Боинг ќе исплати 100 милиони долари отштета на семејствата на жртвите во авионските несреќи


Американската компанија Боинг ќе исплати 100 милиони отштета на семејствата на жртвите во двете фатални несреќи на авионите 737 Макс. Компанијата соопшти дека тие средства ќе бидат наменети и за поддршка на економскиот развој во заедниците на кои влијаеле несреќите во кои загинаа речиси 350 лица. – Изразуваме длабоко сочуство за семејствата кои ги изгубија […]

Путин: Неприфаќање на мултиполарниот свет е причина за судири


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неподготвеноста на некои земји да прифатат мултиполарен свет доведува до судири. – Очигледно е дека светот се трансформира во мултиполарен. Во исто време, упорната неподготвеност на некои земји да ја прифатат оваа нова реалност доведува до судири, рече Путин на пленарен состанок на меѓународен форум за развој на […]

Шарец: Словенија го бара местото еврокомесар за проширување


Словенија е заинтересирана за местото европски комесар за проширување во идниот состав на Европската комисија, изјави денеска премиерот на таа земја Марјан Шарец. – Еден од ресорите кои не интересираат е оној за проширување. Повеќепати нагласивме дека го познаваме Западен Балкан и дека тука можеме да дадеме придонес, истакна Шарец. Тој истакна дека Словенија може […]

Давид Сасоли избран за претседател на Европскиот парламент


Белгија – Италијанскиот социјалист Дaвид-Марија Сасоли денеска е избран за претседател на Европскиот парламент. Сасоли (63) беше избран во вториот круг од гласањето. Мандатот на претседателот на ЕП е две и пол години. Сасоли е поранешен новинар по потекло од Фиренца и пратеник во Европскиот парламент веќе една деценија.

Кои се новите луѓе на чело на институциите на ЕУ


По тридневни маратонски и на моменти тензични преговори, шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ, синоќа ги избраа новите први луѓе на водечките институции на Унијата. Иако пред Самитот не беше споменувана како можен кандидат за некоја од европските водечки институции, германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен на крајот беше […]

ЕП не избра претседател на првото гласање, води Италијанецот Сасоли


Европскиот Парламент, со првото гласање, не успеа да го избере новиот претседател на институцијата. Засега води Италијанецот Дејвид Сасоли од Групата на социјалистите и демократите. – На гласањето учествуваа 735 европратеници, а беше потребно мнозинство од 332 гласови, прецизира претседавачот Антонио Тајани. Тој го најави почетокот на второто гласање. Во првиот круг Сасоли доби 325 гласа. […]

(ВИДЕО) Снимен обидот за атентат на руски бизнисмен


Минатата недела бизнисменот од Москва, Дмитриј Арчипенко, го преживеа вториот обид за атентат во својот живот. На снимката се гледа 23-годишниот бизнисмен со својата жена како го напушта автомобилот и оди кон влезот на зградата. Тројца мажи почнаа да пукаат од блискиот автомобил. Жртвата се обиде да ги избегне криминалците. Тие го бркаа, но за […]

Синот на принцот престолонаследник на ОАЕ пронајден мртов во Британија


Синот на принцот престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати беше пронајден мртов во својот дом во Велика Британија, објавија британските медиуми. Калид ал Касими, кој е основач на модна марка и кој изложуваше свои колекции во Лондон и Париз, е опишан како „голем филозоф“ на инстаграм-профилот на својот бренд. Синот на емирот Шаријах беше пронајден мртов […]

Мексико иницираше програма за репатријација на централноамериканските мигранти


Мексиканската Влада започна со спроведување на програма за враќање на мигрантите од централноамериканските земји кои се наоѓаат на територијата на Мексико во нивните матични држави. Мексиканскиот Национален институт за миграција (ИНМ) соопшти дека првата група мигранти опфатени со програмата за репатријација, со автобус тргнале од градот Хуарез во сојузната држава Чихуанга, што се наоѓа на […]

Париз ги исфрли електричните тротинети од тротоарите


Париз – Ако поминувате време во Париз ова лето и одлучете да изнајмите еден од 20.000-те електрични скутери кои зујат по должината на булеварите, можеби ќе сакате да бидете внимателни како возите и каде ќе завршите со паркирањето. Во текот на изминатата година градот стана преплавен со овие електрични тротинети, а 12 стартап-компании нудат шанса […]

Почина и бебето на трудницата избодена во Лондон


  Новороденото момче, на трудницата која до смрт беше избодена во куќа во Лондон, почина денеска во болница, јави BBC. Неговата мајка, Кели Мери Фоврел, во поодмината фаза на бременоста, беше избодена со ноќ во саботата, по што почина веднаш. Нејзиното бебе на свет дојде благодарение на напорите на итната медицинска помош која дошла во […]

Мадуро понуди преговори со опозицијата, Гуаидо не преговара со диктатори


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека е подготвен да преговара со опозицијата за излез од политичката криза. Меѓутоа, неколку часа подоцна, лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, одговори дека „нема да преговара со диктатура“. Мадуро и Гуадо испратија своите претставници во Осло во мај на разговори под покривителство на Владата на Норвешка. Сепак, тие не успеаја […]

Четворица кандидати за претседател на Европскиот парламент


Четворица европратеници поднесоа кандидатура за претседател на Европскиот парламент. Кандидати се Ска Келер (Германија  зелени и европска слободна алијанса), Давид Мариа Сасоли ( Италија, социјачисти),Сира Рего,(Шпанија, обединета левица) и Јан Захрадил (Чешка,европски  конзервативци). Гласањето  е тајно и за да биде избран за претседател на кандидатот му се потребни 50 oтсто од гласови плус 1 глас.

Арктичка лисица поминала 3.500 километри од Норвешка до Канада за 76 дена


Животното познато како крајбрежна или сина лисица беше опремено со уред за следење во јули 2017 година. Тоа го напуштило Шпицберген на архипелагот Свалбард во Норвешка на 26 март 2018 година. По 21 ден и 1.512 км на морскиот мраз, стапнало на Гренланд на 16 април 2018 година. Неговото патување продолжило на островот Елсмере во […]

Евакуација на 800 илјади жители од јапонскиот остров Кјушу поради лизгање земјиште


Јапонските власти наредија итна евакуација на речиси 800 илјади жители на јужниот остров Кјушу поради ризик од лизгање земјиште и други опасни последици од поројните дождови. Во некои делови од островот од петокот досега наврнале до 1000 мм дожд, а метеоролозите очекуваат до утре уште најмалку 350 мм дожд. Поради лизгање на земјиште во градот […]

Која е Урсула ван дер Лејен што треба да го наследи Јункер на чело на ЕК?


Германската демохристијанка  Урсула ван дер Лејен, која е предлог на  Европскиот совет за функцијата претседател на Европската Комисија, е политичар со богато искуство на чело на неколку германски министерства. Урсула Гертруд ван дер Лејен, доаѓа на чело на Европската комисија, а всушност се враќа во родниот град. Таа е родена во 1958 година во Брисел, […]

Франција забранува тепање деца


Франција, 40 години по Шведска, донесе закон со кој се забранува телесно казнување деца за воспитни цели. Законот ќе влезе во граѓанскиот законик и дел од законот ќе се чита во тек на склучување на брак. Законот предвидува дека родителскиот авторитет не смее да се практикува со физичко или психичко насилство. Законот останува симболичен, бидејќи […]

Макрон: Европа не треба да се плаши од Брегзит без договор


Франција – Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека Европа не треба да стравува од Брегзит без зделка, но предупреди дека ако новата влада на Велика Британија побара продолжување на рокот по 31 октомври таа треба да достави нови аргументи за да ги оправда. – Сметам дека не би требало да стравуваме од најлошото и сценарио […]

Невреме во Хрватска, во Загреб ветерот корнел кровови


Хрватска попладнево ја зафати невреме кое дошло од Словенија, јавуваат локалните медиуми. Кај Карловац врнел заледен дожд, во Самобор паѓал град, а силниот ветар во Загреб корнел кровови од куќи. Во еден дел на Загреб ветерот искорнал дел од кров на станбена зграда.

Телото на Исмаили пронајдено на дното на езерото Комо


Трагична вест дојде од Италија, од каде потврдија дека телото на фудбалерката на Јанг Бојс и швајцарскиот национален тим, Флоријана Исмаили, било пронајдено во езерото Комо. Како што е познато, таа и нејзина пријателка изнајмиле брод со кој пловеле, а во еден момент Исмаили решила да се нурне во езерото, но сепак не се вратила […]