Рама: Албанија е спремна за почеток на преговорите со ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја е поблиску од било кога до исторскиот момент на започнување преговори за членство во Европската унија, благодарејќи на неговата Социјалистичка партија.

– Дојдовме до таму каде што многу луѓе мислеа и пропагираа дека не можеме. Ние ги вклучивме правосудните реформи во програмата со убедување дека времето ги стави на дневен ред. Ако денес Албанија е поблиску од кога и да било до историскиот момент на отворањето на преговорите за членство во ЕУ, тоа е заслуга на посветеноста на Социјалистичката партија, истакна шефот на албанската Влада и лидер на Социјалистичката партија.

Тој нагласи дека „целта да се направи Албанија подобра е предизвик кој е во нашите раце, преку постојана реализација на терен на оваа реформа“.