Помошта за Украина на агендата на новата средба во Рамштајн


 Сојузниците на Украина и претседателот Володимир Зеленски ќе имаат денеска средба во американската воена воздухопловна база Рамштајн во Германија за да разговараат за континуираната поддршка за Киев во   војната со Русија. Рамштајн е најголемата воздухопловна база надвор од СAД и беше домаќин на слични состаноци откако Русија ја нападна Украина пред речиси три години. Американскиот …

Помошта за Украина на агендата на новата средба во Рамштајн Read More »

Најмалку пет жртви во пожарите околу Лос Анџелес


Најмалку пет лица загинаа во пожарите што беснеат околу Лос Анџелес, соопштија властите откако во областа се регистрирани веќе шест пожари од вторникот досега. Најмалку 1.500 објекти се опустошени во вториот по големина град во САД, принудувајќи над 100.000 луѓе да ги напуштат своите домови. Ураганските ветрови дополнително ја усложнија ситуацијата особено во луксузната област …

Најмалку пет жртви во пожарите околу Лос Анџелес Read More »

Нов пожар избувна во Лос Анџелес, овојпат во Холивуд Хилс


Нов шумски пожар избувна во Лос Анџелес, овојпат во населбата Холивуд Хилс, изјави на прес-конференција шефицата на противпожарната служба на ЛА, Кристин Кроули. Тоа значи дека бројот на пожари актиовни во градот е зголемен на шест. Според Кроули, пламенот синоќа се проширил на околу 4 хектари во областа Холивуд Хилс, што предизвикало евакуација на целата …

Нов пожар избувна во Лос Анџелес, овојпат во Холивуд Хилс Read More »

Германија усвои реформа на процедурата за враќање на уметничките дела украдени од нацистите


Германската влада денеска усвои реформа на процедурата за враќање на уметничките дела украдени од нацистите, проект критикуван од адвокатите и потомците на жртвите, но одобрен од Централниот совет на Евреите. – Германија подобро ќе ја преземе својата историска одговорност благодарение на оваа реформа, рече министерката за култура Клаудија Рот. Од доаѓањето на Адолф Хитлер на …

Германија усвои реформа на процедурата за враќање на уметничките дела украдени од нацистите Read More »

Репризата на претседателските изборите во Романија на 4 мај


Владејачката романска коалиција денеска соопшти дека одлучила претседателските избори да се одржат на 4 мај, а по потреба и втор круг гласање на 18 мај, откако Уставниот суд ги поништи резултатите од претседателските избори одржани во ноември минатата година. Парламентарните избори во Романија се одржаа на 1 декември и на нив победија коалицијата на Социјалдемократската …

Репризата на претседателските изборите во Романија на 4 мај Read More »

Блинкен: Инвазијата на Гренланд нема да се случи


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги отфрли коментарите на идниот претседател Доналд Трамп дека сака да го преземе Гренланд, нарекувајќи ги лоша идеја која не заслужува дискусија, пишува „Политико“. „Идејата за Гренланд не е добра, нема да се случи и не е нешто на што треба да трошиме време“, им рече Блинкен на новинарите за …

Блинкен: Инвазијата на Гренланд нема да се случи Read More »

Германија и Франција го предупредија Трамп околу Гренланд


  Германија и Франција го предупредија Доналд Трамп да не презема за каков било обид за „насилно поместување на границите“, откако идниот американски претседател рече дека е подготвен да користи економски тарифи или воена моќ за да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е под данска управа. Во набрзина стокмена телевизиска изјава, германскиот канцелар Олаф …

Германија и Франција го предупредија Трамп околу Гренланд Read More »

Мексиканската претседателка до Трамп: Северна Америка може да се нарече Мексиканска Америка


Претседателката на Мексиком Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Северна Америка, вклучително и Соединетите Американски Држави, може да се преименува во „Мексиканска Америка“ – историското име што се користело во раните мапи на регионот – како одговор на најавата на Доналд Трамп дека Мексиканскиот Залив ќе се преименува „Американски залив“. Wowww ‼️ Mexican President Claudia Sheinbaum …

Мексиканската претседателка до Трамп: Северна Америка може да се нарече Мексиканска Америка Read More »

Блинкен: Илон Маск е граѓанин на САД кој има право да го изрази своето мислење


Американскиот милијардер Илон Маск го изразува своето мислење како „граѓанин и тој има право на тоа“, изјави денеска шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен во Париз. – Приватно, граѓаните во нашата земја можат да кажат што сакаат, рече Блинкен на прес-конференцијата со неговиот француски колега Жан Ноел Баро. Блинкен рече дека Маск, како и секој …

Блинкен: Илон Маск е граѓанин на САД кој има право да го изрази своето мислење Read More »

Драматична снимка од пожарот во Калифорнија


Драматична снимка од пожарите во Калифорнија, споделија на социјалната мрежа „Х“, двајца другари, кои со маски на лицето бегаат од куќата, пред да ја зафати пожар. Надвор пак, ги дочекуваат запалени дрвја, а по улицата ветрот вее запалени парчиња и искри. Video of the moment my friend and I abandoned his house after we tried …

Драматична снимка од пожарот во Калифорнија Read More »

Луѓе панично бегаат: Евакуиран центарот на Лондон (Видео)


На социјалните мрежи се појави видео од луѓе кои панично бегаат по најпрометната улица во Лондон, која беше евакуирана поради закана за бомба.   #BREAKING: London’s Regent Street evacuated over “bomb threat.” pic.twitter.com/D5V6jynD85 — Insider Wire (@InsiderWire) January 8, 2025 Како што можете да видите на видеото, многу луѓе бегаат без да ја погледнат зад …

Луѓе панично бегаат: Евакуиран центарот на Лондон (Видео) Read More »

Трамп побара од Врховниот суд да го прекине изрекувањето пресуда во случајот „Даниелс“


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд да го прекине изрекувањето пресуда во врска со случајот на актерката од филмовите за возрасни, Сторми Даниелс. Си-Ен-Ен објави дека барањето на Трамп за итна интервенција дојде само еден ден откако Апелацискиот суд во Њујорк го одби неговото барање за одложување на изрекувањето на пресудата, што …

Трамп побара од Врховниот суд да го прекине изрекувањето пресуда во случајот „Даниелс“ Read More »

ЕУ не се подготвува за нова пандемија 


Брисел – Можам да ве уверам дека во моментов не е неопходно во ЕУ да се подготвиме за нова пандемија, изјави портпаролката на Европската комисија за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство, Ева Хрнчирова во врска со регистрираниот прв случај на лице заболено од човечкиот метапневмовирус ХМПВ во Грција.  – Свесни сме за …

ЕУ не се подготвува за нова пандемија  Read More »

Како и ЕУ така и медиумите во Брисел се вртат кон десно


  Како што новата Европска комисија влегува во вториот месец, многу новинари кои се враќаат на своите тастатури во Брисел оваа недела, исто така се движат во непознати канцелариски средини. Некои од најголемите медиуми во градот сега се предводени од нови уредници. Поранешниот главен дописник за Европа на „Политико“ со седиште во Берлин, Мет Карнишниг, …

Како и ЕУ така и медиумите во Брисел се вртат кон десно Read More »

НАТО испраќа воени бродови на Балтикот. Тие ќе ги заштитат подморските кабли од руска саботажа


НАТО ќе испрати околу 10 воени бродови за да ја чуваат критичната подводна инфраструктура во Балтичкото Море до крајот на неделата, објави финскиот весник Yle. Бродовите ќе останат во Балтичкото Море до април и ќе бидат лоцирани во близина на кабли за струја и податоци за да се спречат какви било обиди за саботажа. Одлуката …

НАТО испраќа воени бродови на Балтикот. Тие ќе ги заштитат подморските кабли од руска саботажа Read More »

„Рајанер“ покрена постапка против патник, бара драконска отштета од 15.000 евра


Авиокомпанијата „Рајанер“ потврди дека покренала правна постапка пред Окружниот суд во Ирска и дека бараат над 15.000 евра отштета против патник кој летал на релација Даблин – Ланзароте на 9 април 2024 година. Поради недоличното однесување на патникот, летот мораше да се пренасочи кон Порто, поради што 160 патници се соочија со непотребни непријатности. „Неприфатливо …

„Рајанер“ покрена постапка против патник, бара драконска отштета од 15.000 евра Read More »

Важен преседан: Првата земја што одлучи да го регистрира своето име


Шведска стана првата земја што одлучи да го регистрира своето име како трговска марка за да обезбеди единствен идентитет и да избегне забуна со други места што го делат истото име. Во светот има осум локации кои го носат името Шведска, а меѓу нив има дури и градови во Соединетите Американски Држави, како и населба …

Важен преседан: Првата земја што одлучи да го регистрира своето име Read More »

Сите кавги на Илон Маск


ЛОНДОН – Илон Маск едноставно не може да се воздржи. Кога не се дружи со врвните републиканци, сопственикот на „Х“ и сојузник на Доналд Трамп сака да го троши своето време пикајќи го носот во внатрешните работи на прекуокеанските влади – што предизвикува многу нервоза. Ова е списокот на неговите 13 најголеми кавги: Она што …

Сите кавги на Илон Маск Read More »

Страшниот пожар во Лос Анџелес стигна до резиденцијата на Kамала Харис (фото)


  Резиденцијата на потпретседателката на САД, Камала Харис, се наоѓа во источниот дел на зоната за евакуација поради пожарот што избувна во Пацифик Палисадес, предградие на Лос Анџелес, објави денеска Ен-Би-Си. Харис, која моментално е во Вашингтон, во изјава објавена на веб-страницата на Белата куќа рече дека „нејзиното срце е со сите погодени од разорните …

Страшниот пожар во Лос Анџелес стигна до резиденцијата на Kамала Харис (фото) Read More »

Трудо му возврати на Трамп за припојувањето на Канада: Нема шанса!


ОТАВА – Премиерот Џастин Трудо возврати во вторникот на повеќе од едномесечното исмејување на социјалните мрежи од новоизбраниот претседател Доналд Трамп, велејќи дека, како што не може да опстои „снежна топка во пеколот“, така Канада не може да стане 51-та американска држава. Трамп постојано ја употребува фразата „51-вата држава“ откако Трудо и министерот за финансии …

Трудо му возврати на Трамп за припојувањето на Канада: Нема шанса! Read More »