров во Индискиот Океан, е рај со бујна вегетација и бели песочни плажи, опкружен со кристално сино море. Но, ова не е туристичка дестинација. Строго е забранета за речиси сите цивили. Овде се наоѓа тајна британско-американска воена база која со децении е обвиткана со гласини и мистерија. Островот управуван од Лондон е […]

Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија


Украина, како суверена држава, може да носи свои одлуки во врска со нападите врз цели во Русија со сопствено оружје, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, одговарајќи на прашање за можноста Украина да добие дозвола од САД за напади со американско оружје длабоко на територијата на Русија. -Пред сè, на Украина не и […]

Во израелските напади врз Либан за еден ден загинале 95 луѓе


Министерството за здравство на Либан соопшти дека во вчерашните израелски напади загинале вкупно 95 луѓе, а повредени се 172 лица. И во текот на ноќта израелската армија (ИДФ) изврши напади врз јужните предградија на Бејрут, а претходно ги повика да граѓаните да се евакуираат. ИДФ синоќа соопшти дека воспоставила „затворени воени зони“ на границата со […]

Ле Пен на судењето за проневера тврди дека не прекршила ниту едно правило на ЕП


Француската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен се појави вчера пред судот во Париз каде што таа и другите француски десничарски националисти се обвинети дека примале средства за лажниот персонал на Европскиот парламент. Заедно со долгогодишниот лидер на Националниот собир, Марин Ле Пен, меѓу 28-те обвинети за проневера на јавни пари е и нејзиниот татко […]

Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“


 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот е „многу предизвикувачка“ и оти армијата мора да направи сè што може во следните месеци. – Најважно е да извршиме притисок врз Русија користејќи ги сите расположливи средства и алатки за да ја постигнеме нашата цел за вистински и праведен мир за Украина и за […]

Путин нареди регрутирање на 133.000 војници во есенската мобилизација


Рускиот претседател Владимир Путин нареди да се регрутираат нови 133.000 војници во есенската регрутација што започнува денеска и ќе трае до крајот на годината, а според шефот на канцеларијата за регрутирање, новите регрути нема да одат на боиштата во Украина. Декретот на Кремљ, објавен вчера од рускиот државен весник „Росискаја газета“, повикува на мобилизација на […]

Остин: САД и Израел се договорија за „демонтирање на инфраструктурата за напад“ на границата со Либан


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин му понуди поддршка на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „демонтирање на инфраструктурата за напад“ долж границата со Либан. Секретарот Остин ја потврди поддршката на САД за правото на Израел да се одбрани од Иран, либански Хезболах, Хамас, Хутите и други терористички организации поддржани од Иран. Тие се […]

Израелската армија започна „ограничена” копнена операција во Либан


Израелската армија соопшти дека започнала „ограничена и локализирана“ копнена операција против Хезболах во јужен Либан, јави ДПА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа „целни копнени напади врз основа на прецизни разузнавачки информации“, соопшти армијата на социјалната мрежа Х. „Целите се наоѓаат во села во близина на границата и претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен […]

Борел: На Блискиот Исток треба да замолчи оружјето, а да зборува дипломатијата


Масовните израелски напади врз Бејрут и низ цел Либан, што почнаа минатиот петок, иако се насочени кон цели на Хезболах, сепак претставуваат кршење на суверенитетот на една независна држава, изјави синоќа високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по завршувањето на неформалниот онлајн состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки […]