Бугарските работодавачи бараат да им се дозволи увоз на работна сила


Бугарските работодавачи побараа од државата да им овозможи увоз на работна сила од Индија, Виетнам и други земји надвор од ЕУ, на најмалку две години.

Доколку се ангажираат работници од далечни земји, на пример од Индија и Виетнам, транспортните трошоци до Бугарија сериозно финансиски ќе ги оптоварат работодавачите и за нив ќе биде поповолно тие трошоци да се распределат во подолг временски период, бараат работодавачите.

Тие стравуваат дека ќе останат без работници, имајќи предвид што во 2016 година во пензија заминале 107.078 лица, а во 2017 година средно училиште завршиле едвај 54.346 ученици.

Бугарија од 1 јануари до 30 ноември минатата година издала вкупно 3.275 „сини“ дозволи за работа на странци надвор од ЕУ. Најмногу се од Србија, Украина, Турција, САД и Русија, а дозволи за работа во Бугарија добиле и Индијци, Кинези и Македонци. Стапката на невработеност во Бугарија изнесува 5,9 проценти