Се очекува Орбан по трет пат да стане премиер


Унгарскиот премиер Виктор Орбан се очекува на парламентарните избори в недела да го добие својот четврти, од кои трет последователен, мандат на премиерксата функција.

Според последните анкети на јавното мислење, спроведени во пресрет на парламентарните избори, се очекува коалицијата на конзервативната полулистичка партија Фидес – Унгарска граѓанска алијанса на Орбан и на Христијанско демократската народна партија (КДНП) да освои меѓу 49 и 51 отсто од гласовите.

Ултранационалистичкото Движење за подобра Унгарија (Јобик) има меѓу 13 и 19 проценти поддршка, додека опозициската коалиција на Унгарската социјалистичка партија (МСЗП) на Гергеј Карочоњ и на еколошката Дијалог за Унгарија (ПМ) ужива меѓу 12 и 18 отсто доверба на гласачите.

Либералната еколошка партија Политиката може да биде поинаква (ЛМП) може да се надева на седум до осум отсто од гласовите, а за социјално-либералната Демократска коалиција на Ференц Ѓурчањ би гласале меѓу пет и седум проценти од Унгарците со право на глас.

Сите останати партии и коалиции учесничи на изборите уживаат поддршка на под три отсто од гласачите.

Доколку се остварат ваквите прогнози, коалицијата на Орбан ќе освои двотретинско мнозинство во Парламнетот, како и на изборите во 2010 година, што ќе му овозможи да врши промена на Уставот.