Унгарскиот парламент денеска гласа за забрана за собири на ЛГБТК


 Пратениците во Унгарија денеска треба да гласаат за контроверзниот уставен амандман кој активистите за човекови права го опишаа како сериозна ескалација во напорите на владата да го задуши несогласувањето и дополнително да ги ограничи човековите права. Амандманот, поддржан од премиерот Виктор Орбан и неговата десничарска популистичка партија Фидес, се обидува да ја внесе неодамнешната забрана […]

Калас: Потребни ни се успешни приказни во процесот на проширување на Западниот Балкан


Процесот на проширување на Европската Унија е нешто видливо и затоа ни се потребни успешни приказни во неговото спроведување на Западниот Балкан, порача утрово високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата во Луксембург. – Гледаме како тензиите растат (во […]

Руски ракети убија 34 лица во Суми, Трамп вели Русија по грешка го гранатирала центарот на градот


 Две руски балистички ракети вчера го погодија самиот центар на северниот украински град Суми, при што загинаа најмалку 34 лица, а беа повредени 117, во најсмртоносниот напад врз Украина оваа година, соопштија украинските власти. На нападот реагираше и Трамп. Тој рече дека рускиот напад врз Суми бил страшен. -Мислам дека е страшно. Ми кажаа дека […]

Уапсен осомничен за подметнување пожар во резиденцијата на гувернерот на Пенсилванија


Полицијата во Пенсилванија уапси 38-годишен маж по име Коди Балмер, осомничен дека подметнал пожар во службената резиденција на гувернерот на сојузната држава, Џош Шапиро. Инцидентот се случил во првата ноќ на еврејскиот празник Пасха, кога гувернерот бил дома со семејството во Харисбург. Тие биле разбудени од безбедносните служби околу 2 часот по полноќ и веднаш […]

Трамп најави дека ќе започне истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД


 Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе започне трговска истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД. Трамп, исто така, го повтори својот став дека исклучувањето на паметните телефони и компјутерите од реципрочните царини против Кина ќе биде краткотрајно. Американската Агенција за царина и гранична заштита во петокот објави ново […]

Си: Кина и Виетнам треба да ги зголемат напорите за изградба на заедница со заедничка иднина


Кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека Кина и Виетнам треба да ги зголемат своите напори на сите фронтови за да изградат заедница со заедничка иднина и да придонесат повеќе за мирот, стабилноста, развојот и просперитетот во Азија и во светот воопшто, објавија кинеските медиуми. Кинескиот лидер, кој денеска пристигнува во дводневна посета во Виетнам, го […]

Мерц: Ќе го ограничиме бројот на баратели на азил на 100.000 годишно


Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека новата федерална влада ќе се стреми бројот на баратели на азил да не надмине 100.000 годишно, јави ДПА. – Нашите градови, училишта, болници и инфраструктура се веќе на работ на издржливост, изјави Мерц за германската телевизија АРД. Тој го потврди планот за запирање на спојувањето на семејства и […]

Најмалку четворица повредени по напад со дронови врз Одеса


Одеса и регионот беа нападнати од над 10 дронови од Црното Море, објави градоначалникот на градот Генадиј Труханов на апликацијата Телеграм. Во градот одекнаа силни експлозии, додаде тој. Според прелиминарните информации, најмалку четири лица се повредени во нападот, изјави претседателот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер. -Непријателот ја нападна Одеса и регионот со […]

Европјаните масовно ги откажуваат патувањата во САД, еве зошто


Бројот на европски туристи кои ги посетуваат Соединетите Американски Држави бележи пад по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.   Според податоците на Меѓународната трговска администрација (ИТА), бројот на патници од Западна Европа кои останале барем една ноќ во САД се намалил за 17 отсто во март оваа година во споредба со истиот период […]

Болсонаро повторно опериран


Бразилија – Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денеска е подложен на дополнителна операција на абдоменот поради силни болки, објави болницата во главниот град Бразилија, јави ДПА.  Болницата DF Star соопшти дека адхезиите во неговото тенко црево биле отстранети за време на операцијата.  На поранешниот шеф на државата лекарите претходно му дијагностицираа опструкција на дебелото црево, потестува […]

Трамп е здрав, само има 102 килограми


Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, е „целосно способен“ да ги извршува должностите на претседател, се наведува во меморандумот што Белата куќа го објави денеска по редовниот годишен лекарски преглед на Трамп.  Во белешката се наведени резултатите од лабораториските тестови, физичките прегледи и когнитивниот тест и се заклучува дека Трамп се уште е во „одлично здравје“.  […]

Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници


Рим – Папата Франциск, кој закрепнува од тешко воспаление на белите дробови, денеска неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар на десетеина минути, поздравувајќи ги верниците кои дојдоа на празникот Цветници.  Папата (88) седеше во својата инвалидска количка и изгледаше дека е во релативно добра форма. Немаше назална канила за кислород, се движеше низ плоштадот […]

Авион со шест лица се урна во државата Њујорк


Олбани – Двомоторен авион со шест патници се урна во калливо поле на северот од американската држава Њујорк, соопштија локалните власти. Заменик-шефот на полицијата во округот Колумбија, Жаклин Салваторе, информираше дека службите реагирале по добиен повик на бројот за итни случаи 911. Таа изјави дека несреќата завршила со фатални последици, но одби да прецизира колку лица […]

Долари или евра за одбраната? Тешко трансатлантско прашање за зајакнување на европската одбрана


Решително се движиме кон силна и посуверена одбрана на Европа, изјави неодамна претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по кризниот Самит на лидерите на ЕУ, чија цел беше одобрување на Планот за повторно вооружување на Европа, наспроти растечката закана од реваншизам од страна на Русија. – Зборовите ќе ги претвориме во дела, потенцира поранешниот премиер […]

Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург


Брисел – Во пресрет на утрешниот Совет за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ), вечерва во Луксембург ќе се одржи неформална вечера на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија и на државите од Западниот Балкан.  Вечерата, чиј домаќин е високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ќе претставува […]

Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за опремување и обука на украинска бригада


Осло – Норвешкото влада ќе одвои 10 милијарди норвешки круни (939 милиони долари) за опремување и обука на украинска воена бригада, јави Укринформ повикувајќи се на соопштение од норвешката влада. – Норвешка стои заедно со Европа во поддршката за Украина – политички, економски и воено. Изградбата на поголеми копнени сили е од клучно значење за Украина […]

Авторитарните режими се потпираат на специјална полиција


Големиот терор во Советскиот Сојуз во 1937-38 година се случи за време на вонредна состојба која бараше од сите полицајци да се потчинат на НКВД и нејзините специјални задачи Американскиот историчар Тимоти Снајдер во 2017 година објави една куса книга „За тиранијата“ во која ги искористи најтемните моменти во историјата на дваесеттиот век, од нацизмот […]

Десетици илјади „патриоти“ во Варшава славеа илјада години од Кралството Полска


  Десетици илјади Полјаци денеска минаа низ центарот на Варшава на патриотски марш повикан од најсилната опозициска партија Право и правда и нејзиниот лидер Јарослав Качињски за заедно да ја прослават 1.000-годишнината од крунисувањето на Болеслав I Храбриот за крал на Полска и 500 години откако Војводството Прусија стана феуд на полската круна. Маршот, кој […]

Трамп попушти пред „Епл“: Паметните телефони и компјутерите ќе бидат исклучени од царините за Кина


  Паметните телефони и компјутерите се меѓу многуте технолошки уреди и компоненти кои ќе бидат ослободени од реципрочните тарифи наметнати од претседателот Доналд Трамп, според новите упатства од Царината и граничната заштита на САД, јавува американската тв-мрежа Си-Ен-Би-Си. Упатството, издадено доцна навечер во петокот, доаѓа откако Трамп на почетокот на овој месец воведе царини од […]

Трговскиот тим на Трамп брка 90 договори за 90 дена. Експертите велат со среќа во тоа


  Администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака да склучи 90 трговски договори за 90 дена, но предизвиците за брзо решавање на трговската војна на претседателот се веќе очигледни. Шефот за трговија на Европската унија Марош Шефчович во понеделник ќе биде меѓу првите претставници на надворешната трговија што ќе дојде во Вашингтон на итни преговори за […]