Лавров: Западот на груб начин ги вовлекува балканските земји во НАТО


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека Западот на груб начин ги турка земјите од Балканот да станат членки на НАТО, без да се осврне на народите во тие држави. – Западот продолжува со својата безобразна политика за вовлекување на овој регион во НАТО, притоа целосно игнорирајќи ги луѓето во овие земји, како […]

Приведени двајца поранешни соработници на Макрон


Суд во Париз им изрече мерка притвор на двајцата поранешни членови на Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, Александар Бенала и Винсент Крас, поради непочитување на судските правила. Бенала, кој беше задолжен за обезбедување на Макрон и неговата сопруга, и Крас беа принудени да ја напуштат Елисејската палата. откако француските медиуми објавија видео снимки на кои гледа […]

(ВИДЕО) Најинтелигентното дете на светот: Лаурент има само девет години, а веќе е студент


Лаурент Симонс има само девет години и веќе е студент. Тој завршил средно училиште за само една и пол година, а основно за две. Лаурент никому не кажува за тоа што подготвува за во иднината. Вели дека светот нема да го разбере и ќе му се смее. Како што би му се смееле кога би […]

Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Индонезија


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот на Молучките Острови, во источниот дел на Индонезија. Како што соопшти индонезиската Агенција за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ), епицентарот на потресот се наоѓал на 130 километри југозападно од молучкиот остров Тернате. Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални […]

Русија и Индија заедно работат на хиперсонична ракета


Во следните неколку години ќе биде лансирана хиперсоничната воздушна ракета Брамос-2, на која Русија и Индија работат заедно, објави „Независимаја газета“. Прототипот на ракетата Брамос-НГ беше презентиран на Аеро Индија 2019, од страна на руско-индиската компанија Брамос аероспејс. Според шефот на Одделението за информатички технологии во компанијата, Правин Патхак добро се одвива работата на хиперсоничниот […]

Спасени четворица од скијачите затрупани од лавина на швајцарските Алпи


Спасувачките екипи успеаја да спасат четворица од групата скијачи, кои вчера беа затрупани при одрон на лавина во близина на шварцарскиот скијачки центар Кран Монтана. Како што соопшти денеска полицијата на кантонот Вале, во кој се наоѓа ски-центарот, еден од спасените скијачи е во критична состојба, додека останатите тројца минале со полесни повреди. Лавината се одронила во […]

Трамп: Пјонгјанг не е под притисок за денуклеаризацијата


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака Северна Кореја да стави крај на својата нуклеарна програма, но додаде дека САД не вршат притисок врз Пјонгјанг за крајниот рок за спроведување на денуклеаризацијата. На прес-конференција во Белата куќа, Трамп нагласи дека санкциите кон Северна Кореја ќе останат во сила и покрај тоа што земјата во последно […]

Седум деца загинаа во пожар во Канада


Седум деца загинаа во пожар во куќа во Канада, соопшти канадската полиција. – Се претпоставува дека жртвите се мали деца од едно семејство. Мажот и жената остануваат во болница, се наведува во соопштението од полицијата. Телевизискиот канал Си-Би-Ес јави дека децата се членови на едно семејство и дека се сириски бегалци. Еден сосед изјавил дека слушнал […]

Четворица ранети со нож при напад во Марсеј, напаѓачот убиен


Маж вооружен со нож нападна четири лица на прометна улица во францускиот град Марсеј, по што полицијата го застрелал напаѓачот, нанесувајќи му сериозни повредим на кои подоцна им подлегнал во болница. Инцидентот се случи на улицата „Ром“, каде напаѓачот им нанел убоди со нож на четири лица. По ова тој се вдал во бегство следен […]

(ВИДЕО) Лавина затрупа скијачи во ски-центарот Кран Монтана


Неколку скијачи се затрупани во лавина во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, соопшти денеска полицијата. Полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа ски-центарот, на Твитер објави дека спасувачки екипи се на терен и дека неколку лица се затрупани. Локалните медиуми објавија дека во лавината се затрупани од десет до 12 лица, но и дека […]

Почина научникот што го популаризираше терминот „глобално затоплување“


Климатологот Волис Смит Брокер, познат како научникот кој го популаризираше терминот „глобално затоплување“, почина синоќа во болница во Њујорк на 87-годишна возраст, по неколку месечно боледување, објави „Вашингтон Пост“. Главен научен интерес на Брокер, беше улогата на океаните во промените на климата. Тој го популаризараше терминот „глобално затоплување“, кој во широка употреба се појави откако […]

Жолтите елеци блокираа неколку француски рафинерии


Жолтите елеци денеска ги блокираа влезовите и излезите на рафинериите во градовите Донгес, Мулхаус и во Лонгвиц. Во исто време демонстрантите го блокираа сообраќајот на неколку крстосници во Донгес, палеа гуми и побараа оставка од претседателот на Франција, Емануел Макрон Демонстрациите во Донгес беа поддржани и од поединечни вработени во рафинеријата, а полицијата употреби солзавец […]

Берни Сандерс влегува во претседателската трка во САД


Американскиот сенатор Берни Сандерс соопшти денеска дека ќе учествува во претседателската трка во САД. Во изјава за радио Вермонт, Сандерс истакна дека ќе бара поддршка од Демократската партија за претседателските избори во 2020 година. Сандерс (77) беше партиски кандидат на претходните избори, но изгуби од Хилари Клинтон, по што таа учествуваше во претседателската трка против […]

Лавров: САД создаваат квази-држава источно од Еуфрат


САД се обидуваат да создадат квази-држава на источниот брег на Еуфрат во Сирија и да ја поделат оваа арапска држава, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Ситуацијата во североисточна Сирија се појави како резултат на незаконското присуство на САД. Вашингтон ја искористи борбата против тероризмот како изговор и се здружија со […]

Дачиќ: Разграничувањето е наша идеја


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека разграничувањето претставува официјален предлог на Србија за решавање на косовското прашање во дијалогот со албанската страна, но дека сé уште не е утврдено каде би била линијата на разграничување. Како што пренесува ТВ Н1, Дачиќ им изјавил на новинарите во Белград дека идејата за разграничување […]

Почина кралот на модата Карл Лагерфелд


Познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд почина денеска во Франција на возраст од 85 години, објави „Фигаро“. „Дизајнерот, фотограф и стилист беше во особено лошо здравје во изминатите неколку недели“, пишува „Фигаро“. Карл Лагерфелд е роден во Хамбург во богато семејство на банкар. Во 1952 година се пресели во Париз, а во 1974 година ја основа […]

Германската железница лани на патниците им исплатила 53 милиони евра поради доцнења


Германската железница „Дојче бан“ (ДБ) минатата година вкупно им исплатила 53,6 милиони евра надомест на патниците поради доцнење на возовите. Ова е за една третина повеќе од пред две години, а причината е што секој четврти воз на меѓународната линија доцнел. Минатата година луѓето што се жалеле поради доцнењето добиле во просек по околу 20 […]

Водачот на протестите во Никарагва осуден на 216 години затвор


Медардо Маирена, водач на минатогодишните протести на земјоделците во Никарагва против претседателот Даниел Ортега е осуден на 216 години затвор. Тој во декември минатата година беше обвинет за тероризам, убиство и организиран криминал. Сите обвиненија ги негираше. Во минатогодишните протести против Ортега, загинаа повеќе од 320 лица откако приврзаниците на Владата и полицијата отворија оган […]

Јункер: Тешко замисливо е Велика Британија да учествува на изборите за ЕП


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер оцени дека не е исклучена можноста Велика Британија да го одложи датумот за излегување од Европска Унија. Тоа би значело дека таа земја може да учествува на изборите за Европски парламент на крајот на мај. Јункер во изјава за германскиот весник „Штутгартер цајтунг“ изјави дека таквото сценарио, сепак, е […]

Голем собир против антисемитизмот во Париз


Повеќе од 10 политички партии и организации повикаа на голем собир вечерва во Париз против антисемитизмот, а учество најавија неколку министри, како и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд. Иницијативата ја покрена Социјалистичката партија, а еден од претставниците на партијата, Оливиер Фауре го повика на собирот и актуелниот претседател на Франција, Емануел Макрон и претседателката на […]