Зеленски: Путин се подготвува да нападне уште една европска земја


Владимир Путин ќе ја прошири својата војна во Украина со напаѓање на друга европска земја, предвиде Володимир Зеленски, и ја обвини Русија за неодамнешните упади со беспилотни летала, за кои рече дека се обид да се тестира одбраната на НАТО. Зборувајќи во Киев по средбата со Доналд Трамп во ОН во Њујорк, украинскиот претседател рече […]

Избори денес во Молдавија меѓу два пата: проевропски или проруски


Молдавците ќе гласаат денес на клучните парламентарни избори кои ќе утврдат дали земјата од 2,4 милиони луѓе ќе го продолжи својот пат кон Европската Унија или ќе падне под влијание на Москва. Изборите се одржуваат во услови на широко распространети обвинувања за руско мешање. Проевропската претседателка Маја Санду и нејзината владејачка партија Акција и солидарност […]

Летонија го повика НАТО да ја зајакне воздушната одбрана на балтичките држави


Летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс го повика НАТО да ја зајакне одбраната на балтичките држави, повикувајќи се на руските нарушувања на воздушниот простор на земјите од Алијансата и се приклучи кон сличниот повик од Литванија. Лидерите на НАТО изјавија дека Русија повеќе пати го нарушувала воздушниот простор на Алијансата, вклучително и над балтичките држави и Полска, […]

Трамп ќе испрати војници во Портланд, Орегон, за справување со „домашните терористи“


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе испрати војници во градот Портланд, во американската сојузна држава Орегон, за да се справат со „домашните терористи“, проширувајќи го контроверзното распоредување на војници во американските градови, јавија светските агенции. Трамп напиша на социјалните мрежи дека му наредил на Министерството за одбрана да „обезбеди сите потребни војници за […]

Огромна нелегална фабрика откриена во Италија. Произведувале 7 милиони цигари дневно


Нелегална фабрика за цигари и 300 метрички тони цигари се пронајдени во Касино, град на околу 120 километри од Рим, соопшти денес италијанската полиција. Едно лице е уапсено, а запленети се средства лоцирани во напуштен логистички центар, вредни повеќе од 50 милиони евра. #GdiF #Ancona: scoperta una fabbrica clandestina di sigarette nascosta in un bunker […]

ОН повторно воведува сеопфатни санкции врз Иран, но прашањето е дали сите земји ќе ги почитуваат


Сеопфатните економски и воени санкции на Обединетите нации најверојатно би можеле повторно да бидат воведени врз Иран во текот на викендот откако нуклеарните разговори со Западот пропаднаа. Воведувањето санкции нема да се случи освен ако не се промени ставот на Иран во последен момент, што е малку веројатно. Повторното воведување санкции доаѓа откако Велика Британија, […]

НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација


Началниците на генералштабовите на земјите-членки на НАТО денеска во главниот град на Летонија, Рига ќе разговараат за нарушувањето на воздушниот простор од страна на Русија. – Денеска ја изразувам мојата целосна и недвосмислена солидарност со сите сојузници чиј воздушен простор е нарушен. Одговорот на Алијансата беше силен и само ќе продолжи да станува посилен, наведе […]

Повеќе од 30 луѓе загинаа во израелските напади врз градот Газа


Најмалку 32 луѓе загинаа во синоќешните израелски напади врз градот Газа, соопштија палестинските здравствени власти. И покрај меѓународниот притисок за прекин на огнот во палестинската енклава, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја продолжува војната. Тој во обраќањето пред Генералното собрание на Обединети нации изјави дека Израел „треба да го заврши тоа што го почна“ против Хамас. […]

Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска


Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција. – Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската […]

Стејт департманот ја укина визата за претседателот на Колумбија, Петро


Американскиот Стејт департмент соопшти дека му ја поништи визата на претседателот на Колумбија, Густаво Петро поради неговите „запаливи акции“ за време на престојот во Њујорк по повод Генералното собрание на ОН. Одлуката е донесена откако Петро им се обрати на пропалестинските демонстранти во Њујорк. Тој вчера на социјалните мрежи објави видео на кои им се […]

Протече планот на Трамп за Газа по војната: Палестинците нема да бидат раселени, Израел ќе се повлече


Соединетите Американски Држави (САД) им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план, кој содржи 21 точка, за кој велат дека има за цел да ја заврши војната во Газа и да го отвори патот за создавање независна палестинска држава. „Тајмс оф Израел“ имаше ексклузивен пристап до документот што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп […]

ЕУ планира укинување на правилото за согласност за интернет „колачињата“


Во обид за бирократско поедноставување, Европската комисија планира укинување на своето технолошко правило од 2009 година, поради кое на корисниците на интернет при отворање на нова веб страници им се појавуваат „прозорчиња“ со кои се бара согласност за користење на „колачиња“. „Колачињата“ се основа на интернетот што им овозможува на сопствениците на веб страниците да […]

Трамп бара „Мајкрософт“ да и даде отказ на директорката Монако


Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера побара да биде отпуштена претседателката на „Мајкрософт“ за глобални прашања, Лиза Монако. Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) побара Монако да добие отказ поради, како што тврди, е закана по националната безбедност на САД. – Корумпирана и целосно опседната со омраза кон Трамп, Лиза Монако (наводна […]

Германскиот канцелар ја критикува фундаменталната промена во политиката на САД


Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги критикуваше Соединетите Американски Држави дека повеќе не ги почитуваат правилата, оценувајќи дека тоа претставува дел од фундаментална промена во политиката на транс-атлантскиот партнер на Европа. – Правилата повеќе не се почитуваат, парламентарната демократија е под притисок, слободата на изразување е доведена во прашање, а независноста на судството се потиснува, […]

Данска нема да го активира член 4 од НАТО по инцидентот со дроновите


Данска нема намера да го активира член 4 од Северноатлантскиот договор, и покрај тоа што беспилотни летала навлегоа во близина на цивилни и воени објекти и привремено го затворија воздушниот простор на земјата оваа недела, изјави министерот за надворешни работи Ларс Леке Расмусен. Член 4 предвидува консултации меѓу членките на НАТО доколку некоја од нив […]

Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е близу до постигнување договор за завршување на војната во Појасот Газа и за враќање на заложниците кои ги држи Хамас. – Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека тоа е договор кој ќе ги врати заложниците дома и ќе стави крај на војната, изјави Трамп, без […]

Романија отвори истрага по смртта на шест деца од бактериска инфекција во болница во Јаш


 Романската Дирекција за јавно здравје во североисточниот округ Јаш отвори епидемиолошка истрага во Детската болница „Св. Марија“ поради можно жариште на бактериски инфекции, откако во изминатите денови починаа шест деца во одделението за интензивна нега, јави телевизијата „Диџи 24“. Претставник на болницата појасни дека се работи за болничка инфекција предизвикана од бактеријата Serratia marcescens, која […]

Најмалку 11 загинати во пожар во фабрика во Египет


 Најмалку 11 лица загинаа во пожар што избувна во фабрика за текстилно боење во градот ал-Махала ал-Кубра, во делтата на Нил, соопштија денеска локалните власти. Во несреќата, која предизвика делумно уривање на фабричката зграда, повредени се уште 33 лица. Се води потрага по можни преживеани. Причината за пожарот сè уште не е позната. Приватниот весник […]

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола


Парламентот на Словачка денеска на предлог на Владата усвои уставен амандман со кој се ограничуваат правата на истополовите двојки и се отежнува промената на полот, а во регулирањето на тие прашања предност се дава на домашните закони, а не на прописите на Европска Унија. „За“ предлогот гласаа 90 од 99 присутни пратеници, додека опозицијата не […]

Нетанјаху пречекан во ОН со свирежи и бојкот (ВИДЕО)


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја отвори 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во атмосфера што ретко се гледа. Штом зачекори кон говорницата, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа. Иако израелските дипломати и дел од публиката се […]