Вучиќ до хрватските новинари: Ме прашавте ли кој ги запали куќите на моето семејство?


Србите и Хрватите имаат различни погледи за минатото, но тоа не значи дека неможат да живеат заедно и да разговараат, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во Вргинмост, на вториот ден од неговата посета на Хрватска, кој беше посветен на средби со претставници на српското малцинство.

На инсистирањата на новинарите да одговори директно дали жали за својата изјава од времето на воениот конфликт во 1995 година дека градот Глина „никогаш нема да биде хрватски“, српскиот претседател видно лут, избегна да даде директен одговор.

– Мерката на вашата подршка, почитување, за љубовта е директно пропоционална со понизноста која ја очекувате од некого кој би дошол меѓу вас. Таков вид на понизност, страв или потреба да ви се додворувам никогаш нема да видете, изјави Вучиќ.

На повеќе пати поставено прашање за изјавата во Глина, која се наоѓа на 20 километри од Вргинмост, Вучиќ одбегна директно да одговори и изјави дека Србија и Хрватска освен 36 километри од граничната линија на Дунав „немаат други спорови околу границата“.

– Ние имаме различни погледи за она што се случувало пред 23 и 28 години, но тоа не значи дека не треба да живееме, изјави Вучиќ, додавајќи дека „бил пристоен, сериозен и одговорен, несакајќи на навредите да одговори со навреди. – И денеска слушав невистини за себе и не мислам да одговрам на тие лаги, рече српскиот претседател.

Тој во расправата со новинарите изјави дека и куќите на наговото семејство во Ќипуличи кај Бугојно се запалени во војната. – Ме прашавте ли кој ги запали? Нема понизност од мене да видите, изјави тој.

Вучиќ во Глина во 1995 годидна одржа жесток говор пред локалните Срби во својство на функционер на Српската радикална партија (СРС), при што порача дека Србите нема никој да ги истера и дека во градот „никогаш нема да дојде усташката власт“. – Ниту Глина, ниту Банија нема да бидат хрватски, изјави тогаш Вучиќ.

Српскиот претседател дводневната посета на Хрватска ја заврши со присуство на Собранието на Српското народно собрание во Загреб, на кое присуствуваше и хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ