(ВИДЕО) Аеродромот во Хонг Конг повторно затворен, а Кина изведува воена вежба во близина на границата

Втор ден летовите од аеродромот во Хонг Конг се во прекин поради протестите откако демонстрантите ги зазедоа сите терминали, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како оклопни транспортери на Народната полиција одржуваат вежби во Шенжен.

Официјален Пекинг соопшти дела војската и единици на разузнавачките служби почнаа голема воена вежба, која не е поврзана со протестите, а се одржува во Шенжен, оддалечен 25 километри од Хонг Конг.

Претходно официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина „Пипл дејли“ објави дека Народната вооружена полиција во Шенжен е подготвена да спречи „немири, вознемирување, големо насилство и злосторство и прашања на социјално обезбедување поврзано со тероризмот“.

Додека кинеското издание на „Глобал тајмс“ утрово објави дека „доколку демонстрантите во Хонг Конг не можат да го прочитаат сигналот за вооружената полиција која е во Шенжен, тогаш тие бараат самоуништување“.