Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: украински области заземени од Русија во замена за Курск


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија. – Ќе размениме една територија за друга, изјави Зеленски во интервју за британскиот весник Гардијан. Тој […]

Европа и Канада лани обезбедиле повеќе помош за Украина од САД


Членките на НАТО ја постигнаа својата цел во 2024 година и обезбедија повеќе од 50 милијарди евра безбедносна помош за Украина, а Европа и Канада придонесоа повеќе од половина, изјави денеска портпаролката на НАТО, Алисон Харт. -Повеќе од половина од ова доаѓа од европските сојузници и од Канада, рече таа, додавајќи дека преостанатата помош за […]

Италијанската полиција уапси 181 лице во обид да спречи враќање на мафијата во Сицилија


Италијанската полиција изврши серија рации против мафијашки кланови кои дејствуваат во и околу Палермо, Сицилија. Во големата операција учествуваа повеќе од 1.200 полицајци, а воената полиција на Карабинерите соопшти дека акцијата била насочена кон развојот на мафијата во областа. Во рациите, најголеми во последните неколку години, италијанските власти се обидоа да го спречат заживувањето на […]

САД и Велика Британија не ја потпишаа oсновната декларација на Самитот за вештачка интелигенција во Париз


САД и Велика Британија не ја потпишаа основната декларација на Самитот за вештачка интелигенција во Париз, насловен „Становиште за инклузивна и одржлива вештачка интелигенција“. Меѓу приоритетите наведени во документот се „да се гарантира дека вештачката интелигенција е отворена, инклузивна, транспарентна, етичка, безбедна, сигурна, надежна и дека заслужува доверба, земајќи ги предвид меѓународните рамки за сите“, […]

Лајен од Париз најави 200 милијарди евра инвестиции во вештачката интелигенција


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на Самитот за иднината на вештачката интелигенција во Париз најави нова иницијатива на ЕУ наречена „ИнвестАИ“, чија цел е мобилизирање на 200 милијарди евра за инвестиции во развојот на вештачката интелигенција, како и нов европски фонд вреден 20 милијарди евра за поддршка на овој индустриски сектор.  […]

Трамп го помилува Род Благоевич, можеби ќе биде амбасадор во Србија


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот вечерта издаде целосно помилување за поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благоевич. Помилувањето, кое прв го објави „Аксиос“, следува по известувањето дека Благојевич може да биде назначен и за амбасадор во Србија. Тоа ќе го отслика случајот на Чарлс Кушнер, кој беше осуден за затајување данок и беше […]

Повеќе од 170 бомби од Втората светска војна откриени под детско игралиште во Англија


Повеќе од 170 бомби од Втората светска војна се откриени под детско игралиште во северна Англија, соопштија официјални лица, а според медиумите, се верува дека ќе бидат пронајдени уште. Првите бомби, кои сè уште имаат полнење, беа откриени во јануари на игралиште во градот Вулер, Нортамберленд, објави Би-Би-Си. Досега се пронајдени вкупно 176 бомби, а […]

Во антимафијашка операција на Сицилија уапсени 181 лице


За време на голема операција против членови на мафијата во областа Палермо, уапсени се 181 лице, меѓу кои и водачи и изнудувачи од различни мафијашки групи. Истрагата ја водеа карабинерите, а ја координираа обвинителот Маурисио де Лусија и заменик-обвинителката Марсија Сабела. При операцијата е откриен обид на Коза Ностра да ја обнови својата регионална структура […]

Северна Кореја и обезбедила на Русија 200 артилериски проектили со голем дострел


Северна Кореја и обезбеди на Русија 200 парчиња артилериски проектили со голем дострел, изјави официјален претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана. Пјонгјанг и дал на Москва „околу 11.000 војници, проектили, 200 парчиња артилериски проектили со голем дострел и значителна количина муниција“, рече официјалниот претставник во изјава за француски медиуми. Тој додаде дека тие можат „дополнително […]

„Украина можеби еден ден ќе биде руска“, вели Трамп


  Американскиот претседател Доналд Трамп ја изнесе идејата дека Украина „можеби некогаш ќе биде руска“, додека неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс се подготвува да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна оваа недела. Притискајќи да се стави крај на речиси тригодишната војна со Русија, Трамп разговараше за конфликтот во интервју за телевизијата Фокс њуз што […]

Шолц: Европа заедно ќе одговори на американските тарифи


 Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Европската унија ќе биде обединет фронт на Вашингтон откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршни наредби за воведување царини од 25 отсто за челик и алуминиум. „Ако САД не ни остават друг избор, тогаш Европската унија ќе дејствува заедно како најголем пазар во светот“, рече Шолц во Парламентот. […]

Фон дер Лајен за американските царини: Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи


Длабоко жалам поради одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум, објави претпладнево на Икс претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – ЕУ ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси. Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи, наведе Фон дер Лајен во реакција на одлуката […]

(Видео) Трамп потпиша извршна наредба: Се враќаме на пластичните сламки


Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки. „Се враќаме на пластичните сламки“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа додека ја потпишуваше наредбата.   Претходникот на Трамп, демократот Џо Бајден, предложи еколошки мерки за намалување на потрошувачката на пластика за еднократна […]

ТИ: Дури 47 земји пониско рангирани од лани на Индексот за перцепција на корупцијата


Многу земји го имаат своето најлошо рангирање во последната деценија во годишниот Индекс на перцепција на корупцијата на невладината организација Транспаренси интернешнал. Меѓу нив се земји како САД и Франција, како и земји како Русија и Венецуела. Транспаренси интернешнал ообјави дека 47 земји од 180 ги забележале своите најлоши резултати во борбата против корупцијата минатата […]

Полска активира авиони по руските напади


Варшава – Полските вооружени сили утринава соопштија дека Полска активирала авиони за да обезбеди безбедност во областите во близина на границата со Украина, откако Русија изврши воздушни напади врз Украина. Полските сили ја следат ситуацијата, се наведува на Х. Исто така е соопштено дека полските сили веднаш ќе одговорат на какви било закани. Русија во […]

Пентагон им забрани на трансродовите лица да се приклучат на војската


Вашингтон – Американската војска повеќе нема да прифаќа трансродови лица и ќе престане да помага во процедурите за промена на полот на своите членови, се вели во писмото доставено до судот од министерот за одбрана Пит Хегсет. „Со примена веднаш, се става пауза на сите нови приеми на лица со историја на родова дисфорија“, се […]

„САД повеќе не се фактор на стабилност, туку ризик поголем од Русија“


Минхен – САД повеќе не се фактор на стабилност, туку претставуваат ризик поради територијалните претензии на претседателот Доналд Трамп кон Гренланд и Панама, како и изјавите дека Канада треба да стане 51-та држава на САД, се вели во извештајот на организаторите на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), што ќе започне на 14 февруари. Извештајот се фокусира […]

Бела куќа: Санкции од САД за Карим Кан, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд


Хаг –  Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан е првата личност која е засегната од економските и визните санкции наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп против судот поради истрага за воени злосторства од американски граѓани или американски сојузници, соопшти Белата куќа. Кан беше наведен во анекс на извршната наредба вчера што Трамп ја […]

Зеленски: Тимот на Трамп пристигнува во Украина – се бара начин да заврши војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека „сериозни“ членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посетат Украина за прв пат оваа недела, бидејќи се интензивираат дипломатските напори за ставање крај на војната со Русија. Зеленски рече дека посетата ќе се случи пред Минхенската безбедносна конференција, која ќе трае од 14 до […]

Трет американски судија ја блокираше наредбата на Трамп за укинување на државјанството по право на раѓање


Вашингтон– Американскиот судија Џозеф Н. Лапланте е трет федерален судија, кој ја блокираше извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за укинување на државјанство кое по автоматизам се добива по раѓање на деца од лицата кои илегално се во САД. Лапланте наведе дека не е убеден во одбраната на извршната наредба на администрацијата на Трамп и […]