(Обновено)-Еден загинат и четворица ранети во напад во седиштето на ЈуТјуб во Калифорнија


Жена осомничена за денешниот напад во седиштето на ЈуТјуб е убиена во полициска акција, јави Си-Ен-Ен.

Полицијата потврди за четворица повредени кои се хоспитализирани.

Засега не се знае во каква состојба се повредените.

Претходно, полицијата во американскиот град Сан Бруно потврди за пукање во седиштето на ЈуТјуб откако била алармирана по серија повици.

Полицијата ги предупреди жителите на Сан Бруно, град што се наоѓа јужно од Сан Франциско, да го избегнуваат подрачјето околу седиштето на компанијата