„Вашингтон пост“: Започната истрага за махинации против обвинителката која го гонеше Трамп


Генералната обвинителка на сојузната држава Њујорк, Летиција Џејмс, која со повеќе тужби го гонеше Доналд Трамп и неговата компанија пред тој да биде избран за претседател, е под истрага поради наводни измами со недвижности, објави весникот „Вашингтон пост“. Според наводите, Џејмс е осомничена за фалсификување банкарски документи и регистри на имот со цел да добие […]

Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија


 Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп разменија честитки преку помошниците по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија во Втората светска војна, соопшти Кремљ. – Тоа беа топли зборови, меѓусебни честитки за нашиот заеднички голем празник, изјави советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков. Русија […]

(Видео) Драматични снимки од Валенсија: Ја погоди суперќелија, улиците побелеа од град


Улиците на туристичките градови во медитеранската Шпанија побелеа откако суперќелија помина низ регионот. Популарното медитеранско туристичко одморалиште изгледа како Арктикот во видеата објавени на социјалните мрежи. Шпанскиот град Валенсија беше погоден од необична комбинација од дожд и град што пристигна со циклонска суперќелија, предизвикувајќи поплавување на патиштата низ градот. Освен Валенсија, погодени се и други […]

СЗО: 5 милиони смртни случаи на светско ниво може да се спречат со физичка активност


Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека околу 5 милиони смртни случаи годишно би можеле целосно да се спречат со редовна поголема физичка активност. Постои високата преваленца на неактивност кај 30 отсто возраснии  80 отсто адолесценти низ светот, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). „Вежбањето има значително влијание врз здравјето на нашето срце, телото и […]

Откриена унгарска шпионска мрежа во Украина, анализирале терен за воен упад


За прв пат во историјата, украинската СБУ откри унгарска шпионска мрежа која дејствувала во Закарпатија. Агенти од унгарската воена разузнавачка служба беа фатени како собираат информации за локалната одбрана и јавното расположение — во случај на воено распоредување на унгарска војска. Двајца осомничени, поранешни војници, се соочуваат со доживотна казна за предавство. Испаѓа дека унгарската […]

Овој град воведува строги правила за издавање станови на туристи: Казни до 50.000 евра годишно


Виена, некогаш модел на прифатливи станови во Европа, се соочува со се поголем проблем за претворање на становите во туристички апартмани. Градот одговори со воведување ригорозни мерки – ограничување на изнајмувањето на три месеци годишно, задолжителна регистрација и драконски казни за прекршителите. Виена беше исклучок меѓу европските метрополи кога станува збор за кирии и поволни […]

Трамп го врати времето на „Дивиот запад“ во САД


На 22 април, Fight Fight Fight LLC, компанија поврзана со претседателот Доналд Трамп, објави дека 220-те најголеми инвеститори во нејзината мем-конеја $TRUMP ќе бидат поканети да се сретнат со самиот Трамп. Настанот беше претставен како „интимна приватна“ вечера, но со очигледни навестувања дека присутните купуваат време на избран функционер. Околу датумот на објавувањето, претставници на […]

Фон дер Лајен: Ќе ја посетам Белата куќа кога ќе имаме пакет трговски договор


Брисел – Ќе отидам во Белата куќа тогаш кога ќе имаме пакет со решенија за трговските прашања со кој ќе се согласиме со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската комисија. – За мене е важно ако одам во Белата куќа, да имам пакет и сакам да имам решение за кое двајцата можеме да […]

Мерц: За царините со САД членките на ЕУ можат да преговараат само заедно


Царинска војна им нанесува штети на сите и во таков вид на војна никој не е победник, порача денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Брисел.  – Ескалацијата на спорот за царините не е добра идеја. Најдоброто нешто би било тие да се сведат на нула […]

Заврши парадата во Москва – учествуваа 11.500 војници


Рускиот претседател Владимир Путин денес одржи говор на „најголемата досега“ воена парада во Москва по повод Денот на победата, со кој се одбележа 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Русија го слави Денот на победата повеќе од три години по почетокот на инвазијата на Украина, која ја напаѓа секојдневно и покрај […]

Калас и неколку европски МНР во посета на Украина


Киев – Министрите за надворешни работи на европските земји и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, се во посета на Украина на Денот на Европа, објавија денеска Калас и украинскиот премиер Денис Шмихал на социјалните мрежи. – Денеска заедно со Украина и нејзиниот народ го славиме Денот на Европа. Затоа што во семејството се делат […]

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за кршење на тридневното примирје


Русија и Украина денеска си разменија меѓусебни обвинувања за кршење на тридневниот прекин на огнот, што еднострано беше прогласен од рускиот претседател Владимир Путин. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во изминатите 24 часа на бојното поле имало речиси 200 судири. Околу клучниот рударски град Покровское, во источниот регион Донецк, Украина одбила 71 руски напад, покажува […]

Трамп именува водителка на Фокс Њуз за привремена главна обвинителка на Вашингтон


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп ја именуваше водителката на Фокс Њуз и поранешна обвинителка од Њујорк, Жанин Пиро, за привремена американска обвинителка во Вашингтон. Објавата дојде откако Трамп го повлече својот прв кандидат за таа функција, бидејќи ја изгуби клучната поддршка од републиканците во Сенатот, кој инаку ги потврдува таквите именувања. Откако Трамп во […]

Што се крие во едно име? Зошто новиот папа избра да биде Лав XIV


Зошто првиот Американец избран за папа, водач на 1,4 милијарди римокатолици во светот, го избра Лав за свое папско име? Роберт Превост, кој стана папа Лав XIV на 8 мај, избра име што го користеле 13 други пред него. Какво е значењето на името „Лав“ во папската историја? И зошто роден во Чикаго, кој голем […]

Што ги чека канцеларот Мерц и неговата екипа?


Не одеше како што замислуваше Фридрих Мерц. Новиот канцелар е првиот во историјата кој не успеа во првиот круг од гласањето во Бундестагот, бидејќи некои членови на владејачката коалиција не гласаа за него. Сепак, тој беше избран во вториот круг. Ова ќе го отежни создавањето нова коалиција која нема време за губење. Новата влада сака […]

Операцијата против Хутите САД ги чинеше над милијарда долари


Вашингтон –  Американската воена операција против јеменските Хути ги чинеше САД повеќе од милијарда долари, објави Ен-БиСи, повикувајќи се на двајца американски функционери запознаени со трошоците. Од 15 март, кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја започна воената операција против јеменските Хути, позната како операција „Суров јавач“, Пентагон врз оваа група употреби околу 2.000 бомби […]

Папата Лав Четиринаесетти денеска ќе ја одржи својата прва голема миса


Рим– Новоизбраниот папа Лав XIV денеска ќе ја одржи својата прва голема миса како понтиф на Католичката црква во Сикстинската капела, соопшти Ватикан. Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, им изјави на новинарите дека папата ќе се појави и на балконот на базиликата Свети Петар за пладневната молитва в недела. Кардиналот од Чикаго, Роберт Френсис Превост, […]

Бајден вели дека „презема одговорност“ за враќањето на Трамп во Белата куќа


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера изјави дека презема дел од одговорноста за реизборот на Доналд Трамп во Белата куќа. – Да, преземам, бидејќи, гледајте, јас бев на чело и тој победи. Значи, знаете, јас преземам одговорност, рече во интервју за американската телевизија Еј-Би-Си. Бајден ги отфрли тврдењата за намалување на неговата когнитивна […]

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност


Брисел – Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова ера на просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка на Стариот континент.  На 9 мај се чествуваат две годишнини – завршувањето на […]

Трамп му честиташе на папата Лав XIV: Прв американски папа, каква чест


Актуелниот американски претседател Доналд Трамп му честиташе на папата Лав XIV, чие вистинско име е кардинал Роберт Франсис Превост, преку неговата платформа „Truth Social“. „Честитки до кардиналот Роберт Франсис Превост, кој штотуку беше назначен за папа“, напиша Трамп. „Голема чест е да се сфати дека тој е првиот американски папа. Каква возбуда и каква голема […]