Саакашвили е депортиран во Полска


Украинскиот опозициски лидер Михаил Саакашвили е депортиран во Полска, соопшти украинската Служба за гранична контрола.

– Тоа лице илегално престојуваше на територијата на Укарина и затоа согласно сите законски процедури тој беше вратен во државата од каде што пристигнал, нарушувајќи го државното законодавство, се посочува во соопштението на украинската Служба за гранична контрола.

Руски медиуми информираат дека околу 16 часот, по локално време, чартер авион полетал од Украина кон Полска со Саакашвили во него.

Саакашвили, кој е лидер на украинското Движење на новите сили, денеска беше приведен во Киев.