Израелските сили навлегле 400 метри на либанска територија и се повлекле


 Армијата на Либан соопшти дека израелските сили навлегле 400 метри на либанска територија и се повлекле. – Израелските непријателски сили ја пробија Сината линија за околу 400 метри на либанска територија во подрачјето на Кирбет Јарун и Адејсех, а потоа се повлекле по кратко време период“, соопшти армијата. Сината линија е референца за демаркациска гранична […]

Пукано во израелската амбасада во Стокхолм


 Истрели се испукани во израелската амбасада во Стокхолм, потврдија полициските сили во шведскиот главен град за новинската агенција ТТ. Како што пренесува ДПА, нема информации за повредени, а се уште никој не е уапсен. Приближно во исто време со првите повици за истрели во областа на амбасадата, дошле и првите информации дека Иран извршил голем […]

Израел го прогласи генералниот секретар на ОН, Гутереш, за „персона нон грата“


  Израел го прогласи генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за „персона нон грата“ и му забрани влез во земјата и рече дека ќе биде запаметен „како дамка во историјата на ОН“. Објавувајќи ја одлуката на социјалните мрежи, министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац рече: „Денес, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го […]

Важен успех на руските војски, го зазедоа Вухледар


  Руската армија, која повеќе од 2,5 години се обидуваше да го заземе украинскиот град Вухледар, практично го окупирала градот кој се наоѓа на пресекот на источниот и јужниот фронт. Неговата локација може да изгледа стратешки важна, но тоа нема нужно да им дозволи на руските единици да го искористат нивниот успех, особено со оглед […]

Во Лондон почнува правна битка за стотици западни авиони кои се блокирани на руските аеродроми


Лондон – Повеќе од 500 авиони вредни 10 милијарди долари останаа во Русија по февруари 2022 година, а западните закупувачи успеаја да вратат само дел од авионите. Повеќето од нив останаа во Русија и сега ги користат руските авиокомпании. Одржувањето на овие авиони е многу скапо, па нивните сопственици, главно компании за изнајмување авиони, се […]

Ураганот „Хелена“ е втор најсмртоносен ураган во САД во последните 55 години


Вашингтон – Ураганот „Хелена“ е вториот најсмртоносниот ураган во САД во последните 55 години. Повеќе од 160 луѓе загинаа во шест држави – Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати по ураганот поради прекини на струја и отежната комуникација. Тешко погодените региони, вклучително и делови […]

Граѓанска војна во врвот на Европската народна партија


  Има голем раскол во врвот на најголемото политичко семејство во Европа, Европската народна партија (ЕПП). Кадровскиот спор откри кавга во која е вмешан моќниот Манфред Вебер, кој се соочува со редок предизвик од друг моќен играч на ЕПП, Танасис Баколас. Тоа доаѓа кога Вебер – кој е и лидер на групата на ЕПП во […]

Волц и Венс ги спротивставија политиките на потпретседателската дебата


Демократот Тим Волц и републиканецот Џеј-Ди Венс се спротивставија околу кризата на Блискиот Исток, имиграцијата, даноците, абортусот, климатските промени и економијата на потпретседателската дебата на која имаше повеќе политички несогласувања, а помалку лични напади. Венс праша зошто Харис не направила повеќе за решавање на инфлацијата, имиграцијата и економијата додека служела во администрацијата на претседателот Џо […]

САД поддржуваат се што Израел прави против Хезболах, но молчи за тоа


  Високи претставници на Белата куќа приватно му кажале на Израел дека САД ќе ја поддржат неговата одлука да го засили воениот притисок врз Хезболах, иако администрацијата на Бајден изминатите недели јавно ја повика израелската Влада да ги намали своите напади, тврдат американски и израелски официјални лица. Претседателските советници Амос Хохштајн и Брет Мекгурк, координатори […]

Си-Ен-Ен: Меѓу целите на иранскиот напад беше и седиштето на Мосад во Тел Авив


 Меѓу целите на вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел беа аеродроми и писти, како и канцелариите на израелската меѓународна разузнавачка служба Мосад, јави Си-Ен-Ен. – Цел (на иранскиот напад) беше и штабот на Мосад, кој се наоѓа во северниот дел на Тел Авив, во густо населена област и постои загриженост, и покрај тоа што Иран […]

Папата Франциско побара прошка за сексуалната злоупотреба и третманот на жените во Црквата


Папата Франциско вчера водеше молитвена миса во која побара прошка за пропустите на Католичката црква, вклучувајќи го и третманот на свештенството кон жените и жртвите на сексуална злоупотреба, додека католички водачи се подготвуваат за едномесечниот синод во Ватикан. На церемонијата во базиликата Свети Петар, сведочеше и жртва на злоставување која пред стотици бискупи рече дека […]

Клаудија Шејнбаум инаугурирана како прва жена претседател на Мексико


Клаудија Шејнбаум вчера беше инаугурирана како прва жена претседател на Мексико, наследувајќи го нејзиниот ментор, левичарскиот популист Андрес Мануел Лопез Обрадор. – Време е за промени, а време е и за жени, рече Шејнбаум во Мексико Сити по нејзината церемонија на полагање заклетва. Мексиканската претседателка (62) се заблагодари на својот, како што го нарече, „харизматичен“ […]

Реакиции по иранскиот напад врз Израел


Вчерашниот ирански ракетен напад врз Израел наиде на општа осуда во меѓународната заедница, а нападот, како херојски, беше поздравен само од палестинскиот исламистички Хамас и од милицијата Хути во Јемен. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди ширењето на конфликтот на Блискиот Исток и рече дека тоа мора да престане и дека е потребен […]

Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати. Иран вчера истрела околу 200 балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската кампања против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан. -Иран направи голема грешка вечерва – и тие ќе платат за тоа, рече Нетанјаху […]

Израел вети одговор на иранскиот напад


Израелската војска вчера соопшти дека ракетниот напад од Иран завршил и луѓето би можеле да ги напуштат засолништата, ветувајќи му одговор на Техеран на нападот. -По проценката на ситуацијата, беше одлучено дека сега е дозволено да се напуштат заштитените подрачја во сите области низ земјата, се вели во соопштението на израелската армија. Иранскиот ракетен напад […]

Франција ќе ги продолжи граничните контроли „колку што е потребно“


Франција планира да ги продолжи проверките на своите граници за да ја спречи илегалната миграција „колку што е потребно“, изјави премиерот Мишел Барние. Претставувајќи ја програмата на неговата нова администрација во Националното собрание, Долниот дом на земјата, Барние рече дека граничните контроли што треба да истечат месецов ќе бидат продолжени, истакнувајќи слични мерки воведени во […]

Саливан: Иранскиот напад врз Израел беше „неефикасен“ и одбиен со помош на САД


Иранскиот напад врз Израел се покажа „неефикасен“ и беше одбиен од израелските сили за противвоздушна одбрана со поддршка на САД, изјави синоќа советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Тој нагласи дека Вашингтон моментално „нема податоци за починати во Израел“ и проверува информации за смртта на еден цивил на окупираниот Западен Брег како […]

Швајцарија: Маж рани три деца со нож во градинка, храбарa вработенa го совлада


Маж денеска со нож упаднал во градинка во швајцарскиот град Цирих и повредил три деца, соопшти локалната полиција, а истакната е улогата на вработенат во градинката која го совладала и го држела до доаѓањето на полицијата. Како што пренесуваат швајцарските медиуми, повикувајќи се на полицијата во Цирих, неименуван маж повредил три петгодишни момчиња, кои се […]

Иран истрела проектили кон Израел


Израелската војска соопшти дека ракетите биле истрелани од Иран кон Израел, пренесува Ројтерс. Веќе има извештаи за активирање на сирени за воздушен напад во Тел Авив, а сега се слушаат предупредувачки сирени во Ерусалим, според новинската агенција. Израелските одбранбени сили (IDF) објавија на мрежата X дека сите израелски цивили се во засолништа бидејќи ракети од […]

Галант разговараше со Остин за „намерите на Иран да го нападне Израел“


Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант попладнево разговараше со неговиот американски колега, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, поради заканата од ирански напад врз Израел. „Двајцата разговараа за намерите на Иран да го нападне Израел, воената соработка за заедничка одбрана и правото на државата Израел да се брани и да дејствува против своите непријатели“, […]