Трамп одбива да го врати погрешно депортираниот човек и покрај одлуката на Врховниот суд


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп и претседателот на Ел Салвадор, Наиба Букела, јасно ставија до знаење за време на состанокот во Овалната соба дека маж од Мериленд, кој неправедно беше депортиран во Ел Салвадор, нема да биде вратен во Соединетите држави. Иако американскиот Врховен суд одлучи дека американските власти мора да го „олесни“ враќањето на […]

Американски државјанин осуден на психијатриско лекување во Русија


 Рускиот суд синоќа пресуди дека државјанин на САД не може кривично да одговара за своите постапки во врска со нападот на полицаец и го префрли на лекување во руска психијатриска болница, соопшти Градскиот суд во Москва. Во соопштението објавено на апликацијата Телеграм, судската служба објави дека Џозеф Татер е ослободен од одговорноста во врска со […]

Гувернерот на Сумската област потврди дека имало собир на воен персонал во украинскиот град Суми


Гувернерот на украинската област Суми, Володимир Артјух, потврди дека во градот имало собир на воен персонал за време на рускиот ракетен напад, но рече дека тоа не било на негова иницијатива, јави ДПА. Володимир Артјух синоќа за информативната веб-страница „Суспилне“ изјави дека бил поканет на собирот. Тој не откри кој ја иницирал средбата, истакнувајќи: „Тоа […]

Зеленски: Русија отворено одбива да се согласи на прекин на огнот


 Украина никогаш не сакаше ниту еден момент од оваа војна, рече претседателот Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање, цитирано од украинските медиуми. Зеленски истакна дека тоа веќе стана навика на руската страна – да води војна против соседите, да извезува омраза и да уништува човечки животи. -Сите сакаме ова да заврши. Потребен е мир […]

НАТО размислува за нова цел: 3,5 отсто за одбрана и дополнителни 1,5 отсто за цивилна подготвеност


 Членките на НАТО разгледуваат можност за утврдување нова цел за трошење средства – не само за воените буџети, туку и за цивилна одбрана и поддршка на Украина, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон. Многу земји од Алијансата ги зголемија воените расходи по руската инвазија врз Украина во 2022 година, но сега се под притисок од американскиот […]

Католичката црква го прогласи архитектот на Саграда Фамилија за „чесен слуга Божји“


Католичката црква денеска го прогласи каталонскиот архитект Антони Гауди (1852-1926), најпознат по величествената црква Саграда Фамилија (Светото семејство) во Барселона, за „чесен слуга Божји“, што е првиот чекор на патот кон светост, соопшти Ватикан. Во Римокатоличката црква оваа титула се доделува на починато лице кое постигнало одреден степен на светост, но сè уште не е […]

„Политико“: Трамп сака да го скрати буџетот на Стејт департментот за половина


  Администрацијата на Трамп сака да побара од Конгресот да ги намали буџетите на Стејт департментот и УСАИД за речиси половина, бидејќи продолжува со напорите за драматично намалување на владините трошоци, се вели во документот до кој дојде американското издание на „Политико“. Предлогот за фискалната 2026 година ќе додели 28,4 милијарди долари на државата и […]

Зеленски го обвини Џеј-Ди Венс за „оправдување“ на руската војна против Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс дека „некако ја оправдува“ руската брутална инвазија на Украина, што е негов најкритичен коментар за високиот американски политичар од нивната жестока размена на мислења во Овалната соба во февруари. Зборувајќи за американската информативна програма 60 минути, Зеленски рече дека некои функционери во американската влада стануваат […]

ФТ: На претставниците на ЕУ во САД им се дадени уреди за еднократна употреба поради опасноста од шпионажа


Европската комисија одлучи на претставниците на мисијата во САД да им подели мобилни телефони и лаптопи за еднократна употреба за да се избегне ризикот од шпионажа, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори. Комесарите и официјалните лица кои ќе присуствуваат на состаноците на ММФ и Светска банка следната недела во Вашингтон добија нови упатства слични […]

Париз им рече „au revoir“ на автомобилите, уште 500 улици стануваат пешачки зони


Во текот на изминатите 20 години, Париз претрпе значителна трансформација, заменувајќи ги автомобилските патишта со велосипедски патеки, додавајќи зелени површини, а отстранети се 50.000 места за паркирање. Дел од таа придобивка беше невидлива – содржана во самиот воздух. „Ерпариф“, независна организација која го следи квалитетот на воздухот во парискиот регион, оваа недела објави дека нивото […]

Киев побара лидерите на ЕУ да дојдат на 9 мај во Киев како контра на Москва


Владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски ги покани највисоките европски претставници на 9 мај во Киев како демонстрација на дипломатска сила против годишната воена парада на рускиот претседател Владимир Путин во Москва истиот ден. Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха во понеделникот ја упати поканата до своите колеги од Европската унија за време на собирот […]

Сијарто ги нарече „фанатични“ мерките на ЕУ за Украина


„Збир на фанатични, провоени иницијативи на денешниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ. Милијарди повеќе за Украина, повеќе оружје, распоредување воени советници, нови санкции за нуклеарната енергија и притисок за отворање на сите поглавја за пристап оваа година. Ние не поддржуваме ништо од тоа. Време е да се стави крај на неуспешната политика […]

Лавров бара НАТО да се распушти


  Северноатлантскиот договор (НАТО) го загуби своето значење по крајот на СССР и „мора да се распушти“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Според неговото мислење, колапсот на источниот блок доведе до уништување на претходниот политички систем и исчезнување на заканата на која се спротивстави Алијансата. Во таа насока, НАТО тогаш требаше да […]

Брисел во хибернација по масовното убивање мечки во Словачка


  Пратениците во Европскиот парламент се вознемирени од акцијата   на Словачка да убие стотици мечки, при што европратениците од неколку политички групи бараат Комисијата да преземе мерки за да се запре колежот. Словачка минатата година уби 144 мечки, а словачкиот премиер Роберт Фицо изгледа решен да убие уште 350 мечки оваа година – и покрај […]

Си: Нема победници во трговската војна


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја започна еднонеделната турнеја низ Југоисточна Азија во Виетнам, истакнувајќи ја посветеноста на Пекинг на глобалната трговија, веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп ја разбранува глобалната економија со своите најнови тарифи. Иако Трамп ги паузираше новите царини за голем број земји, тој ги остави оние за Кина, втората по големина […]

Европа гневна по рускиот напад на Суми, Трамп вели дека било грешка


  Рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми на Цветници беше „грешка“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. „Ми кажаа дека направиле грешка. Но, мислам дека тоа е страшно. Мислам дека сите војни се ужасна работа“, им рече Трамп на новинарите во Ер Форс 1. Тој нагласи дека она што се случува во Украина е „војна […]

Сикорски: Русија ја исмејува добрата волја на САД за прекин на војната


Се надевам дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе види дека рускиот лидер Владимир Путин ја исмева добрата волја на САД и дека ќе донесе правилни одлуки, порача денеска шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.    Изразувајќи жалење поради најновите руски напади врз […]

Први во светот кои прават раскрсници под островот: Како изгледа изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот? (Видео)


Ќе ги поврзе големите градови, па целосно ќе ги замени траектните линии во Норвешка. Норвешка го гради најдолгиот и најдлабокиот подводен тунел во светот, еден од најамбициозните инженерски проекти во Европа, кој се очекува да ги подобри транспортните врски и инфраструктурата на земјата. Рогфаст, кој минува под норвешките фјордови, соборува рекорди – ќе биде долг […]

ФБИ: Тинејџер си ги убил родителите, а планирал да го убие Трамп


Седумнаесетгодишник од американската сојузна држава Висконсин, обвинет за убиство на своите родители, планирал да го убие американскиот претседател Доналд Трамп, се наведува во судскиот документ на ФБИ. Минатиот месец, Никита Касап (17) од Ваукеша, беше обвинет дека ги извршил убиствата на неговата мајка, 35-годишната Татјана Касап и очувот, 51-годишниот Доналд Мајер, а потоа живеел со […]

Почна судењето за отповиканиот претседател на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол, обвинет за велепредавство


Централниот окружен суд во Сеул денеска го отвори процесот против отповиканиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол, обвинет за бунт и велепредавство, јави ДПА. Според агенцијата „Јонхап“, 64-годишниот Јун избегна средба со новинарите и влезе во судот преку подземната гаража. На почетокот на рочиштето, обвинителството го прочита обвинителниот акт, по што Јун доби можност да […]