„Билд“: Меркел на гости кај Трамп на 27 април


Германската канцеларка Ангела Меркел планира да ги посети САД на 27 април и да оствари средба со претседателот Доналд Трамп, објави германски „Билд“.

Весникот нагласува дека неколку извори ја потврдиле посетата на канцеларката во САД во крајот на месецот.

Засега нема потврда од нејзниот Кабинет.