Фејсбук: Неправилно споделени податоците на 87 милиони корисници
Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека личните податоци за 87 милиони корисници, главно во САД, веројатно се неправилно споделени со политичката консултантска фирма „Кембриџ аналитика“. Претходно беше соопштено дека со скандалот се засегнати околу 50 милиони лица. Извршниот директор на „Фејсбук“ Марк Закерберг, исто така, најави дека таа социјална мрежа ќе им понуди на сите корисници алатки […]