Саакашвили „најде“ нова држава


Украинскиот опозиционер Михаил Саакашвили престојува во Холандија, родната земја на неговата сопруга, бидејќи му беше одбиена дозволата за влез од Украина во Полска. Саакашвили не знае колку долго ќе се задржи во Холандија ниту со што ќе се занимава таму. – Ќе видиме, одговори Саакашвили на прашањето на холандската државна телевизија НОС за тоа колку […]

Свештениците на СПЦ во Црна Гора ќе мораат да полагаат црногорски јазик


Доколку Собранието на Црна Гора го усвои предлогот на Законот за странци, свештениците од црногорско-приморската Митрополија на СПЦ, кои доаѓаат од Србија и Босна и Херцеговина, ќе мора да го полагаат црногорскиот јазик и да приложат потврда дека верската организација за која работат е регистрирана, за да добијат дозвола за привремен престој. Тој предлог закон […]

Ѕанакопулос: Предуслов е уставна ревизија кај соседот, особено во однос на уставното име


Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, изрази оптимизам дека може да се постигне заемно прифатливо решение. Ѕанакопулос ова го кажа на гостувањето во емисија на Првата програма на грчкото државно радио. – По вчерашната средба преговорите продолжуваат врз база на рамката што беше поставена со нашите соседи. Оптимисти сме дека ќе успееме да постигнеме заемно […]

Помала група Солунчани побараа оставка од градоначалникот Бутарис


Група од околу 70 лица, според солунските медиуми, се собра денеска пред зградата на општина Солун и побара оставка од солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, по неговите вчерашни изјави за евентуални преименувања на аеродромот и автобуската станица во Солун. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, насобраните граѓани, со грчки знамиња во рацете, извикуваа: „Дај […]

Израелската полиција препорача покренување на обвинение против Нетанјаху


Полицијата, која го испитува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, му препорача на државниот обвинител тој да биде обвинет за корупција во два случаи, јавија денеска израелски медиуми. Нетанјаху, кој негира дека сторил нешто незаконско, неколку пати е испрашуван од почетокот на 2017 година. Конечната одлука за покренување на обвинение е на државниот обвинител. Израелски медиуми јавуваат […]

За седум години Албанија ја напуштиле 330.000 жители


Во изминатите седум години, од 2011 до 2017-та, од Албанија емигрирале околу 330.000 лица. Како што јави дописникот на МИА, бројот на оние кои ја напуштиле земјата е еднаков или поголем од бројот на жители на втората по бројност околија Фиер со 302.000 жители и на околијата Драч со 285.000 жители. Овие податоците денеска ги […]

Вучиќ до хрватските новинари: Ме прашавте ли кој ги запали куќите на моето семејство?


Србите и Хрватите имаат различни погледи за минатото, но тоа не значи дека неможат да живеат заедно и да разговараат, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во Вргинмост, на вториот ден од неговата посета на Хрватска, кој беше посветен на средби со претставници на српското малцинство. На инсистирањата на новинарите да одговори директно дали жали […]

Ердоган: Тие што се закануваат, никогаш не ја почувствувале османлиската шлаканица


Оние кои велат дека ќе одговорат агресивно доколку бидат удрени, веројатно никогаш во животот на го почувствувале ударот на османлиската шлаканица, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Ваквиот став на Ердоган претставува одговор на изјавата на американскиот генерал Пол Фанк, кој се закани со жесток одговор на еветуален напад врз силите на САД во […]

Санторињос: Сложено име за севкупна употреба и промена на Уставот


Продолжуваат преговорите на ниво на министри за надворешни работи, вели заменикот министер за поморство на Грција, Нектариос Санторињос, во однос на средбите во Виена, без притоа да открие дополнителни детали за разговорите меѓу двајцата шефови на дипломатиите и медијаторот Метју Нимиц. Санторињос, во интервју за грчката телевизија Скај, ги повтори грчките позиции за сложено ерга […]

Бугарските работодавачи бараат да им се дозволи увоз на работна сила


Бугарските работодавачи побараа од државата да им овозможи увоз на работна сила од Индија, Виетнам и други земји надвор од ЕУ, на најмалку две години. Доколку се ангажираат работници од далечни земји, на пример од Индија и Виетнам, транспортните трошоци до Бугарија сериозно финансиски ќе ги оптоварат работодавачите и за нив ќе биде поповолно тие […]

Владика Тимотеј: СПЦ нема намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА


Српската православна црква (СПЦ) нема сериозна намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА, а тој нејзин став не е променет веќе неколку години, смета митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј. – Постои голема веројатност на мајскиот собор на СПЦ да биде отворено прашањето за натамошното делување и решавање на црковниот спор со МПЦ, но искрено не […]

Бутарис критикуван за изјавата за преименување на аеродромот и автобуската станица во Солун


Бура од реакции во Грција предизвика изјавата на солунскиот градоначалник Јанис Битарис за тоа дали и тие треба да размислат за промена на имињата на аеродромот и автобуската станица во Солун, кои го носат името „Македонија“, јави дописникот на МИА од Атина. – Предлогот на Бутарис е негов предлог, мислам дека не влегува во плановите […]

Грција продава пет отсто од акциите во телекомуникацискиот гигант ОТЕ


Грчката Влада понуди на продажба пет проценти од државните акции во телекомуникациска компанија ОТЕ. Продажбата на државниот имот е една од обврските што Грција ги презеде пред европските и меѓународните кредитори, со цел да ги добие потребните пакети финансиска помош. Понудите треба да бидат доставени до 15 март. Оваа продажба е дел од третата програма […]

Тахири: Испративме четири барања до Белград, но нема одговор


Косовскиот министер за правда Абелард Тахири изјави дека Приштина испратила четири барања до Белград за информации за расветлување на убиството на Оливер Ивановиќ. но не добила одговор на ниту едно. – Во текот на неделата ќе испратиме уште едно барање до властите во Белград, со кое ќе прашаме и за статусот на испратените барања. Дали […]

Тачи јавно се дистанцира од идејата за поделба на Косово


Косовскиот претседател Хашим Тачи, за кого се тврди дека се согласил со идејата за поделба на Косово, попладнево изјави дека „идејата е далеку од неговиот ум и институциите во Косово“. На заедничката прес-конференција со словенечкиот претседател Борут Пахор, кој е во дводневна официјална посета на Прштина, Тачи изјави дека ваквите идеи не носат ни мир, […]

Хрватската полиција го чуваше Вучиќ со антидронови пушки


Хрватските полицајци, кои денеска го чуваа плоштадот Свети Марко во Загреб, за време на протестот поради посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ, привлекоа внимание со необичните пушки, објави „Вечерњи лист“. Станува збор за специјални пушки, наменети за соборување дронови. Минатата година хрватската полиција набави опрема во вредност од 4,6 милиони евра, вклучително и антидронови пушки […]

Вучиќ до Буљ: Да не мислите дека се уплашив од Вашето дофрлање?


Српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамките на дводневната посета на Загреб денеска оствари средба и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ. Според твитер објавите на Пленковиќ по средбата со Александар Вучиќ, тие зборувале за сите отворени прашања меѓу двете земји, вклучувајќи го и прашањето за воените репарации. – […]

Шин Бет: Турција поддржува перење на пари од страна на Хамас


Израелските власти ја обвинија Турција дека поддржува акции поврзани со перење на пари од страна на палестинското движење Хамас. – Турски претставници ги затвораат очите и повремено ги охрабруваат обидите на Хамас за трансфер на пари од Турција за Западен Брег, се посочува во соопштението на израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет. Според Шин […]

Саакашвили е депортиран во Полска


Украинскиот опозициски лидер Михаил Саакашвили е депортиран во Полска, соопшти украинската Служба за гранична контрола. – Тоа лице илегално престојуваше на територијата на Укарина и затоа согласно сите законски процедури тој беше вратен во државата од каде што пристигнал, нарушувајќи го државното законодавство, се посочува во соопштението на украинската Служба за гранична контрола. Руски медиуми […]

ЕУ ќе и помогне на Албанија да ги заштити границите во случај на мигрантски бран


Европската унија соопшти дека е постигнат договор за безбедност на границите и за распоредување на екипи, кои ќе реагираат во случај на потенцијален прилив на мигранти. Еврокомесарот за миграции Димитрос Аврамопулос, кој е во посета на Тирана, го поздрави постигнатиот договор со Албанија, „кој што ќе служи за модел за добри договори со други партнери […]