Хондурас се закани дека ќе ги затвори американските бази доколку Трамп масовно депортира негови граѓани


Тегусигалпа – Претседателката на Хондурас, Ксиомара Кастро денеска се закани дека ќе ги затвори американските воени бази во нејзината земја доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја исполни својата закана дека масовно ќе депортира негови граѓани по преземањето на функцијата. „Соочени со непријателскиот став за масовно протерување“ на Хондурас, „мора да размислиме за промена во […]

Еден загинат во експлозија на „Cybertruck“ на компанијата „Тесла“ пред хотелот на Трамп во Лас Вегас


Лас Вегас – Најмалку едно лице загина, а седум се поврдени  во експлозија на електричен автомобил  „Cybertruck“  на компанијата „Тесла“, на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, што бил паркиран пред хотелот на новиот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, во сојузната држава Невада. Шерифот од Лас Вегас, Кевин Мекмахил, на прес конференција изјави […]

Макрон призна дека згрешил што распиша предвремени избори


  Францускиот претседател Емануел Макрон во својот новогодишен говор призна дека одлуката за распишување предвремени парламентарни избори во јуни создаде поголема политичка нестабилност во земјата, пренесе АФП. „Остроумноста и понизноста ме принудуваат да признаам дека оваа одлука создаде повеќе нестабилност отколку мир, и јас целосно го препознавам тоа“, рече Макрон во телевизиско обраќање пред новогодишните […]

Маск ја дочека Новата година со Трамп на Флорида (ВИДЕО)


Американскиот милијардер Илон Маск ја дочека Новата година во резиденцијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Мар-а-Лаго на Флорида, каде Трамп приреди гала вечера. Маск го носел на раменици својот четиригодишен син кога пристигнал на имотот на Трамп, објави американски „Сан“. 🚨President Trump, Elon Musk, and Musk’s son X are celebrating New Year’s Eve together […]

Американски судија се самоуби во судница


Судија од американската сојузна држава Џорџија се самоуби пукајќи си во глава во судницата каде што работел. Судијата Стивен Јекел (74) беше пронајден мртов вчера, на неговиот последен ден на работа, откако ја загуби кандидатурата за реизбор, пренесува WSAV. Телото на Јекел го пронашол заменикот на шерифот околу 10 часот во Државниот суд во округот […]

Саудиска Арабија погуби шест ирански државјани поради шверц на дрога


Саудиска Арабија денеска соопшти дека погубила шест Иранци осудени на смрт за шверц на дрога, а во изминатата година, според официјални податоци, во таа земја биле егзекутирани рекордни 338 лица. Шест Иранци биле егзекутирани во Дамам, на истокот на Саудиска Арабија, поради „тајно внесување хашиш“ во земјата, соопшти саудиското Министерство за внатрешни работи, без да […]

И покрај лошото време, Лондон имаше спектакуларен огномет (видео)


Десетици илјади луѓе ја дочекаа 2025 година на бреговите на реката Темза додека Лондон му пркосеше на времето со спектакуларен огномет. Британската метеоролошка служба издаде бројни временски предупредувања за новогодишната ноќ низ целата земја, речиси за сите региони. Лошото време доведе до откажување на прославите на отворено во Единбург и други места низ Велика Британија, […]

ФБИ: Смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс е „терористички чин“


Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“. Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ.  Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Најмалку 10 […]

Погледнете како Сиријците ја дочекаа Новата година. „Вака изгледа слободата“ (видео)


Сириските градови го одбележаа почетокот на новата година со огромни прослави во услови на засилени безбедносни мерки, само неколку недели по соборувањето на поранешниот владетел Башар ал Асад. Во главниот град Дамаск, толпи се собраа на централниот плоштад Омајад за да бидат сведоци на огромен огномет. Плоштадот вриеше од толпи луѓе кои вееја знамиња на […]

Десет загинати, 30 повредени откако автомобил удри во толпа луѓе во Њу Орлеанс


Њу Орлеанс- Десет лица загинаа, а 30 се повредени откако возило влета во поголема група луѓе во Њу Орлеанс на раскрсницата на улиците Канал и Бурбон, според официјалните информации на градската агенција за подготвеност за итни случаи, НОЛА Реди. Полицијата во моментов истражува инцидент со голем број жртви во кој учествуваше возило кое удри во […]

Орбан загуби милијарда евра од ЕУ, владеењето на правото се крши во Унгарија


  Унгарија го загуби правото на помош од ЕУ вредна околу една милијарда евра поради кршење на владеењето на правото, бидејќи реформите требаше да се спроведат до крајот на 2024 година, потврди за ДПА портпаролката на Европската комисија, пишува Хина. За да ги ослободи средствата, земјата мораше да спроведе реформи до крајот на 2024 година. […]

Црна новогодишна ноќ во Германија: Пет лица загинаа поради пиротехнички средства


Во Германија за време на новогодишната ноќ починале пет лица, а причина за смртта во сите пет случаи била употребата на пиротехнички средства, пишува Билд. Првиот случај е регистриран во сојузната покраина Саксонија околу 18 часот и 30 минути, кога 50-годишен маж се обидел да запали огномет со семејството, но дошло до експлозија во која […]

Преседан во Јужна Кореја: Судот одобри апсење на актуелниот претседател


Судот во Сеул го одобри апсењето на сè уште актуелниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, како дел од истрагата за прогласувањето вонредна состојба на 3 декември претходната година. Како што соопшти судот во главниот град на оваа земја во одлука која претставува сериозен преседан, тие добиле барање за распишување налог за апсење на […]

Што не чека во новиот свет на вештачка интелигенција?


Еерата на  вештачка интелигенција  брзо се приближува и е пред нас. Аналитичарите се загрижни дали вештачката интелигенција ќе биде уште покорисна за авторитарните лидери за да можат поуспешно да манипулираат и дезинформираат. Според генералот Ник Картер, поранешен началник на одбрана во Обединетото Кралство и Робин Скот, извршен директор и ко-основач на Аполитикал „ победниците во […]

Советот за безбедност на ОН од денеска има пет нови непостојани членки


Њујорк – Грција, Данска, Пакистан, Панама и Сомалија од денеска се нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН со двегодишен мандат. Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет се постојани со право на вето – Франција, Велика Британија, САД, Кина и Русија, а 10 се избираат за период од […]

2024 според бројките: Од војни до планета која се самоуништува


БРИСЕЛ – Во 2024 година поттикнува посебно чувство на дежа ву. Сирија се врати во вестите, европските лидери мораа повторно да се фокусираат на миграцијата, а преку Атлантикот, Доналд Трамп се подготвува за враќање во Белата куќа, предизвикувајќи потресни бранови кај политичкиот естаблишмент во невидена година на избори. Војните што ја дефинираа 2023 година продолжуваат […]

Финска од Малта го презема едногодишното претседавање со ОБСЕ


Хелсинки – Финска денеска од Малта го презема едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а шефицата на дипломатијата Елина Валтонен ќе биде претседавач. Валтонен најави дека Финска за време на претседавањето ќе ги нагласи принципите и обврските на ОБСЕ. – Иако Русија флагрантно ги прекршува, тие сè уште се во […]

Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025 година


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање до нацијата рече дека неговата земја „ќе стори се“ за да ја заврши војната со Русија во 2025 година. – Нека 2025 биде наша година. Година на Украина. Знаеме дека мирот нема да ни биде даден за подарок, но ќе направиме се за да ја […]

Светот со забави и огномети ја дочека 2025 година


Њујорк – Светот го почна своето патување во новата година. Во Њујорк 2025 година се дочека со традиционалното „паѓање на топката“ на Тајмс Сквер додека конфети и дожд паѓаа врз насобраните стотици илјади луѓе. Огромен број луѓе ја дочекаа Новата година со огномет и музика и во бразилската метропола Рио де Женеиро. Традиционалниот 12-минутен огномет […]

Дури 90 отсто од жителите на Порторико Новата година ја дочекуваат во темница: Можеби два дена ќе нема струја


Порториканците останаа без струја на последниот ден од 2024 година, откако дефект на мрежата го опфати речиси целиот остров. Без струја утрово по локално време останале близу 90 отсто од потрошувачите, објави порталот на компанијата за дистрибуција на енергија ЛУМА Енерџи. Најверојатно ќе бидат потребни 24 до 48 часа за светлата да се вратат „доколку […]