Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла лава


Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, повторно почна да исфрла лава на Големиот остров во тој архипелаг, објавија денеска американските медиуми. Овој вулкан, на околу 320 километри од главниот град Хонолулу, исфрла лава наизменично речиси два месеци, од 23 декември, пренесува „Ен-би-си њуз“. Засега ниту едно населено место не е во опасност […]

Враќањето на границите на Украина пред 2014 е „нереално“, изјави американскиот министер за одбрана


  Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во средата рече дека е „нереално“ и „илузорно“ да се стремиме кон враќање на границите на Украина како што беа пред 2014 година, кога Русија го анектираше Крим и ги поддржа сепаратистите кои зазедоа делови од источниот дел на земјата. Забелешките се досега најјасен показател дека Соединетите Држави […]

Трамп го прими во Белата куќа американскиот учител ослободен од Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека американскиот учител Марк Фогел во Белата куќа доцна синоќа, откако Фогел беше ослободен од Русија каде што беше притворен од август 2021 година поради внесување на медицински препишана марихуана во земјата. „Се чувствувам како најсреќниот човек на Земјата во моментов“, рече Фогел додека стоеше до Трамп. Фогел ги пофали […]

Шведската влада: Училиштата и предучилишните установи ќе мора да ги зголемат безбедносните мерки


Сите шведски училишта и предучилишни установи ќе мора да направат безбедносни планови со цел да ги задржат неовластените лица подалеку од нивните простории, соопшти денеска шведската Влада. „На пример, тоа би можело да вклучува… регистар за упис, контроли и систем за заклучување на вратите“, рече министерот за образование Јохан Персон, но додаде дека на училиштата […]

Кремљ: Русија никогаш нема да ги замени украинските територии за области под контрола на Киев во Курск


Кремљ денеска соопшти дека Русија никогаш нема да разговара за размена на украинските територии што ги зазеде за областите под контрола на Киев во руската област Курск. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за весникот Гардијан дека тој има намера да и понуди на Русија размена на територии за да се стави крај на војната, вклучувајќи […]

Должничката бомба на ЕУ почнува да одбројува


БРИСЕЛ – Преговорите за следниот седумгодишен централен буџет на ЕУ – вообичаено најпроблематичниот и најспорниот од сите во Брисел – почнаа. Кога ќе се состанат во вторник, 27-те комесари на ЕУ ќе го утврдат темпото на трошење за следниот период, кој ќе трае од 2028 до 2034 година. Разговорите за повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) обично […]

Трамп го именува Гренел за директор на Центарот „Кенеди“, а себеси за претседател


  Претседателот Доналд Трамп го именуваше советникот за надворешна политика и лојалист Ричард Гренел за привремен извршен директор на Центарот „Кенеди“ во понеделникот, неколку дена откако самиот се назначи за претседател, зацврстувајќи ја својата контрола врз иконата на американска културна институција. „Рик ја споделува мојата визија за ЗЛАТНО ДОБА на американската уметност и култура и […]

Малезискиот премиер и Ердоган ја насмеа јавноста со возење во автомобил: „Прв пат без обезбедување“


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отпатува во Малезија во официјална посета, а премиерот на земјата Анвар Ибрахим му приреди необичен пречек. Покрај официјалните состаноци, Ибрахим реши да му овозможи на Ердоган да се повози со автомобил Togg од турско производство. Ердоган му ја покажа на Ибрахим внатрешноста на автомобилот и го запозна со карактеристиките на […]

Утре нема летови до и од Белгија – национален штрајк против економските политики


Национален штрајк против економската политика на новата федерална влада е закажан за утре во Белгија, објавија локалните медиуми. Планирано е на протестот да се приклучат и контролори на летање, што ќе доведе до затворање на воздушниот простор. Поради оваа причина утре нема да има редовни летови до и од Белгија, а авионите кои летаат над […]

Данците сакаат да ја купат Калифорнија


  Откако се врати на претседателската функција минатиот месец, Доналд Трамп повика Канада да стане 51-та американска држава, сугерираше дека можеби ќе го преземе Панамскиот канал, зборува за американска сопственост на Газа – и се обиде да го купи Гренланд. Сега, Данска – која е сопственик на Гренланд – возвраќа. Повеќе од 200.000 Данци потпишаа […]

Конгресмен бара Гренланд да се преименува во „Црвена, бела и сина земја“


Ерл „Бади“ Картер, републикански член на Конгресот лојален на Доналд Трамп, претстави нацрт-закон со кој ќе им се дозволи на САД да го стекнат Гренланд, самоуправувачка данска територија и да го сменат своето име во патриотска референца на американското знаме. „Америка се врати и наскоро ќе биде поголема од кога било со додавање на Црвените, […]

Арапска лига: Раселувањето на Палестинците од нивните територии е „неприфатливо“ за регионот


 Раселувањето на Палестинците од нивните територии во Појасот Газа и Западниот Брег е „неприфатливо“ за регионот, изјави денеска генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит. „Тоа е неприфатливо за арапскиот свет кој се бори со оваа идеја 100 години“, рече тој на самитот на светските влади во Дубаи, на прашањето за планот на американскиот […]

Трамп: Можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите кои ги блокираат напорите за намалување на трошоците


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите“ кои, како што рече, ги блокираат напорите за намалување на трошоците на владините агенции. За време на заедничкото обраќање од Овалната соба во Белата куќа, Трамп и шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск рекоа дека има […]

Трамп: Уште еден затвореник ќе биде ослободен в среда со договор за затвореници со Русија


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави доцна синоќа дека уште еден американски затвореник ќе биде ослободен денеска, додека во Белата куќа се сретнал со Марк Фогел, кој беше ослободен од затвор во Русија. Засега нема информации дали и тоа лице ќе биде ослободено од затвор од Русија.  Опишувајќи го договорот за затворениците со Русија […]

Белата куќа го разреши генералниот инспектор на УСАИД


Вашингтон- Белата куќа го разреши генералниот инспектор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) Пол Мартин. Генералните инспектори вршат надзорни функции и имаат задача да спречат измама и злоупотреба во владините служби.  Maртин беше назанчен на функцијата во 2023 година. Отказот го добил по е-пошта, јавија американските медиуми. Канцеларијата на Мартин во понеделникот објави извештај во […]

Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија


 Портпаролот на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ изјави дека Русија е подготвен да произведува борбени авиони од петта генерација Су-57 во Индија за потребите на индиските воздухопловни сили. Тој додаде дека производството на авионите би можело да почне уште годинава, ако Владата на Индија го прифати предлогот. – Изработката на авионите во Индија, со […]

Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа


Разузнавачката служба на Данска во денешниот извештај наведува дека Русија може да биде целосно подготвена за војна против Европа пет години од завршувањето на војната во Украина. Во извештајот се посочува дека врз основа на анализите за заканите, САД нема да учествува заедно со земјите-членки на НАТО во таквата војна. Според данската разузнавачка служба Русија […]

Роули: Апсурдно е да не може да се отпушти полицаец обвинет за силување


Комесарот на лондонската полиција Марк Роули изјави дека е апсурдна судската одлука да не може полицајците да добијат отказ дури и ако се обвинети за силување или други тешки кривични дела. Неговата изјава уследи откако денеска Врховниот суд ја поништи одлуката за одземање на дозволата на наредник, кој беше обвинет за силување и имаше други […]

Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: украински области заземени од Русија во замена за Курск


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија. – Ќе размениме една територија за друга, изјави Зеленски во интервју за британскиот весник Гардијан. Тој […]

Европа и Канада лани обезбедиле повеќе помош за Украина од САД


Членките на НАТО ја постигнаа својата цел во 2024 година и обезбедија повеќе од 50 милијарди евра безбедносна помош за Украина, а Европа и Канада придонесоа повеќе од половина, изјави денеска портпаролката на НАТО, Алисон Харт. -Повеќе од половина од ова доаѓа од европските сојузници и од Канада, рече таа, додавајќи дека преостанатата помош за […]