Коѕијас: Александар Велики докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли


Убеденост дека до јуни ќе се реши прашањето за името, изразува шефот на грчката дипломатија во интервју за Ројтерс и вели дека решението е во интерес и на Грција и на регионот. – Во животот, Александар Велики… докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли. Во еден момент, треба да завршиме со такви прашања. – […]

Во Иран уапсени 29 жени затоа што го симнале велот од лице


Иранската полиција притвори 29 жени, кои во знак на протест ги симнале своите велови од лицата. Уапсените жени учествувале во кампањата против носењето хиџаб, позната како „Бела среда“, во рамки на која на тој ден жените ги симнуваат своите бели шамии. Жените кои во јавност ќе ја покажат косата можат да бидат казнети со два […]

Силна експлозија одекна во Анкара


Силна експлозија одекна вечерва во турскиот главен град Анкара, тврдат очевидци. Според нив, експлозијата се случила во квартот Чукурамбар. Кон местото на инцидентот се упатени возила на итна медицинска помош

Косово: Наркобосот Кељменди осуден на шест години затвор


Балканскиот наркобос Насер Кељменди од Косово денеска е осуден на шест годишен затвор поради трговија со дрога, но е ослободен по обвинението за убиство, организиран криминал и други кривични дела. Американските власти го ставија на „црна листа“ Кељменди во 2012 година, обвинувајќи го дека ја предводел семејната мрежа за дистрибуција на хероин и други дроги […]

ЈАР: Заробени 950 рудари под земја поради прекин на струја


Во рудникот за злато „Беатрикс“ во Јужноафриканската република, 950 рудари останаа под земја поради прекин на електрична енергија, соопшти фирмата Сибање-Стилвотер, која е сопственик на рудникот. Портпаролот на фирмата Џејмс Велстед денеска изјави дека „веројатно“ рударите се живи и здрави. – Бура ја зафати синоќа покраината Фри Стејт предизвикувајќи прекин на снабдувањето со електрична енергија […]

По половина век, падна снег во Мароко


Прв пат во последните 50 години, снег падна во југоисточниот дел на Мароко и според метеоролозите тоа е резултат на ладниот бран кој ја зафати земјата. „Вашингтон Пост“ објави дека во Загора паднало од 5 до 8 сантиметри снег. Овој феномен е последица на ладниот бран кој најмногу го погоди подрачјето Аин Сефру, северен Алжир, […]

Кај Ратко Младиќ ризикот од смрт зголемен за 6 пати


Поранешниот воен лидер на босанските Срби генерал Ратко Младиќ може да почине во следните неколку денови, изјави денеска неговиот адвокат Драган Иветиќ. – Генерал Младиќ може да почине денеска или утре. Таквиот третман, како што му го пружи Хашкиот трибунал, беше како на генералот да му беше дадено да игра „руски рулет“, но не со […]

Харадинај доби британска виза


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај доби британска виза и ќе може да патува во Велика Британија за учество на Самит за инвестиции во Западен Балкан, што ќе се одржи кон крајот на февруари. Тоа го изјави Авни Арифи, шеф на Кабинетот на премиерот Харадинај. Деновиве медиумите јавија дека по Амариканците и Британците одбиле да му дадат […]

Потона товарен брод по судар со патнички брод во Јадранското Море


Патничкиот брод „Тијат” синоќа се судрил со товарниот брод „Син Јадран” на околу 200 метри од хрватскиот остров Првиќ, по што 28-метарскиот карго брод потонал на длабочина од околу 20-25 метри, јави Хина. Локалните жители ги спасиле двајцата членови на екипажот. Пристанишните власти во блискиот град Шибеник соопштија дека потонатиот брод имал дизел мотор, но […]

Во Албанија се обновуваат православни цркви


Албанската влада и Албанската православна црква почнаа со обнова на одделни објекти од Византискиот период, кои се наоѓаат во јужниот дел на земјата. Стручни лица тврдат дека голем број стари албански православни цркви и уметнчки дела во нив се оштетени,бидејќи со децении биле оставени на забот на времето. -Голем број од црквите се наоѓаат на […]

Пацоли тврди дека Србија дала 300 милиони долари за лобирање


Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли изјави дека има информации оти Србија издвоила 300 милиони долари за лобирање кај државите кои ја признале независноста на Косово со цел да ја повлечат таквата одлука. Според информациите на Пацоли, Србија ангажирала тим од 20 лица, експерти во дипломатија, со цел да посетуваат различни земји и […]

Влада на Косово: Демаркацијата со Црна Гора главна тема на разговорите со Марковиќ


Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ на 6 февруари ќе престојува во Приштина и една од главните теми, според косовската Влада, ќе биде демаркацијата, иако Подгорица го ратификува тој договор летото 2015 година. Во соопштение од косовската Влада се наведува дека Марковиќ ќе има состанок со премиерот Рамуш Харадинај, претседателот Хашим Тачи и претседателот на […]

Поради сомнеж за шпионажа pоманската Влада се откажа од услугите на Службата за обезбедување


Романската премиерка Виорика Данчила и членовите на нејзиниот кабинет се откажаа од услугите на државната Служба за обезбедување и заштита и ќе бидат обезбедувани од полицијата, соопшти заменик генералниот секретар на владејачката Социјадемократска партија (СДП) Кодрин Штефанеску. Тој посочи дека решението било донесено како резултат на конфликтот меѓу началникот на службата Лучиан Пахонцу и лидерот […]

Поплавите во Европа ќе бидат се почести


Поплавите ќе станат се почести во Европа поради глобалното затоплување, дури и ако светот успее да го ограничи порастот на температурите на 1,5 степени Целзиусови, предвидуваат научниците во студијата објавена во магазинот „Клима“. Авторите на истражувањето предвидуваат три сценарија: глобално затоплување од 1,5 до три степени во однос на прединдустрискиот период. Најоптимистичкото сценарио за глобалното […]

Орбан: По Брегзит, ЕУ да се прошири кон Балканот


По напуштањето на Велика Британија, Европската унија треба да се прошири кон Балканот, изјави денеска во Виена унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц. – Гледаме дека Велика Британија ја напушта ЕУ и затоа се соочуваме со нови предизвици, а Унгарија не крие дека активно се залага за проширување на ЕУ, […]

Над 400 зоополицајци ќе бидат распоредени низ цела Бугарија


Над 400 зоополицајци ќе работат на територијата на Бугарија, соопшти директорот на „Национална полиција“ Христо Терзијски на редовниот месечен брифинг. Терзијски наведе дека 433 лица се истражни полицајци и оперативци, кои изразиле желба да работат и во таа сфера. – Ако се случи инцидент со животни, тие ќе одговорат соодветно, бидејќи се запознаени со постапките […]

Каменос: Скопје нема причина да инсистира на име кое велат дека го користат во последните 70 години


Лидерот на Независни Грци, коалицискиот партнер во грчката Влада и актуелен министер за одбрана, по заедничкиот состанок на парламентарната група и на извршниот комитет на партијата рече дека не верува дека до Самитот на НАТО ќе се исполнат сите предуслови за решение на проблемот, одговарајќи на новинарско прашање што ќе прави на следниот состанок на […]

Бугарија: Истрага за потеклото на парите на богатите граѓани


Бугарски обвинители денеска соопштија дека ќе покренат истрага за потеклото на парите на богатите граѓани кои поседуваат луксузен имот или автомобили. Главниот обвинител нареди истрага за потекло на парите на Бугарите кои во 2015 и 2016 година купиле имот во вредност повеќе од половина милион лева или околу 255.000 евра. Истрага ќе има и за […]

Рама: Албанија е спремна за почеток на преговорите со ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја е поблиску од било кога до исторскиот момент на започнување преговори за членство во Европската унија, благодарејќи на неговата Социјалистичка партија. – Дојдовме до таму каде што многу луѓе мислеа и пропагираа дека не можеме. Ние ги вклучивме правосудните реформи во програмата со убедување дека времето ги […]

Сириските Курди со закана до Ердоган: „Соодветно“’ ќе ги пречекаме турските војници


Сириските демократски сили (СДФ), коалиција на бунтовнички групи од северот на Сирија, во која членуваат и најголемите курдски вооружени групи, возвратија на заканата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за проширување на операцијата на северот на Сирија. Претставникот на СДФ, Редур Џели изјави дека доколку Ердоган „се обиде да ја прошири својата офанзива, ќе добие […]