Генералниот секретар на НАТО повика на „квантен скок“ во инвестициите за европската одбрана


Вашингтон –  Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера ги повика европските членки и Канада да направат „квантен скок“ во зголемувањето на нивните придонеси во алијансата. Руте, кој во Вашингтон разговараше со највисоките американски претставници, во годишниот извештај објавен вчера напиша дека во 2024 година членките на Алијансата и Канада инвестирале 19,4 проценти повеќе во одбраната […]

Украина: Одложен договорот за минерали со САД


 Украинскиот министер за финансии Сергиј Марченко денеска изјави дека договорот за соработка во развојот на минерални ресурси меѓу Украина и САД нема да биде финализиран оваа недела, иако двете страни постигнале одреден напредок во преговорите. Изјавата доаѓа една недела по потпишувањето на меморандумот за разбирање, кој требаше да послужи како основа за конечниот договор. Во […]

„Владимире, запри“: Трамп го критикува рускиот напад на Киев


  Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е среќен“ од рускиот воен напад врз Киев, кој се случи ноќта на 24 април и беше најуништувачки од јули 2024 година, кога Русија го нападна украинскиот главен град со десетици проектили, при што загинаа 34 лица, меѓу кои и деца во болницата „Охмаде“т. „Не сум задоволен […]

Бура во Белата куќа: Голема кавга меѓу Илон Маск и министерот за финансии


Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, не ги негираше извештаите дека главниот советник на претседателот Доналд Трамп, Илон Маск, и министерот за финансии Скот Бесент, влегле во жестока расправија кога новинарите побарале коментар вчера. Наместо тоа, таа рече дека несогласувањата се „дел од здрав процес на дискусија“. Аксиос објави дека Бесант и Маск влегле во […]

Масивен руски удар на Киев, додека Трамп го напаѓа Зеленски


  Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени во Киев откако Русија го изведе еден од најразорните воздушни напади врз Украина по многу месеци, а цел беа и Харков и други градови. Бранови беспилотни летала, како и балистички и наведувани проектили го погодија украинскиот главен град рано во четвртокот. Имаше експлозии во […]

Стив Виткоф, пратеникот на Трамп, бара нови начини како да му помогне на Путин


  Стив Виткоф, кој преговара за мир во Украина во име на Доналд Трамп и кој вели дека развил пријателски односи со Владимир Путин, бара нови начини да ѝ помогне на Москва. Тој предложи укинување на санкциите за гасоводот „Северен тек 2“ што Трамп ги наметна за време на неговиот прв мандат и генерално олеснување […]

Сличен тунел никогаш не бил изграден! Долг 18 километри, изграден како лего коцки, а некои делови ќе бидат буквално на морското дно


„Со овој проект уриваме рекорди. Потопени тунели биле изградени и порано, но никогаш во вакви размери“, изјави Хенрик Винсентсен, извршен директор на Фемерн, државната данска компанија која го гради тунелот. Под Балтичкото Море меѓу Данска и Германија се гради рекорден тунел, со што се намалува времето на патување и се подобруваат врските на Скандинавија со […]

Имаат просечна плата од околу 4.500 евра и совршена природа! Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година


Сакате да започнете нов живот во странство? Од образование до здравство и квалитет на живот – ова се најдобрите земји за имигранти во 2025 година. Исланд е прогласен за најдобра земја за луѓе кои сакаат да започнат нов живот во 2025. Оваа нордиска земја го зазеде првото место со вкупен резултат од 58,4 од можни […]

Русија ќе биде претставена на погребот на папата од министерката за култура


Русија ќе биде претставена на погребот на папата Франциск во Рим од министерката за култура Олга Љубимова, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – По одлука на претседателот Владимир Путин, Русија ќе биде претставена од министерката за култура Олга Љубимова, изјави Песков, пренесува ТАСС. На церемонијата в сабота се очекува присуство на голем број […]

Песков: Мир е можен доколку Киев се повлече од териториите под руска контрола


Русија е подготвена веднаш да ја заврши војната доколку Киев ја повлече својата војска од Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон — украински територии кои Москва ги смета за составен дел од својата територија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за францускиот венсик „Ле Поинт“. -Сите четири региони се вклучени во нашиот устав како неотуѓиви […]

Украина тврди дека нападнала руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија


 Украинските вооружени сили денеска соопштија дека извршиле напад врз руски објект за производство на беспилотни летала во градот Јелабуга, над 1.000 километри оддалечен од границата со Украина. „Познато е дека е оштетена производствената линија за финално склопување на беспилотни летала“, стои во соопштението на украинската армија објавено на Телеграм. Фабриката, според украинските податоци, има капацитет […]

Индија го суспендира договорот за вода со Пакистан и го затвора главниот граничен премин по терористичкиот напад во Кашмир


Индија денеска го суспендираше договорот за споделување на водите од реката Инд со Пакистан, како сигнал дека го обвинува соседот за вчерашниот смртоносен напад во Кашмир, при кој загинаа 26 лица. Индискиот секретар за надворешни работи Викрам Мисри ја соопшти мерката на прес-конференција во Њу Делхи, откако премиерот Нарендра Моди одржа итен состанок на Советот […]

Киев Индипендент: Признавањето на рускиот суверенитет над Крим би било кршење на меѓународното право


Додека американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува притисокот врз неговиот украински колега Володимир Зеленски да го прифати неговиот мировен план – кој вклучува признавање на рускиот суверенитет над анектираниот Крим, аналитичарите предупредуваат дека тоа би претставувало кршење на меѓународното право, пишува украинскиот весник Киев Индипендент.  Русија го окупираше и анектираше Крим во 2014 година, но […]

Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја


Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп изјави дека постигнувањето договор е „многу блиску“, но остро го критикуваше Зеленски поради неговите изјави за Крим, предупредувајќи […]

Илон Маск сигнализира значително повлекување од одделот за ефикасност по падот на профитот на Тесла


Директорот на Тесла, Илон Маск, сигнализира дека „значително“ ќе ја намали својата улога во американската влада, откако компанијата за електрични автомобили објави огромен пад на профитот и продажбата на почетокот од оваа година, пренесува Би-Би-Си. Маск ја води новоформираната советодавна институција – Одделот за ефикасност во владата (DOGE) – од минатата година, ставајќи го најбогатиот човек […]

Рубио излезе од мировните преговори за Украина?


Американскиот државен секретар Марко Рубио го откажа планираното патување во Лондон, каде што треба да се одржат клучните разговори за ставање крај на руската војна против Украина, објави Њујорк Тајмс.Портпаролот на Стејт департментот Тами Брус ја припиша одлуката на Рубио како резултат на проблеми со распоредот. „Тоа е поврзано со технички проблеми во неговиот календар“, […]

Пекол во Њу Џерси: Пожар зафати шума, илјадници евакуирани поради невиден пожар


Шумски пожар избувна во вторникот на источниот брег на САД. Снимките од дрон ги покажуваат неговите размери, разорните пламени и густите обрачи чад. Илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани од околните градови. Причината за пожарот засега не е позната, но сувото време и силниот ветер придонесуваат за негово натамошно ширење. Голем шумски пожар во вторникот […]

Папа се погребува во три ковчега и со вреќичка злато


Ова можеби им е познато на многу католици, но не секој знае дека кога ќе умре папата, тој е погребан во три ковчези: еден од чемпрес, друг од олово и најоддалечениот од брест. Ковчегот од чемпрес е највнатрешниот и го држи телото на папата, заедно со копија од погребната миса и три вреќички со монети, […]

Телото на папата Франциско мораше да помине низ посебен процес за да трае до погребот


Ватикан откри како е подготвено телото на папата Франциско по неговата смрт. Телото на 88-годишниот папа три дена ќе биде изложено во базиликата. Телото на папата Франциско е привремено балсамирано и уредено да ги издржи топлите временски услови во Рим пред да биде изложено во базиликата „Свети Петар“, каде верниците ќе имаат можност да му […]

Синот на Трамп не смее да им го дава бројот на мобилниот телефон на колегите од факултет


Барон Трамп, синот на Доналд Трамп, од безбедносни причини не смее да им го дава бројот на мобилниот телефон на колегите од факултет, па со нив комуницира на друг начин. Тој студира на школата за бизнис на NYU Stern од минатата година. Агентите на тајната служба се постојано со него. Тој претходно побарал од колегите […]