Бардела ја нарече „тиранија на судиите“ пресудата за Ле Пен


Претседателот на француската крајнодесничарска партија Национален собир (РН) денеска ја осуди „тиранијата на судиите“ по пресудата против лидерката на крајната десница Марин Ле Пен, но ги осуди и „заканите и навредите“ упатени кон нив. Марин Ле Пен вчера беше прогласена за виновна за злоупотреба на фондови на ЕУ и осудена на петгодишна забрана за вршење …

Бардела ја нарече „тиранија на судиите“ пресудата за Ле Пен Read More »

Американец по грешка е депортиран во мега-затвор во Ел Салвадор – „Не можеме да го вратиме“


Администрацијата на Трамп призна во судска пријава дека депортирала маж од Мериленд во Ел Салвадор поради административна грешка. Тие тврдат дека повеќе не можат да го вратат бидејќи сега е во притвор во таа земја. Поднесувањето е дел од тужбата поднесена за депортацијата на Килмар Армандо Абрего Гарсија, државјанин на Салвадор, кој доби заштитен статус …

Американец по грешка е депортиран во мега-затвор во Ел Салвадор – „Не можеме да го вратиме“ Read More »

УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот


Најмалку 322 деца наводно се убиени во Појасот Газа по прекинот на огнот, додека 609 се ранети, соопшти УНИЦЕФ. Организацијата наведува дека бројките ги вклучуваат и децата кои наводно биле убиени или повредени кога хируршкото одделение на болницата Ал Насер, во јужниот дел на Газа, беше погодено во израелски напад на 23 март. По речиси …

УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот Read More »

Над 70 проценти од Украинците веруваат дека Трамп „не е добар“ за Украина


Околу 73 отсто од Украинците веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп не е добар за Украина, што е голем скок од декември 2024 година, кога само 21 отсто го оцениле негативно, покажува истражувањето на Меѓународниот институт за социологија во Киев (КМИС) објавено денеска. -Минатиот декември, откако Трамп беше реизбран, но пред да ја преземе функцијата, …

Над 70 проценти од Украинците веруваат дека Трамп „не е добар“ за Украина Read More »

Финска најави повлекување од меѓународниот договор за забрана на нагазни мини


Финскиот премиер Петери Орпо денеска најави дека неговата земја ќе ја напушти меѓународната конвенција за забрана на противпешадиски мини и тоа го објасни како потреба од зајакнување на земјата поради руската закана. – Финска и Европа треба да ги оценат сите мерки насочени кон зајакнување на нивните капацитети за одвраќање и одбрана, поединечно и во …

Финска најави повлекување од меѓународниот договор за забрана на нагазни мини Read More »

Русија го одби мировниот предлог на Трамп


Русија соопшти дека сериозно ги разгледува американските предлози за прекин на огнот во Украина, но дека „не може да го прифати“ сегашниот мировен договор на претседателот Доналд Трамп и постави нов сет на барања.Москва сака САД да го земат предвид она што го гледаат како основни причини за конфликтот, изјави руски дипломат. „Не слушнавме од …

Русија го одби мировниот предлог на Трамп Read More »

Германија ја победи нелегалната миграција


 Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер денеска изјави дека за време на Владата на канцеларот Олаф Шолц е победена илегалната имиграција, зголемени се депортациите, а намалени се барањата за азил. – Миграциската политика не е шега, туку менаџерска задача, што мора сероизно да се сфати, наведе Фезер. Таа додаде дека изминатите две години двојно …

Германија ја победи нелегалната миграција Read More »

Гренел и Фридман меѓу кандидатите за американски амбасадор во ОН


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека има неколку потенцијални кандидати за американски амбасадор во Обединетите нации, меѓу кои Ричард Гренел, поранешен амбасадор во Германија и пратеник за Западен Балкан и Дејвид Фридман, поранешен пратеник во Израел. Трамп рече дека околу 30 луѓе се заинтересирани за позицијата. -Имаме многу добри луѓе кои го сакаат …

Гренел и Фридман меѓу кандидатите за американски амбасадор во ОН Read More »

Петиција со 303.000 потписи против рударење литиум во Србија ѝ беше предадена на делегацијата на ЕУ


Во вторникот, петиција со над 300.000 потписи на граѓани кои се против ископувањето литиум во Србија, беше доставена до делегацијата на Европската унија во Белград, откако од Брисел беше навестено дека овој редок стратешки проект на ЕУ може да се најде на листата на стратешки проекти на ЕУ. Во Србија во изминатите четири години се …

Петиција со 303.000 потписи против рударење литиум во Србија ѝ беше предадена на делегацијата на ЕУ Read More »

Мелони ја осуди пресудата на Марин Ле Пен


Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја осуди пресудата против лидерката на француската екстремна десница Национален собир, Марин Ле Пен, велејќи дека ниту еден човек кој се залага за демократија не може да биде задоволен со пресуда која влијае на лидерот на „големата партија“. „Не знам кои се причините за таква силна одлука, но мислам дека никој …

Мелони ја осуди пресудата на Марин Ле Пен Read More »

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар достигна 2.719 лица


Бројот на загинати во разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар се искачи на 2.719, додека 4521 лице се повредени, а 441 се водат како исчезнати, се наведува во изјавата на генерал Мин Аун Хлајн, лидерот на воената хунта во земјата. Генералот предвидува дека бројот на жртви би можел да надмине 3.000. Неколку земји испратија хуманитарна …

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар достигна 2.719 лица Read More »

Вулкан еруптира во Исланд – евакуацијата на рибарскиот град Гриндавик


Вулканска ерупција започна во вторникот во близина на главниот град на Исланд Рејкјавик, но магмата сѐ уште не стигнала на површината, соопшти Исландската метеоролошка служба. „Предупредување: Ерупцијата започна“, соопшти метеоролошката служба. „Магмата сè уште не стигнала на површината, но веројатно е ерупција“. Во тек е евакуација на блиската Сина лагуна и рибарскиот град Гриндавик, каде …

Вулкан еруптира во Исланд – евакуацијата на рибарскиот град Гриндавик Read More »

Во Малезија пукна гасовод, голем пожар зафати неколку згради


Истекување од гасовод предизвика голем пожар денеска во предградијата на Куала Лумпур, главниот град на Малезија, што доведе до евакуација на околните згради. Пожарот во близина на бензински пумпи во централната држава Селангор е видлив од неколку километри. Пожарникарите во сојузната држава Селангор соопштија дека истекувањето на гасоводот се протега на околу 500 метри, а …

Во Малезија пукна гасовод, голем пожар зафати неколку згради Read More »

Лајен до Европејците: Имаме моќ да возвратиме


На домашна агенда на ЕУ не може да се гледа одвоено од глобалните случувања, како што се заканите по глобалните просперитет и стабилност и растот на протекционизмот, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур на дебатата посветена од заклучоците на Самитот на Унијата одржан на …

Лајен до Европејците: Имаме моќ да возвратиме Read More »

Кина почна воени вежби околу Тајван, тајванскиот претседател го нарече „паразит“


Кинеската војска денеска соопшти дека започнала воени вежби во кои учествуваат различни родови на војската околу Тајван, „за да послужат како остро предупредување и моќно одвраќање за тајванската независност“, и го нарече тајванскиот претседател Вилијам Лаи „паразит“. Кина, која го смета Тајван за своја провинција, го зголемува политичкиот и воениот притисок врз островот во последниве …

Кина почна воени вежби околу Тајван, тајванскиот претседател го нарече „паразит“ Read More »

Москва не верува дека САД ќе го напуштат НАТО


Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави денеска дека Москва не верува во можноста САД да се повлечат од НАТО. „Не мислам дека тоа ќе се случи“, рече Рјабков во интервју за списанието „International Affairs“. Тој оцени дека актуелната американска администрација користи „извесна доза бравура“ во својата реторика. – Мислам дека тоа е …

Москва не верува дека САД ќе го напуштат НАТО Read More »

Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја спореди пресудата против француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен со неговите сопствени судски процеси во САД. Тој изјави дека петгодишната забрана за Ле Пен да се кандидира на избори е „многу сериозно прашање“. – Ова ме потсетува на нашата земја, многу личи на она што се случува кај нас, …

Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси Read More »

Администрацијата на Трамп врши ревизија на финансирањето на Харвард


 Администрацијата на Доналд Трамп започна ревизија на мерките за борба против наводниот антисемитизам на Универзитетот Харвард, што може да замрзне до 9 милијарди долари федерално финансирање за институцијата. Одделите за образование, здравство и човечки услуги, како и Управата за општи услуги, во понеделникот соопштија дека започнале „сеопфатен преглед на федералните договори и грантови на Универзитетот …

Администрацијата на Трамп врши ревизија на финансирањето на Харвард Read More »

Ванг Ји: Русија и САД направија чекор кон нормализација на меѓусебните односи


Русија и САД направија прв чекор кон нормализација на односите, што е позитивен сигнал за светската стабилност, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. – Ова е добро за стабилизирање на рамнотежата на силите меѓу големите држави и носи оптимизам во разочарувачкиот меѓународен контекст. Во денешниот свет сè повеќе недостасува сигурност, рече Ванг Ји. …

Ванг Ји: Русија и САД направија чекор кон нормализација на меѓусебните односи Read More »

Иран се пожали во ОН за „опасната и агресивна реторика“ на Трамп


Иран денеска поднесе официјална жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) поради „опасните и агресивни“ изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи ги како „флагрантно прекршување на меѓународното право и Повелбата на ОН“. Трамп вчера се закани со воздушни напади врз Иран и дополнителни царини доколку Техеран не се согласи да потпише нов …

Иран се пожали во ОН за „опасната и агресивна реторика“ на Трамп Read More »