Tрамп: Убиството на Кашоги и обидите за негово прикривање се покажаа како целосен неуспех


САД– Саудиската операција во која бил убиен новинарот Џамал Кашоги е „едно од најлошите прикривања некогаш направени“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Во изјава за новинарите во Овалната соба, Трамп изрази очекување дека во блиска иднина ќе има комплетен извештај за убиството на Кашоги. – Тие имале многу лош основен концепт, и тој бил спроведен […]

(ВИДЕО) Отворен најдолгиот мост на море во светот – долг 55 километри


Кинескиот претседател Ши Ѓинпинг денес официјално го отвори најдолгиот морски мост на церемонијата во јужниот град Чухаи. Мегапроектот вреден 20 милијарди долари понатаму ја поврзува континенталната Кина со полуавтономните територии Хонгконг и Макао, со мост од 55 километри, кој се градеше речиси девет години. Тоа е клучен елемент на планот на Кина за Голема заливска […]

(ВИДЕО) Ердоган: Убиството на Кашоги беше планирано со денови


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги било планирано со денови. Тој пред пратениците во турскиот Парламент наведе дека видео снимките од безбедносните камери покажуваат дека Кашоги не ја напуштил зградата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул. Ердоган наведе и дека камерите во Конзулатот биле отстранети. […]

Пронајдени делови од телото на убиениот новинар Кашоги


Делови од телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата на Генерал конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, изјави лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек за турскиот портал “Хаберлер“. – Дознав од сигурни извори во безбедносната служба во Истанбул дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар, […]

Чавушоглу: Турција подготвена да соработува во истрагата за Кашоги во ОН


Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави за Анадолија дека „иако задоцнето, важно е прифаќањето на Саудиска Арабија дека новинарот Кашоги е убиен.“ -Турција е подготвена да соработува во евентуална истрага за случајот „Кашоги“ во ОН, во меѓународните судови или институции, изјави Чавушоглу. -Турција не сподели докази за случајот „Кашоги“ со ниту една земја, […]

Русија протестира поради легализацијата на марихуана во Канада


За Русија легализацијата на канабисот во Канада е „неприфатлива“ и „лицемерна“ одлука, која „сигурно ќе предизвика значително зголемување на прометот (на марихуана) кон другите земји“. – Оценуваме дека таквиот закон е во спротивност со меѓународната контрола на дрогата, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. Официјална Москва тврди дека Владата на канадскиот […]

Нови инсерти од Конзулатот: Саудијците палеле документи ден по убиството на Кашоги


Ден по смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги вработени во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул палеле документи, покажуваат најновите објавени инсерти на турската телевизија А Хабер. Инсертите се од непсоредна близина на Конзулатот и на нив се гледаат три млади лица како палат хартии во корпа за смет. Американската телевизија Си-Ен-Ен објави во понеделникот […]

Палмер денеска во посета на Косово


Косово– Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на Соединетите Американски Држави, Метју Палмер денеска ќе престојува во Косово, каде што ќе се сретне со највисоките државни раководители, јави дописникот на МИА од Приштина. Првично, Палмер претпладнево ќе биде примен од премиерот Рамуш Харадинај, а потоа ќе се сретне и со другите косовски лидери. Американскиот дипломат […]

Во ОН почна кампања за Меѓународна конвенција за безбедност на новинарите


САД– Меѓународната новинарска федерација (IFJ) почна во ОН кампања за сензибилизација за потребата од донесување „Меѓународна конвенција за безбедноста и независноста на новинари и други вработени во медиуми“, со желба да се стави крај на „неказнувањето напади врз новинари“. – На првата седница учествуваа 15-на држави меѓу кои Русија, Пакистан, Перу, Италија и Тунис, нагласи […]

Отворен мост од 55 км што ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина


Кина– Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска официјално го отвори најдолгиот мост во светот, колосален проект што ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина. Мостот е долг 55 килеометри, а трошоците за негова изградба беа околу 20 милијарди долари. Дел од таа сообраќајница оди низ тунел под морето, со што и на бродови им се […]

Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос во САД


САД– Експлозивна направа беше пронајдена вчера крај домот на милијардерот и филантроп Џорџ Сорос во округот Весчестер во државата Њујорк, објави Њујорк тајмс. Направата била поставена во поштенска кутија и полицијата превентивно го детонирала. Сорос не бил во домот за време на инцидентот. За случајот истрага води ФБИ од каде засега немаат коментар. Сорос обезбедил […]

Во Бугарија запленети 13 милиони во евра и долари лажни банкноти


Бугарија – Бугарските власти вчера запленија 11,5 милиони евра и два милиона долари фалсификувани банкноти, соопшти заменикот-главен обвинител на Бугарија Иван Гешев. Според него, банкнотите се пронајдени во „најголемата илегална печатница“„ во изминатите 11 години, која функционирала во подрум на хотелот „Кантилена“ во Сончев Брег. Фалсификуваните банкноти се пронајдени  во апоени од 500 и 100 евра и 50 американски долари. […]

Турција очекува САД да ги укинат санкциите по ослободувањето на Ендрју Брансон


Турција очекува САД да ги укинат наложените санкции по ослободувањето на американскиот пастор Ендрју Брансон, изјави денеска Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Односите меѓу Турција и САД се влошија по серијата несогласувања, вклучувајќи го и апсењето на Брансон, по што Вашингтон воведе санкции и царини на Турција. Американските мерки предизвикаа валутна […]

Ураганот „Виља“ се движи кон брегот на Мексико и достигна петта категорија


Новоформираниот ураган „Виља“, прерасна во „потенцијално катастрофална“ бура од петта категорија и се движи кон брегот на Мексико, јужно од Масатлан, соопшти американскиот Национален центар за урагани. „Виља“ со себе носи ветар со брзина од 260 км/час иако се претпоставува дека ќе ослабне пред утре да го погоди копното. Уранагот е на 215 км југозападно […]

Руската православна црква се надева на дијалог со Цариград за Украина


Руската православна црква (РПЦ) се надева дека Вселенската патријаршија во Цариград ќе ги сфати последиците од своите дела во Украина и оти ќе започне со дијалог, изјави портпаролот на РПЦ Алексанадар Волков. -Патот, кој го избра Цариград, може да има ужасни резултати по глобалното христијанство и по верниците во Украина. Меѓутоа, оваа ужасна ситуација може […]

Поради напливот на мигранти, Трамп ја укинува помошта за Гватемала, Хондурас и Салвадор


Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти денеска дека Вашингтон значително ја намалува помошта за три централноамерикански држави поради караванот мигранти кој се движи кон јужната граница на САД. „Гватемала, Хондурас и Салвадор не беа во состојба да ја завршат работата и да ги спречат луѓето да ја напуштат својата земја и да дојдат илегално во САД”, […]

(ВИДЕО) По убиството, саудиски агент се шетал низ Истанбул во облеката на Кашоги


По убиството на новинарот Џамал Кашоги, човек сличен на него излегол од конзулатот во истата облека што ја носел Кашоги. Ова било втора посета на новинарот на саудискиот конзулат. Тој при првата бил љубезно пречекан и му било ветено дека ќе ги добие потребните документи за венчавката на втората средба. Вториот пат, место Кашоги, од […]

Во Германија најмногу крадат теренски возила


Во Германија минатата година се украдени помалку автомобили од претходната, но штетата е поголема бидејќи главно се крадат луксузни автомобили, соопшти денеска Сојузот на германските осигурителни компании (ГДВ). -Бројот на украдени автомобили е 17.493, четири отсто помалку отколку 2016 година, но штетата порасна за осум проценти, така што за изминатата година изнесува 324 милиони евра, […]

Бившиот хрватски премиер Санадер доби 2,5 години затвор за воено профитерство


Хрватска– Поранешниот премиер на ХДЗ и претседател Иво Санадер е осуден на 2,5 години затвор за воено профитирање. Според судијата, Санадер ја искористил својата позиција и извршил дела на злоупотреба на службената положба и воено профитирање. Тој е осуден на две години и шест месеци затвор, а времето поминато во притвор ќе биде вклучено во […]

ЕК помага со седум милиони евра за борба против ебола во Конго


Белгија– Европската Комисија најави дека ќе распредели 7,3 милиони евра во Демократска Република Конго во рамки на борбата против вирусот ебола. Со овие дополнителни фондови, вкупниот износ на европски пари во оваа борба достигнува 12,8 милиони евра, јавија прес службите на Европската Комисија. Европскиот комесар за хуманитарни работи, Христос Стилијанидес, како што јави дописничката на […]