Црната кутија од Боинг 737 открива: Пилотот пред несреќата панично го прелистувал прирачникот


RENTON, WA - JANUARY 29: A Boeing 737 MAX 8 airliner lifts off for its first flight on January 29, 2016 in Renton, State. The 737 MAX is the newest of Boeing's most popular airliner featuring more futel efficient engines and redesigned wings. (Photo by Stephen Brashear/Getty Images)

Податоците од црните кутии на Боинг 737 Макс 8 кој падна на 10 март во Адис Абеба, кога загинаа 157 лица, покажуваат јасни сличности со падот на авионот од ист тип на индонезиската компанија „Лајон ер“ во октомври минатата година, кога загинаа 189 патници и членови на екипажот, објави во неделата етиопската министерка за сообраќај.

„За време на истрагата на снимачот на параметри FDR (Flight Data Recorder) забележани се јасни сличности меѓу летовите 302 на „Етиопијан ерлајнс“ и летот 610 на „Лајон ер“, изјави министерката Дагмавит Могес на прес-конференцијата и прецизираше дека извештајот за падот на авионот во Етиопија ќе биде објавен за 30 дена.

Миниестерката не изнесе детали за кои сличности станува збор.

Аудиоснимките од црната кутија на Боинг 737 Макс 8 на индонезиската компанија „Лајон ер“, кој се сруши во октомври минатата година, би можеле да дадат попрецизен одговор на прашањето за сличностите меѓу несреќите на двата авиони, пишува „Скај њуз“.

Имено, пилотите на авионот Боинг 737 Макс 8 панично го проучувале прирачникот пред нивниот авион да се сруши. Снимките од пилотската кабина на авионот на „Лајон ер“ укажуваат на тоа дека пилотите грчевито се бореле да сфатат зошто носот на авионот се спушта надолу.

Две минути откако авионот полетал копилотот ја известил контролата на летање за „проблеми при управувањето со авионот“. Капетанот потоа го заполил копилотот да истражи во прирачникот за проблемот кој се укажувал на контролната плоча. Имено, сензорите во текот на последните девет минути од летот покажувале дека авионот ја губи стабилноста и поради тоа авионот се навалувал надолу.

Иако капетанот се борел со тоа да го крене авионот, сензорите и понатаму погрешно го толкувале губењето на стабилност и поради тоа не можел да го исправи авионот.

Истражувачите сега проучуваат зошто компјутерскиот систем на темел на погрешно читање на сензорите му наредил на авионот нагло да се насочи надолу и дали пилотите биле адекватно истренирани да се носат со таа ситуација.

Само еден ден претходно, ден пред трагичната несреќа во октомври минатата година, на истиот авион биле приметени технички проблеми, пишува Си-ен-ен.

Пилотот кој тогаш не бил на должност, дошол во помош на колегите во пилотската кабина со цел со заеднички напори да успеат да ја запрат работата на неисправниот дел од системот. Успеале да го решат проблемот и авионот, по техничкиот преглед, добил дозвола за понатамошен лет.

Следниот ден авионот се сруши набрзо по полетувањето, при што животот го загубија 189 лица.

Имено, софтверот на Боинг 737 Макс 8, кој се нарекува Maneuvering Characteristics Augmentation System (МЦАС), автоматски го спушта носот на авионот кога ќе прочита дека авионот лета премногу бавно, стрмно или кога се заканува опасност од губење на стабилност и насока.