Пацоли тврди дека Србија дала 300 милиони долари за лобирање


Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли изјави дека има информации оти Србија издвоила 300 милиони долари за лобирање кај државите кои ја признале независноста на Косово со цел да ја повлечат таквата одлука.

Според информациите на Пацоли, Србија ангажирала тим од 20 лица, експерти во дипломатија, со цел да посетуваат различни земји и да лобираат против Косово.

– Не постои држава на африканскиот континент каде Србија нема делегација која лобира против косовската независност, изјави Пацоли.